Свет
Хонгконшкиот медиумски магнат Џими Лаи уапсен според новиот кинески закон за безбедност
Полицијата во Хонг Конг го уапси медиумскиот магнат Џими Лаи и изврши рација во седиштето на неговата компанија применувајќи го новиот закон за национална безбедност што Пекинг го наметна во градот по протестите минатата година, пренесува „Њујорк пост“.
„Џими Лаи е уапсен за дослух со странски сили“, напиша Марк Сајмон на „Твитер“.
Полицијата во Хонг Конг соопшти дека седум лица на возраст од 39 до 72 години биле уапсени под сомнение дека го прекршиле новиот закон за безбедност, но во изјавата не се откриени имињата на уапсените.
Лаи (71) е сопственик на популарниот таблоид „Епл дејли“ и е отворена продемократска фигура во Хонг Конг која редовно го критикува диктаторското владеење на Кина.
Законот за безбедност стапи во сила на 30 јуни и се смета како средство за спречување на незадоволството откако минатата година Хонг Конг го потресоа антивладини протести. Сајмон рече дека полицијата извршила претрес во домот на Лаи и неговиот син и уапсила неколку други членови на медиумската групација Next Digital, основана од Лаи.
Next Digital раководи со таблоидот „Епл дејли“, што Лаи го основа во 1995 година пред Британија да ѝ го врати Хонг Конг на Кина. Како и Лаи, и „Епл дејли“ има силен продемократски став и честопати ги повикува своите читатели да учествуваат во продемократски протести.
Законот за безбедност ги забранува сецесионистичките, субверзивни и терористички акти, како и дослухот со странски сили во внатрешните работи на градот. Максималната казна за сериозните прекршители е доживотен затвор.
Минатиот месец кинескиот радиодифузер ЦЦТВ рече дека продемократскиот активист Нејтан Лоу и петмина други се барани според законот иако сите избегале во странство. Лоу се пресели во Велика Британија во јули за да продолжи со меѓународниот активизам за Хонг Конг.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Свет
Ирак: Соборен дрон кај меѓународниот аеродром во Багдад
Ирачките власти соопштија дека дрон бил соборен во близина на меѓународниот аеродром во Багдад, без жртви или материјална штета, јави Анадолу.
Во соопштение пренесено од Ирачката новинска агенција (ИНА) се наведува дека леталото било пресретнато на надворешниот периметар на аеродромот.
Генерал-потполковник Саад Маан изјавил дека станува збор за мало беспилотно летело и потврдил дека нема човечки или материјални загуби.
Овој развој на настаните доаѓа откако претходно во Ербил, на северот на Ирак, се слушнале експлозии по напад со дрон насочен кон американскиот конзулат и градскиот аеродром, каде биле активирани системите за противвоздушна одбрана. Дроновите биле пресретнати, но нема потврда за нивниот точен број.
Свет
(Видео) Нови снимки од Бејрут: Хотел тешко оштетен во израелски напад
Нови снимки од либанската престолнина Бејрут покажуваат сериозни оштетувања на хотел во населбата Хазмие, источно од центарот на градот, додека израелските напади продолжуваат.
На снимките се гледа тешко оштетена фасада на хотелската зграда по нападот.
Hazmieh now pic.twitter.com/Q1lN9MoKlC
— Pheebs (@galpalpheebs) March 4, 2026
Фото: ЕПА
Свет
Мерц: Трамп ме увери дека американската војска ќе остане во Германија
Американскиот претседател Доналд Трамп потврдил дека САД планираат да ја задржат својата воена присутност во Германија, изјави германскиот канцелар Фридрих Мерц по средбата со него во Белата куќа.
„Трамп уште еднаш ме увери дека САД имаат намера да ја задржат својата воена присутност во Германија“, изјави Мерц во Вашингтон, додавајќи дека тоа се добри вести.
Во последните месеци се шпекулираше дека, поради критичкиот став на Трамп кон Европа, би можело да дојде до повлекување на американските трупи од Германија.
Мерц рече дека со Трамп разговарале и за подобра организација на заедничкото одвраќање пред самитот на НАТО во Анкара во јули.
Тој додаде дека Трамп признал дека Германија презела водечка улога во зајакнувањето на европскиот столб на НАТО и дека САД го почитуваат германското вложување во војската.

