Свет
Хасан Рухани: САД го живеат најлошиот период во својата историја
САД минуваат низ еден од најлошите периоди во својата историја, изјави за иранската новинска агенција „Фарс“ претседателот на земјата, Хасан Рохани, пренесува „Спутник“
„Денес има малку истражувачи, интелектуалци и експерти во САД што ги делат истите мислења како оние во Белата куќа, а некои од нив дури и експлицитно ги нарекуваат американските политичари идиоти. Ова ретко се случува во историјата на САД“, изјави Рохани.
Тој се осврна и на силните сојузници на Вашингтон и на традиционалните партнери што сега гордо се дистанцираат од САД.
„САД денес се наоѓаат во најлоша ситуација на глобално ниво, па дури и меѓународните организации, како УНЕСКО, ОН, Меѓународната агенција за атомска енергија и Меѓународниот кривичен суд, не ја одобруваат американската политика“, истакна Рухани.
Зборувајќи за зголемениот притисок од Белата куќа врз Техеран по повлекувањето на Вашингтон од нуклеарната спогодба од 2015 година, Рухани истакна дека Техеран во моментот се соочува со несакана економска војна и контактира со оние што претпочитаат да ги игнорираат меѓународните норми.
На крајот од минатиот месец Рухани вети дека Техеран ќе ги надмине економските предизвици и ќе им покаже на антииранските функционери во Белата куќа дека политиката на санкции на Вашингтон на крајот ќе пропадне. Иранскиот претседател истакна дека САД се повеќе изолирани од кога било претходно поради санкциите додавајќи дека нелегалните активности на Америка ја изолираа меѓу сојузниците.
На 8 мај американскиот претседател Доналд Трамп ја објави одлуката да ја напушти нуклеарниот договор со Иран и повторно да ги наметне санкциите против Техеран и секоја држава или компанија што работи со Исламската Република. Првата фаза од економските ограничувања, која вклучува забрана за купување американска валута, тргување со злато и други благородни метали, како и купување алуминиум и челик за индустриски цели, стапи во сила на 5 август. Вториот дел, кој вклучува санкции за иранската пристаништа, енергетскиот сектор и странските трансакции, треба да се воведе на почетокот на ноември.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Свет
(Видео) Рубио: Нема повредени во иранскиот напад со дрон врз конзулатот во Дубаи
Американскиот државен секретар Марко Рубио изјави дека сите вработени се безбедни по иранскиот напад со дрон врз комплексот на американскиот конзулат во Дубаи.
Според него, дронот погодил паркинг покрај зградата на конзулатот, а голем број вработени го напуштиле објектот пред почетокот на американско-израелската акција против Иран, пренесе Си-Ен-Ен.
Just got a new angle of the Burjuman Dubai US Embassy Explosion pic.twitter.com/0WM65HOGW2
— Deon Menezes (@DeonMen) March 3, 2026
Претставник на Обединетите Арапски Емирати изјавил дека конзулатот бил затворен во моментот на нападот.
Во безбедносно предупредување е наведено дека Амбасадата на САД во Абу Даби и Конзулатот во Дубаи ги откажале сите термини за визи, услуги за американски државјани и нотарски услуги најмалку до 4 март.
На американскиот персонал во Обединетите Арапски Емирати му било наредено да остане на безбедно и да не доаѓа во дипломатските претставништва.
Канцеларијата за медиуми на Дубаи соопшти дека пожарот предизвикан од инцидентот со дронот е изгаснат и дека нема повредени. Видео снимки на Си-Ен-Ен покажуваат густ црн чад кој се издига над зградата на конзулатот.
Свет
Ирак: Соборен дрон кај меѓународниот аеродром во Багдад
Ирачките власти соопштија дека дрон бил соборен во близина на меѓународниот аеродром во Багдад, без жртви или материјална штета, јави Анадолу.
Во соопштение пренесено од Ирачката новинска агенција (ИНА) се наведува дека леталото било пресретнато на надворешниот периметар на аеродромот.
Генерал-потполковник Саад Маан изјавил дека станува збор за мало беспилотно летело и потврдил дека нема човечки или материјални загуби.
Овој развој на настаните доаѓа откако претходно во Ербил, на северот на Ирак, се слушнале експлозии по напад со дрон насочен кон американскиот конзулат и градскиот аеродром, каде биле активирани системите за противвоздушна одбрана. Дроновите биле пресретнати, но нема потврда за нивниот точен број.
Свет
(Видео) Нови снимки од Бејрут: Хотел тешко оштетен во израелски напад
Нови снимки од либанската престолнина Бејрут покажуваат сериозни оштетувања на хотел во населбата Хазмие, источно од центарот на градот, додека израелските напади продолжуваат.
На снимките се гледа тешко оштетена фасада на хотелската зграда по нападот.
Hazmieh now pic.twitter.com/Q1lN9MoKlC
— Pheebs (@galpalpheebs) March 4, 2026
Фото: ЕПА

