Свет
Холандија бара Русија да екстрадира осомничен за падот на „боингот МХ17“
Холандското Јавно обвинителство испрати барање до Русија да го приведе и екстрадира граѓанинот на самопрогласената Република Донецк, Владимир Цемах, изјави портпаролот на службата, Брехтје ван де Мосдијк, за ТАСС.
„Холандското Јавно обвинителство достави барање за апсење на Цемах до надлежните руски власти на 7 септември 2019 година со цел да биде екстрадиран во Холандија“, рече таа.
Во јуни 2018 година украинските разузнавачки агенции го киднапираа Владимир Цемах, жител на самопрогласената ДПР и поранешен командант на милицијата за воздушна одбрана. Тој беше тајно одведен во Киев преку линијата на контакт во Донбас, но беше меѓу ослободените на 7 септември во согласност со договорот постигнат од Русија и Украина за размена на притворените.
Достапните информации сугерираат дека холандското Обвинителство неколкупати го сослушало Цемах. Пред размената службата соопшти дека Цемах е личност од интерес во истрагата и изрази надеж дека ќе остане во Украина за Обвинителството да има пристап до него. Сепак, украинската страна можеше само малку да ја одложи размената, што им даде време на Холанѓаните повторно да го сослушаат.
Патничкиот авион „боинг 777“ на компанијата „Малезија ерлајнс“, кој леташе од Амстердам за Куала Лумпур, беше соборен на 17 јули 2014 година во близината на Донецк. Никој од 298 патници и членови на екипажот не преживеа. Киев за катастрофата ги обвини бунтовниците во Донбас, кои изјавија дека немаат оружје со кое би можеле да го соборат авионот на таа висина.
Во јуни годинава заедничкиот истражувачки тим соопшти дека идентификувал четири лица осомничени дека стојат зад несреќата на „МХ17“. Станува збор за тројца руски државјани – Игор Гиркин, познат и со прекарот Стрелков, Сергеј Дубински и Олег Пулатов, како и украинскиот државјанин Леонид Карченко.
Судскиот процес е предвидено да почне на 9 март 2020 година. Холандското Јавно обвинителство истакна дека ситуацијата во врска со Цемах не го отежнува судскиот процес против овие четири лица.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Свет
Израел: Способноста на Иран да лансира ракети ќе биде значително нарушена
Израел очекува способноста на Иран да испали балистички ракети да биде значително нарушена во следните 24 часа, изјавија двајца израелски функционери, како резултат на зголемените напади на САД и Израел. Според нив, се очекува фреквенцијата на иранските ракетни напади да се намали до вторник вечерта и да бидат испукани помалку ракети кон Израел, пренесуваат медиумите во регионот.
Во првите три дена од војната, САД и Израел погодија повеќе од 1.200 цели. Се очекува тој број да се удвои до вторник, по она што официјалните лица го опишаа како неуморно темпо на напади што започна во понеделник и се очекува да продолжи во текот на ноќта.
Еден од функционерите рече дека се очекува нападите на американските и израелските сили во понеделник вечерта да бидат насочени кон ракетни лансери, сили за внатрешна безбедност и цели на Револуционерната гарда. Американските и израелските функционери денес нагласуваат дека темпото и успехот на воздушната кампања досега ги надминале сите очекувања.
Свет
Иранската револуционерна гарда: „Непријателот нема да биде безбеден никаде во светот, дури ниту во своите домови“
Иранската револуционерна гарда, паравоена формација на која се потпира исламската влада во Техеран, денес се закани, по повод американско-израелските напади врз Иран, дека ќе продолжи да се бори „додека непријателот не биде поразен“ и дека непријателите нема да бидат безбедни „никаде во светот, дури ни во своите домови“, објавува CNN.
Како што објави иранската државна телевизија, Иранската револуционерна гарда соопшти дека неодамнешната загуба на врховниот лидер ајатолахот Ал Хамнеи и други високи функционери „не го потресе (Иран), туку само го направи посилен“.
Високо вооружената и организирана гарда – која постои паралелно со иранската армија и вклучува доброволни одреди – вети во соопштение дека Иран ќе продолжи да се бори „додека непријателот не биде поразен“.
„Непријателот треба да знае дека неговите среќни денови се завршени и дека повеќе нема да бидат безбедни никаде во светот, дури ни во своите домови“, се додава во соопштението што го пренесе CNN.
Регион
Дачиќ симнат од респиратор
Министерот за внатрешни работи на Србија, Ивица Дачиќ денес е симнат од механичка вентилација, пренесува „Блиц“.
Медиумот пренесува дека министерот за здравство Златибор Лончар денес изјави дека здравствената состојба на министерот за внатрешни работи и претседател на Социјалистичката партија на Србија Ивица Дачиќ е подобра отколку што беше, додавајќи дека постојат причини за оптимизам, но и дека мерките за интензивно лекување и терапија продолжуваат.
„Неговата моментална состојба е подобра отколку што беше, што ни дава причина за оптимизам. Важно е што сè уште има многу работа да се направи, мерките за интензивно лекување и примената на интензивна терапија продолжуваат. Тоа е она што ќе го кажам во овој момент, а луѓето што го лекуваат ќе го објаснат подетално во текот на денот“, изјави Лончар за новинарите по посетата на здравствениот центар Вождовац.

