Свет
Хонгконг ги затвора училиштата поради зголемување на бројот на заразени
Заводот за образование во Хонгконг објави дека сите училишта престануваат да работат поради зголемувањето на бројот на случаи на коронавирус.
Повеќето училишта во азискиот финансиски центар главно се затворени уште од февруари, а многумина се префрлија на учење и предавање преку интернет. Покрај тоа, летните одмори почнаа во голем број меѓународни училишта, пишува „Ројтерс“.
Вчера, имаше 42 нови случаја во Хонгконг, втор ден по ред со зголемување на бројот на локални инфекции. Министерот за образование, Кевин Јунг, рече дека учениците и родителите на учениците биле меѓу оние што неодамна биле заразени.
Досега во градот се пријавени вкупно 1.366 случаи на Kовид-19, а седум лица починале.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Свет
Цел на напади била и иранската државна телевизија
Иранската државна телевизија соопшти дека била цел на напади откако серија моќни експлозии го потресоа Техеран, иако не била прекината.
„Техничкиот тим ја проценува штетата“, соопшти радиодифузерот, кој исто така беше цел на напади за време на 12-дневната војна меѓу САД и Израел против Иран во јуни.
Свет
Во напад врз женско училиште во Иран убиени се 165 ученички
Сто шеесет и пет ученички се убиени во женско училиште во Минаб, Иран, објавија иранските државни медиуми.
Иран вели дека училиштето било погодено во израелски напад. Израел негира дека извршил напади во областа.
Иранските медиуми велат дека 96 лица биле ранети во нападот.
Свет
Трамп се согласил да разговара со новите ирански лидери
Американскиот претседател вели дека новото раководство на земјата сака да разговара со неговата администрација и дека тој планира да го стори тоа.
„Тие сакаат да разговараат и јас се согласив да разговарам, па затоа ќе разговарам со нив“, беше цитиран од списанието „Атлантик“.
„Требаше да го направат тоа порано. Требаше да го дадат она што беше многу практично и лесно да се направи порано. Чекаа предолго“, додаде Трамп.
Тој не коментираше кога ќе се одржат разговорите.

