Свет
Хакирана страницата на Руската федерална служба што го уапси Навални

Хакери ја нападнаа официјалната веб-страница на Руската федерална служба за извршување затворски санкции (ФЦИЗС). Членовите на оваа служба синоќа го уапсија лидерот на опозицијата Алексеј Навални на московскиот аеродром „Шереметјево“.
„Веб-страницата е под постојани хакерски напади веќе два часа. Експертите работат на нејзинио подигнување“, цитира ТАСС извор близок на федералната служба, кој рече дека сè уште не е познато од каде се извршуваат нападите на официјалната веб-страница. Службата за односи со јавност на ФЦИЗС претходно објави дека опозиционерот Навални е задржан на пасошка контрола веднаш по вечерашното враќање од Берлин на аеродромот во Москва.
Според очевидци, Навални бил приведен кога пред контролниот влез во Русија ѝ го покажал својот пасош на полицијата за време на контролата, а на неговата сопруга Јулија, неговиот портпарол и на адвокатот им било дозволено да влезат во Русија.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Европа
Истражување: Британскиот сој на вирусот за 64 отсто ги зголемува шансите заразените да завршат во болница

Луѓето инфицирани со позаразната варијанта на коронавирусот, која за прв пат беше откриена во Велика Британија, имаат поголем ризик од хоспитализација, покажа студија на данскиот институт Серум.
Од 2.155 лица заразени со варијантата Б117, 128 се хоспитализирани, што е за 64 проценти повеќе од заразените со другите варијанти, се вели во студијата.
Резултатот од данската студија е сличен на истражувањето спроведено на почетокот на овој месец во Велика Британија, додава институтот во соопштението.
Варијантата Б117 стана доминантна во Данска минатата недела и претставува скоро две третини од сите нови инфекции во земјата, додека на почетокот од годината оваа мутација на вирусот претставуваше само 5 проценти од сите случаи.
Свет
Американка на шопинг потрошила државна помош oд 150.000 долари наменета за компании

Американка од Северна Каролина, која наводно фалсификувала документи со цел да добие државна помош од 150.000 долари наменета за компании, е обвинета дека ги потрошила сите пари за купување брендирани производи од компании како „Нејман Маркус“, „Луј Витон“, „Нордстром“, а направила обиколки и во продавниците за дијаманти, соопшти Обвинителството од оваа американска држава.
Јасмин Клифтон (24) поднела барање за економска помош поради пандемијата наведувајќи дека нејзиниот онлајн-бизнис за продажба на облека е уништен поради рестриктивните мерки, иако таа всушност ја затворила продавницата една година порано, објавија американските медиуми.
Прес-службата на Западниот округ на Северна Каролина наведува дека Клифтон презентирала документи оти нејзината компанија заработува 350.000 долари годишно иако документите покажале оти продавницата е затворена во септември 2019 година.
Освен облека, обувки и дијаманти, жената трошела пари и во ИКЕА, „Бест бај“ и „Румс ту го“, додава Обвинителството.
Таа се товари за измама и искористување на условите при голема катастрофа, а во судницата се појавила во понеделникот и била ослободена со кауција од 25.000 долари, објави АП.
Жената се соочува со казна затвор од 30 години, а би можела да плати и глоба од 1,25 милиона долари.
Свет
Ромни: Републиканците ќе го поддржат Трамп ако повторно се кандидира за претседател

Републиканскиот сенатор Мит Ромни верува дека поранешниот американски претседател, Доналд Трамп, лесно ќе ја oсвои номинацијата на Републиканската партија за претседател на САД доколку повторно се кандидира за влез во Белата куќа во 2024 година.
Во онлајн-интервју за „Њујорк тајмс“, Ромни рече дека е убеден оти Трамп ќе има улога во Републиканската партија во наредните години и додаде дека поранешниот претседател на САД има убедливо најсилен глас и одлично влијание во партијата.
„Не знам дали ќе се кандидира во 2024 година или не. Но, ако се кандидира, јас сум прилично сигурен дека ќе добие номинација“, рече Ромни.
Тој истакна дека многу може да се случи до 2024 година, но посочи дека анкетите на јавното мислење покажуваат оти републиканските гласачи сепак претежно го фаворизираат поранешниот претседател, пренесува „Политико“.
- Книги2 месеци
Македонски лекар ја објави последната исповед на Јосип Броз Тито
- Македонија3 месеци
МЖСПП: Мечкиното грозје важен ресурс, кој треба грижливо да го собираме
- Црна хроника3 месеци
Млада девојка од Штип пронајдена мртва во нејзиниот дом
- Македонија3 месеци
(Видео) Отстранети два нелегално изградени објекта во општина Центар
- Македонија2 месеци
Возачот на „бентлито“ што „влета“ на плоштад казнет со 45 евра, објавена фотографија од записникот
- Регион2 месеци
(Видео) Прекината прес-конференција на градоначалникот на Бања Лука: „Луѓе ова е сериозен земјотрес“
- Регион2 месеци
(Видео) Снимен моментот на потресот во Петриња – луѓе не можат да се задржат на земјата
- Свет4 недели
Поради примање мито во Кина погубен поранешен државен функционер