Регион
Хакери ја нападнаа интернет-наставата во Хрватска
Интернет-наставата, која почна утрово во Хрватска, кога училиштата беа затворени поради коорнавирусот, се соочи со проблеми како резултат на хакерски напади, соопшти Хрватската академска и истражувачка мрежа („Карнет“).
Министерката за наука и образование, Блаженка Дивјак, вели дека почетокот на интернет-наставата во Хрватска е обележан со хакерски напад врз сервисите „Карнет“ и „Срце“, што предизвика проблеми во системот за виртуелна настава на далечина.
Таа рече дека хакерскиот напад почнал во петокот и дека ситуацијата кулминирала утрово, објави весникот „Јутарњи лист“ од Загреб.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Регион
Бугарија до своите граѓани: Веднаш напуштете го Иран
Бугарија денеска ги повика своите граѓани веднаш да го напуштат Иран поради ескалацијата на тензиите на Блискиот Исток, јавува „Анадолија“.
На Бугарите им се препорачува строго да ги следат безбедносните упатства на локалните власти, да бидат информирани за ситуацијата и да избегнуваат посета на воени локации и масовни собири“, се вели во соопштението на бугарското МНР.
Се препорачува бугарските државјани во Иран веднаш да стапат во контакт со бугарската амбасада во Техеран за да дадат детали за своето место на живеење и планираното времетраење на престојот или со јавување во Амбасадата или преку е-пошта до Генералниот конзулат во Техеран.
Регион
Земјотрес во БиХ
Земјотрес со јачина од 2,9 степени ја погоди денеска Босна и Херцеговина.
Епицентарот бил во близина на Мостар.
Засега не се знае дали е причинета материјална штета.
Регион
Пумпата за базен го повлекла момчето на дното: детали за трагедијата на Златибор
Момче (6) од Белград вчера се удавило во базен на познат хотел на Златибор, а според неофицијални информации, смртта ја предизвикала пумпата од базенот. Кога момчето нурнало, наводно пумпата го повлекла на дното.
Очевидците на оваа трагедија со сите сили се обиделе да го извлечат детето, но не успеале поради вакуумот, а момчето починало.
По наредба на Основното јавно обвинителство во Ужице, на телото на момчето е наредена обдукција.
Полицијата го уапсила сопственикот на фирмата за одржување на базените. На осомничениот му е одреден притвор до 48 часа. Тој беше обвинет за тешко дело против општата безбедност.
Повреденото момче било придружувано од жена за која постои сомневање дека е баба му, пишува „Блиц.рс“.
Екипата на „Блиц“ стапила во контакт со хотелот во кој се случила трагедијата, но од вработените велат дека не сакаат да даваат изјави за медиумите.