Свет
Хонгконг: Полицијата ги затвори квартовите, сите мора да се тестираат

Хонгконг почна да ги заклучува блоковите згради без предупредување во контроверзната стратегија за спречување на ширењето на Ковид-19, објави Би-би-си.
Во изминатите 10 дена полициските одреди во Хонгконг почнаа блокада во стил на заседа, како што опиша Би-би-си, со затворање на улиците за да ги одделат зградите една од друга и нивните станари принудувајќи секој да се тестира или да плати 645 долари.
Во вторникот владата рече дека полицијата може да влезе во станови и насилно да ги евакуира луѓето доколку одбијат да бидат тестирани.
Владата на Хонгконг ја бранеше својата стратегија и рече дека ќе продолжи да го прави тоа и покрај критиките дека предизвикува вознемиреност и тревога кај граѓаните и изјави дека меѓу 10.000 тестирани пронашле неколку десетици заразени лица.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Европа
Швајцарците гласаат за забрана за носење бурки

Швајцарските гласачи денеска на референдум одлучуваат за нацрт-законот за забрана за носење никаб и бурки што ги носат одредени муслиманки во таа земја, а има и гласање за забрана за носење ски маски и марами на лица за време на демонстрациите.
Анкетите покажуваат дека резултатите од гласањето ќе бидат неизвесни, објави АП.
Мерката ќе се однесува на покривање на лицето на јавни места како што се ресторани, спортски објекти, јавен превоз и одење по улица. Исклучок би биле верските згради или во случај на безбедносни и здравствени причини, бидејќи луѓето сега носат маски за да се заштитат од пандемија на Ковид-19.
Швајцарската влада се спротивставува на мерката и вели дека покривањето на лицето е „маргинално“ прашање.
Застапниците на законот велат дека носењето шамија ја симболизира репресијата врз жените и велат дека се потребни мерки за да се зачува принципот според кој треба да се прикажуваат лица во слободно општество како што е Швајцарија.
Регион
(Видео) Вучиќ покажа фотографии од масакрирани тела од бандата на Беливук

Претседателот на Србија, Александар Вучиќ, рече дека најмалку две организирани криминални групи се разбиени во борбата против мафијата и дека се водат истраги за убиствата.
Вучиќ синоќа се обрати по седницата на Советот за национална безбедност, која траеше три часа и имаше неколку точки. Првата точка е Косово, втората вакцини и борбата против коронавирусот, а трета точка на дневниот ред била борбата против организираниот криминал.
„ Ние кај членовите на оваа најпозната криминална група (Вељко Беливук) што е зад решетки , првпат успеавме да направиме нешто во техничка смисла. Увезувавме уреди што порано не ги користевме. Членовите на криминалната група имаа фотографии и обележани лица на луѓе во МВР и БИА, кои, како што сметаа, им беа прогонувачи. Тоа се оперативци кои се бореа директно против нив и успеале во тоа. Тие ги ризикуваа своите животи, но успеаја, истакна Вучиќ.
На прес-конференцијата беа покажани фотографии, кои ги докажуваат злосторства за кои е осомничена криминална група предводена од Вељко Беливук (Веља Невоља) на кои се гледаат телата на убиените, како и снајперски пушки.
Српскиот претседател соопшти дека пред два дена во областа меѓу Шабац и Лозница е запленет досега најголем арсенал на оружје.
Регион
Земјотрес во БиХ, почувствуван и во Далмација

Земјотрес со јачина од 3,1 степен според Рихтеровата скала е регистриран утрово во 08:09 часот во Босна и Херцеговина.
Земјотресот бил со епицентар во близина на Босанско Грахово, јавуваат медиумите во БиХ.
Според хрватскиот портал Индекс.хр, земјотресот бил почувствуван и во Далмација.
„ Нè разбуди прилично силен удар, ѕидовите и плакарите се тресеа, а потоа малку се нишаше неколку секунди. Тоа воопшто не беше пријатно чувство”, напиша читател на порталот од Каштел.
Босанско Грахово се наоѓа на околу 80 километри од Сплит.
- Книги3 месеци
Македонски лекар ја објави последната исповед на Јосип Броз Тито
- Македонија3 месеци
(Видео) Отстранети два нелегално изградени објекта во општина Центар
- Македонија2 месеци
Возачот на „бентлито“ што „влета“ на плоштад казнет со 45 евра, објавена фотографија од записникот
- Регион2 месеци
(Видео) Прекината прес-конференција на градоначалникот на Бања Лука: „Луѓе ова е сериозен земјотрес“
- Регион2 месеци
(Видео) Снимен моментот на потресот во Петриња – луѓе не можат да се задржат на земјата
- Европа2 недели
Планот за отклучување на Германија протече во медиумите, Меркел: Имаме трет бран
- Свет1 месец
Поради примање мито во Кина погубен поранешен државен функционер
- Економија3 недели
Сите брендови на Индитекс доаѓаат во „Ист гејт мол“