Свет
„Хјуман рајтс воч“: Нагло влошување на човековите права во Либан
Човековите права во Либан бележат најдрастично влошување во последните неколку децении, покажа најнов извештај на „Хјуман рајтс воч“ (ХРВ).
Стапката на сиромаштија на земјата се зголеми двојно во 2020 година како резултат на невидената економска криза, пандемијата на коронавирус и експлозијата на пристаништето во Бејрут на 4 август.
„Со секој изминат ден, животот на граѓаните, мигрантите и бегалците во Либан станува сè понеподнослив“, велу Аја Мајзуб, истражувач на ХРВ за Либан.
Колапсот на валутата на Либан, надополнет со рапидното зголемување на цените на храната и стоките, ја десеткуваше можноста на луѓето да си ги дозволат основни потреби, вклучувајќи храна, засолниште и здравствена заштита, се вели во извештајот.
Утврдено е дека маргинализираните заедници, вклучително и семејствата со ниски примања, лицата со попреченост, мигрантите, бегалците и ЛГБТК-лицата, биле непропорционално погодени од пандемијата. Утврдено е дека 88 отсто од сириските бегалци во Либан живеат во екстремна сиромаштија.
ХРВ обвинува многу проблеми се предизвикани од владата на Либан, која, како што тврди извештајот, не успеала да развие навремен, робустен или координиран план за помош за проблемите на земјата.
„Политичката елита сè уште се договара околу тоа како да се подели смалениот плен за да се збогати додека ја осиромашува земјата“, рече Мајзуб.
Владата не им ги исплатила на болниците средствата што им ги должи, со што се намалува можноста на медицинскиот персонал да одговори на пандемијата на коронавирус. Неисплаќањето на болниците и падот на валутата во земјата ги спречи медицинските центри да увезат доволно лекови за да ги задоволат потребите на населението.
Либанските власти, се додава во извештајот, не успеаја да ги заштитат жените и девојчињата од насилство и од дискриминација. Владата, исто така, потфрли во својата обврска да ги заштити домашните мигрантски работници, кои во Либан се повеќе од 250.000.
Новиот договор за работници-мигранти, кој би го заменил долгокритикуваниот систем „кафала“, беше суспендиран на крајот на октомври. Новиот договор ќе ги кодифицираше правата на странските работници, кои се исклучени од законите за работни односи во Либан.
Судот соопшти дека е донесена одлука за запирање на планираното спроведување на договорот затоа што може да му нанесе огромна штета на секторот за регрутирање работници.
ХРВ исто така ги осуди либанските власти за нивната прекумерна употреба на сила против антивладините демонстранти и континуираните напади врз слободата на говорот.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Свет
Врховниот лидер на Иран: Ова е предупредување до Америка
Врховниот лидер на Иран, Али Хамнеи, им честиташе на социјалните мрежи на учесниците на денешните провладини собири.
Во серија објави на X, ајатолахот сподели фотографии од провладини демонстранти и рече дека тие „одлично ја завршиле работата“ и „го спречиле планот на странските непријатели, кој требало да го спроведат домашни платеници“.
„Големата нација Иран им се покажа на своите непријатели, заедно со својата решителност и идентитет“, додаде Хамнеи.
„Ова беше предупредување до американските политичари да престанат да бидат измамници и да не се потпираат на предавнички платеници“, додаде тој.
Свет
Украинската војска објави видео: Го освоивме градското собрание во Купјанск
Украинските одбранбени сили ја вратија контролата врз зградата на Градскиот совет на Купјанск, објави Вториот корпус на Националната гарда на Украина (НГУ), познат како Хартија.
„Хартија воспостави контрола врз зградата на Градскиот совет на Купјанск. Единицата за пребарување и уништување на Хартија и тактичката група Купјанск ги завршуваат операциите за расчистување во градот, кој беше деблокиран за време на успешната операција предводена од командата на Вториот корпус на НГУ“, се вели во соопштението.
Корпусот објави снимка од GoPro камера за која тврди дека е направена од борци од 4-тиот баталјон Хартија за време на упадот во зградата на Градскиот совет на Купјанск. Војниците од извидувачката и ударна група на баталјонот го кренаа украинското знаме над градскиот совет во центарот на Купјанск.
„Операцијата во Купјанск докажува дека благодарение на планирањето, стручноста на командантот и штабот и висококвалитетната подготовка на единиците – сето тоа го нарекуваме метод на Хартија – е можно успешно да се запре и уништи непријателот“, рече полковник Ихор Оболенски, командант на Вториот корпус.
Свет
Белата куќа: Трамп не се плаши да употреби воена сила против Иран
Портпаролката на Белата куќа, Каролина Ливит, изјави дека американскиот претседател Доналд Трамп „покажал дека не се плаши да употреби воени опции“ кога смета дека е потребно.
„Мислам дека едно нешто во што претседателот Трамп е многу добар е тоа што секогаш ги држи сите опции на маса, а воздушните напади би биле една од многуте, многу опции што се на маса“, изјави Ливит пред новинарите.
Во исто време, таа додаде дека „дипломатијата е секогаш првата опција“ за Трамп.
„Претседателот ви кажа на сите синоќа дека она што јавно го слушате од иранскиот режим е многу различно од пораките што администрацијата ги добива приватно“, рече Ливит.
„Претседателот покажа дека не се плаши да користи воени опции ако и кога смета дека е потребно, а никој не го знае ова подобро од Иран“, заклучи таа.
фото/депозитфотос

