Свет
Хезболах тврди дека соборил израелски дрон во јужен Либан

Либанското шиитско движење Хезболах во понеделникот соопшти дека уништило беспилотно летало што им припаѓало на израелските вооружени сили во Блида, во јужното подрачје на земјата, пренесува „Спутник“.
„Утрово, Исламскиот отпор (военото крило на Хезболах) погоди дрон што му припаѓа на непријателски Израел, а кој го наруши воздушниот простор на Либан во близина на населбата Блида на југот на земјата“, се вели во соопштението на Хезболах.
Претходно истиот ден, Израелските одбранбени сили (ИДФ) известија дека израелско беспилотно летало е соборено над јужен Либан.
„Неодамна беспилотно летало на ИДФ падна на либанска територија за време на воената операција на армијата на либанската граница. Нема ризик од истекување разузнавачки информации“, објави ИДФ на „Твитер“.
Традиционално напнатите односи меѓу Израел и Либан се влошија во 2020 година по наводниот напад на израелски беспилотни летала врз Канцеларијата за медиуми на Хезболах во Бејрут. Израел повеќепати ги премина границите на Либан за да го искористи воздушниот простор на земјата и да изврши напади во Сирија врз наводни бази на Хезболах.
Либан, од своја страна, исто така испраќа беспилотни летала во израелскиот воздушен простор. Минатиот месец ИДФ соопшти дека собориле дрон што ја преминал границата од Либан.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Свет
Американка на шопинг потрошила државна помош oд 150.000 долари наменета за компании

Американка од Северна Каролина, која наводно фалсификувала документи со цел да добие државна помош од 150.000 долари наменета за компании, е обвинета дека ги потрошила сите пари за купување брендирани производи од компании како „Нејман Маркус“, „Луј Витон“, „Нордстром“, а направила обиколки и во продавниците за дијаманти, соопшти Обвинителството од оваа американска држава.
Јасмин Клифтон (24) поднела барање за економска помош поради пандемијата наведувајќи дека нејзиниот онлајн-бизнис за продажба на облека е уништен поради рестриктивните мерки, иако таа всушност ја затворила продавницата една година порано, објавија американските медиуми.
Прес-службата на Западниот округ на Северна Каролина наведува дека Клифтон презентирала документи оти нејзината компанија заработува 350.000 долари годишно иако документите покажале оти продавницата е затворена во септември 2019 година.
Освен облека, обувки и дијаманти, жената трошела пари и во ИКЕА, „Бест бај“ и „Румс ту го“, додава Обвинителството.
Таа се товари за измама и искористување на условите при голема катастрофа, а во судницата се појавила во понеделникот и била ослободена со кауција од 25.000 долари, објави АП.
Жената се соочува со казна затвор од 30 години, а би можела да плати и глоба од 1,25 милиона долари.
Свет
Ромни: Републиканците ќе го поддржат Трамп ако повторно се кандидира за претседател

Републиканскиот сенатор Мит Ромни верува дека поранешниот американски претседател, Доналд Трамп, лесно ќе ја oсвои номинацијата на Републиканската партија за претседател на САД доколку повторно се кандидира за влез во Белата куќа во 2024 година.
Во онлајн-интервју за „Њујорк тајмс“, Ромни рече дека е убеден оти Трамп ќе има улога во Републиканската партија во наредните години и додаде дека поранешниот претседател на САД има убедливо најсилен глас и одлично влијание во партијата.
„Не знам дали ќе се кандидира во 2024 година или не. Но, ако се кандидира, јас сум прилично сигурен дека ќе добие номинација“, рече Ромни.
Тој истакна дека многу може да се случи до 2024 година, но посочи дека анкетите на јавното мислење покажуваат оти републиканските гласачи сепак претежно го фаворизираат поранешниот претседател, пренесува „Политико“.
Европа
Експертите најавуваат комбинирана вакцина против грип и Ковид-19 во блиска иднина

Во блиска иднина може да се направи комбинирана вакцина против грип и ковид, изјави денеска водечката британска специјалистка по вирологија, Венди Баркли.
Баркли е раководителка на одделот за заразни болести при Кралскиот колеџ во Лондон, а денеска им порача на пратениците дека најверојатното сценарио е оти ќе биде можно комбинирање на вакцината против сезонски грип со вакцината против Ковид-19, објави Си-ен-ен.
„Верувам дека в година навистина ќе видиме повеќе напредок во епидемиологијата во однос на тоа како може да се запрат новите видови на коронавирусот, односно колку бргу тие може да мутираат и да нè натераат да ги модифицираме вакцините. Исто така, ќе знаеме колку траат сегашните вакцини, па затоа ќе биде јасно и колку долго ќе биде потребно за да се направат поефикасни“, рече Баркли.
- Книги2 месеци
Македонски лекар ја објави последната исповед на Јосип Броз Тито
- Македонија3 месеци
МЖСПП: Мечкиното грозје важен ресурс, кој треба грижливо да го собираме
- Црна хроника3 месеци
Млада девојка од Штип пронајдена мртва во нејзиниот дом
- Македонија3 месеци
(Видео) Отстранети два нелегално изградени објекта во општина Центар
- Македонија2 месеци
Возачот на „бентлито“ што „влета“ на плоштад казнет со 45 евра, објавена фотографија од записникот
- Регион2 месеци
(Видео) Прекината прес-конференција на градоначалникот на Бања Лука: „Луѓе ова е сериозен земјотрес“
- Регион2 месеци
(Видео) Снимен моментот на потресот во Петриња – луѓе не можат да се задржат на земјата
- Свет4 недели
Поради примање мито во Кина погубен поранешен државен функционер