Свет
Хутите прогласуваат лажна победа, вели министер од Јемен
Министерот за информации на Јемен, Муамар ал-Иријани, ги обвини Хутите за прогласување лажна победа со цел да ја прикријат својата политичка дилема, пренесува агенцијата „Анадолија“.
Бунтовничката група во неделата објави дека извела напад во близина на границата со Саудиска Арабија тврдејќи дека три воени бригади на непријателот се уништени.
„Хутите поддржани од Иран се обидуваат да шират пропаганда за лажната победа преку своите медиумски алатки во време кога тие секојдневно претрпуваат големи загуби во однос на машинерија, но и војници“, изјави министерот Ал-Иријани.
„Бунтовниците пропагираат победа со цел да ја прикријат својата политичка и воена дилема, а истовремено и да го подигнат разнишаниот дух на своите борци и да продолжат со војната за своите раководители во Техеран“, додава Ал-Иријани.
Хутите објавија видеоснимка на која е прикажан напад врз оклопни возила за кои бунтовничката група тврди дека ги уништила, а притоа и убила стотици припадници на војската на Саудиска Арабија.
Министерот вели дека Хутите претрпеле големи загуби на сите фронтови во Јемен.
„Јеменската армија, со поддршка од страна на саудиската коалиција, успеа да преземе стотици километри во провинциите Саада и Хаџа“, вели Ал-Иријани.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Свет
Цел на напади била и иранската државна телевизија
Иранската државна телевизија соопшти дека била цел на напади откако серија моќни експлозии го потресоа Техеран, иако не била прекината.
„Техничкиот тим ја проценува штетата“, соопшти радиодифузерот, кој исто така беше цел на напади за време на 12-дневната војна меѓу САД и Израел против Иран во јуни.
Свет
Во напад врз женско училиште во Иран убиени се 165 ученички
Сто шеесет и пет ученички се убиени во женско училиште во Минаб, Иран, објавија иранските државни медиуми.
Иран вели дека училиштето било погодено во израелски напад. Израел негира дека извршил напади во областа.
Иранските медиуми велат дека 96 лица биле ранети во нападот.
Свет
Трамп се согласил да разговара со новите ирански лидери
Американскиот претседател вели дека новото раководство на земјата сака да разговара со неговата администрација и дека тој планира да го стори тоа.
„Тие сакаат да разговараат и јас се согласив да разговарам, па затоа ќе разговарам со нив“, беше цитиран од списанието „Атлантик“.
„Требаше да го направат тоа порано. Требаше да го дадат она што беше многу практично и лесно да се направи порано. Чекаа предолго“, додаде Трамп.
Тој не коментираше кога ќе се одржат разговорите.

