Свет
Хамас ги критикува ОАЕ за увозот на стоки од израелските населби

Палестинската група Хамас во неделата ги осуди Обединетите Арапски Емирати (ОАЕ) за увоз на стоки од израелските населби на окупираниот Западен Брег, пренесува „Анадолија“.
Во изјавата, портпаролот на Хамас, Хазем Касем, рече дека овој потег е еднаков на поттикнување на изградбата на ционистички населби на окупираните палестински територии. Касем рече дека трговскиот договор ОАЕ и Израел ја поттикнува политиката на раселување што ја практикува ционистичкото десно крило .
Израелскиот „Канал 7“ претходно соопшти дека првата комерцијална пратка производи од израелските населби до ОАЕ почна во неделата. Засега нема коментар од властите на ОАЕ за извештајот.
ОАЕ и Израел во септември потпишаа договор спонзориран од САД за нормализирање на нивните односи, потег што го следеа Бахреин и Судан и неодамна Мароко. Договорите за нормализација наидоа на масовна осуда од Палестинците, кои велат дека договорите ги игнорираат нивните права и не им служат на палестинската кауза.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Свет
(Видео) Најмалку 75 загинати во судир на банди во три затвори во Еквадор

Најмалку 75 лица се убиени во неколку немири во еквадорските затвори, соопштија властите, пренесува „Раша тудеј“.
Се верува дека зад насилството стојат банди кои се борат за превласт по неодамнешната смрт на еден од водачите.
Бунтовите избувнаа буквално во исто време во три големи затвори во различни делови на земјата.
Затворската служба на Еквадор, СНАИ, првично соопшти дека биле убиени 62 лица, но бројот на загинати подоцна се искачи на 75 лица.
#Ecuador: Riot at the Cárcel Regional Zonal 8 prison, in #Guayaquil today.
According to preliminary information, there were shots and people were injured.
Via @tomebamba pic.twitter.com/dot5EGmALd
— xinirim (@PersonalEscrito) February 23, 2021
Директорот на службата, Едмундо Монкајо, изјави дека немирите се резултат на војна меѓу моќните банди. Водачот на еден од нив, „Лос Чонерос“, беше убиен во декември, кратко време откако беше пуштен на условна слобода, што доведе до внатрешни конфликти и борба за превласт.
#Ecuador: Riot at the Cárcel Regional Zonal 8 prison, in #Guayaquil today.
According to preliminary information, there were shots and people were injured.
Via @tomebamba pic.twitter.com/dot5EGmALd
— xinirim (@PersonalEscrito) February 23, 2021
Полицијата добила пријава дека затворениците во затворот во пристанишниот град Гвајакил шверцувале оружје што планирале да го искористат за да ги убијат водачите на групата „Лос Чонерос“.
Утринскиот претрес во затворот предизвика немири, кога беа убиени 21 лице.
Немири беа пријавени и во затворите во градовите Куенка и Латакунга, во кои беа убиени 41 лице.
Властите веруваат дека насилството го организирале ривалите на групата „Лос Чонерос“ во пресрет на планираните атентати, пренесува РТ.
Европа
Словенечки лекар примил две дози вакцина и пак се заразил

Лекар во Словенија, вработен во Клиничкиот центар во Марибор, повторно се заразил со коронавирус откако претходно бил вакциниран со две дози на вакцина, потврдија во втората по големина болница во Словенија.
Според медицинските власти во оваа земја, реинфекцијата е можна бидејќи ниту една вакцина не е стопроцентно ефикасна и откако ја потврдиле инфекцијата со ПЦР-тест, тие го следеле пропишаниот протокол и ги информирале епидемиолозите.
Лекарот, како што информираат медицинските служби, неодамна се вратил од Африка, па се претпоставува дека тој можеби бил заразен со јужноафриканскиот вид на вирус, што сè уште не е докажано.
Како што изјави микробиологот Цаја Шохар Шетник од Националната лабораторија за здравје, животна средина и храна, за состојбата на епидемијата со Ковид-19 на микробиолозите им треба најмалку една недела за да го следат геномот на вирусот и да ги потврдат видовите.
Анализата за можното присуство на нови соеви, се прави со издвојување на десет проценти од позитивни примероци од ПЦР-тестирањата. Досега се пронајдени и потврдени вкупно 35 случаи на британскиот вид, а ниту еден случај од јужноафриканскиот или бразилскиот вид на коронавирус па поради тоа се претпоставува дека новите видови коронавирус во Словенија не се многу проширени.
Епидемиолозите предупредија дека состојбата со нови случаи со Ковид-19 стагнира, а со тоа се намалува и бројот на смртни случаи додека пак состојбата во болниците се подобрува.
Словенечкиот премиер Јанез Јанша вчера пред парламентот изјави дека Словенија и Европа може да бидат погодени од третиот бран на епидемијата од Ковид-19 поради новите соеви на коронавирусот и дека тоа е сосема реално.
Свет
„Ковакс“ ги испрати првите дози на вакцини

Во првата испорака, меѓународниот механизам за обезбедување вакцини „Ковакс“ испорача 600 илјади дози вакцини на компанијата „Астразенка“ во Гана.
Прогнозата на „индикациите за дистрибуција“ на Ковакс за првиот и вториот квартал на 2021 година вклучува над 130 земји во кои треба да се испорачаат 1,2 милиони вакцини на „Фајзер и Бионтек“ и над 350 милиони дози вакцини на „Астразенека“.
Преку Ковакс-системот Македонија треба да добие 103.000 вакцини од „Астразенека“. Во првата половина на 2021 година, Србија треба да добие 345.600 дози од вакцината на „Астразенека“ од програмата „Ковакс“. По Србија, најголем број вакцини на „Астразенека“ треба да се дадат на БиХ (153.600 плус 23.400 дози на „Фајзер“), Албанија (141.600), Косово (100.800) и Црна Гора (84.000).
- Книги2 месеци
Македонски лекар ја објави последната исповед на Јосип Броз Тито
- Македонија3 месеци
МЖСПП: Мечкиното грозје важен ресурс, кој треба грижливо да го собираме
- Црна хроника3 месеци
Млада девојка од Штип пронајдена мртва во нејзиниот дом
- Македонија3 месеци
(Видео) Отстранети два нелегално изградени објекта во општина Центар
- Македонија2 месеци
Возачот на „бентлито“ што „влета“ на плоштад казнет со 45 евра, објавена фотографија од записникот
- Регион2 месеци
(Видео) Прекината прес-конференција на градоначалникот на Бања Лука: „Луѓе ова е сериозен земјотрес“
- Регион2 месеци
(Видео) Снимен моментот на потресот во Петриња – луѓе не можат да се задржат на земјата
- Свет4 недели
Поради примање мито во Кина погубен поранешен државен функционер