Свет
Хамас нападна израелска хемиска фабрика со дрон камиказа
Вооруженото крило на Хамас тврди дека извршиле напад со беспилотно летало врз израелска хемиска фабрика во близина на Појасот Газа.
Red Alert [14/05/2021]: 09:36: Nir Oz, Nirim, Ein HaShlosha 09:37: Magen, Ein HaBsor Sent via @CumtaAlertsEng pic.twitter.com/bvYBneZV7L
via @CumtaAlertsEng
— CIDI (@CIDI_nieuws) May 14, 2021
Претходно, израелските одбранбени сили објавија дека од Појасот Газа кон Израел биле истрелани вкупно 1.800 ракети, а 430 паднале во палестинската енклава.
Военото крило на Хамас, бригадата Ал-Касам, тврди дека со дронот самоубиец „шехаб“ ја гаѓале хемиската фабрика во Нир Оз, израелски град во близина на Газа.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Свет
Властите во Абу Даби наредија да се продолжи престојот на гостите, трошоците ги сноси државата
Министерството за култура и туризам им наложи на хотелите во Абу Даби да го продолжат престојот на гостите, бидејќи многу од оние што го завршуваат својот престој не се во можност да патуваат во сегашните околности.
Во писмото се наведува дека трошоците ќе бидат покриени од Министерството.
Фото: depositphotos
Свет
ЕУ гледа отворен пат кон поинаков Иран по смртта на врховниот лидер
Високата претставничка на Европската Унија за надворешна политика, Каја Калас, изјави дека смртта на иранскиот врховен лидер ајатолахот Али Хамнеи претставува момент на пресврт во историјата на Иран.
„Она што следува е неизвесно. Но сега постои отворен пат кон поинаков Иран, во кој неговите граѓани би можеле да имаат поголема слобода да го обликуваат“, напиша Калас на платформата Икс.
„Во контакт сум со партнерите, вклучително и со оние во регионот кои го носат најголемиот товар од иранските воени дејствија, со цел да пронајдеме конкретни чекори за деескалација“, додаде таа.
Фото: Depositphotos
Свет
Иранскиот претседател: Одмаздата е наше легитимно право по убиството на Хамнеи
Иранскиот претседател Масуд Пезешкијан во ново соопштение порача дека одмаздата по убиството на врховниот лидер е легитимно право и должност на Иран.
„Исламската Република Иран ја смета одмаздата врз извршителите и наредбодавците на овој злостор како своја легитимна должност и право и ќе ја исполни таа голема одговорност со сета своја сила“, се наведува во соопштението.
Пезешкијан смртта на врховниот лидер ја опиша како најголемата неволја на денешниот исламски свет. Тој владеењето на Хамнеи го оцени како „големо и божествено водство“ кое, според него, му донело „чест и достоинство“ на иранскиот народ.

