Свет
Цели населби во Пасадена избришани од мапата
Експертот за пожари во Калифорнија, Чад Хансон, ги даде најновите информации за ситуацијата. Тој истакна дека моментно е најмногу шокиран од размерите на уништувањето.
„Видовме цели населби избришани од лицето на земјата. Куќите ги снема, исчезнаа бизнисите“, изјави тој за Би-би-си.
Додаде дека пустошот е тешко да се сфати и нагласи дека пет лица ги загубиле животите, но бројот на жртви може да биде далеку поголем.

Од моментот кога пожарникарите сфатија дека нема да може да ги стават под контрола пожарите, приоритет им беше да го евакуираат населението.
„Тие завршија извонредна работа“, рече Хансон.
Џенифер Колби, координатор за кризи во блиската Пасадена, рече дека повеќето жители никогаш не биле сведоци на катастрофа од оваа големина.

„Многу е тешко“, рече таа во интервју за Би-би-си.
Колби истакна дека илјадници припадници на службата неуморно работат на обезбедување поддршка, со акцент на безбедноста на сите граѓани.
Таа додаде дека противпожарната служба останува оптимист поради прогнозата за поволни временски услови во следните неколку дена, што може да помогне пожарот да се стави под контрола.

Сепак, Чад Хансон предупредува дека следната недела ќе дојде уште еден ветер.
„Дотогаш не се прогнозираат дождови. Ќе биде уште посуво, а ако има уште еден налет на ветер, сите преостанати или нови пожари би можеле бргу да се шират“, рече тој.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Свет
(Видео) Рубио: Нема повредени во иранскиот напад со дрон врз конзулатот во Дубаи
Американскиот државен секретар Марко Рубио изјави дека сите вработени се безбедни по иранскиот напад со дрон врз комплексот на американскиот конзулат во Дубаи.
Според него, дронот погодил паркинг покрај зградата на конзулатот, а голем број вработени го напуштиле објектот пред почетокот на американско-израелската акција против Иран, пренесе Си-Ен-Ен.
Just got a new angle of the Burjuman Dubai US Embassy Explosion pic.twitter.com/0WM65HOGW2
— Deon Menezes (@DeonMen) March 3, 2026
Претставник на Обединетите Арапски Емирати изјавил дека конзулатот бил затворен во моментот на нападот.
Во безбедносно предупредување е наведено дека Амбасадата на САД во Абу Даби и Конзулатот во Дубаи ги откажале сите термини за визи, услуги за американски државјани и нотарски услуги најмалку до 4 март.
На американскиот персонал во Обединетите Арапски Емирати му било наредено да остане на безбедно и да не доаѓа во дипломатските претставништва.
Канцеларијата за медиуми на Дубаи соопшти дека пожарот предизвикан од инцидентот со дронот е изгаснат и дека нема повредени. Видео снимки на Си-Ен-Ен покажуваат густ црн чад кој се издига над зградата на конзулатот.
Свет
Ирак: Соборен дрон кај меѓународниот аеродром во Багдад
Ирачките власти соопштија дека дрон бил соборен во близина на меѓународниот аеродром во Багдад, без жртви или материјална штета, јави Анадолу.
Во соопштение пренесено од Ирачката новинска агенција (ИНА) се наведува дека леталото било пресретнато на надворешниот периметар на аеродромот.
Генерал-потполковник Саад Маан изјавил дека станува збор за мало беспилотно летело и потврдил дека нема човечки или материјални загуби.
Овој развој на настаните доаѓа откако претходно во Ербил, на северот на Ирак, се слушнале експлозии по напад со дрон насочен кон американскиот конзулат и градскиот аеродром, каде биле активирани системите за противвоздушна одбрана. Дроновите биле пресретнати, но нема потврда за нивниот точен број.
Свет
(Видео) Нови снимки од Бејрут: Хотел тешко оштетен во израелски напад
Нови снимки од либанската престолнина Бејрут покажуваат сериозни оштетувања на хотел во населбата Хазмие, источно од центарот на градот, додека израелските напади продолжуваат.
На снимките се гледа тешко оштетена фасада на хотелската зграда по нападот.
Hazmieh now pic.twitter.com/Q1lN9MoKlC
— Pheebs (@galpalpheebs) March 4, 2026
Фото: ЕПА

