Свет
Целосен пресврт – Трамп и се закани на Русија со остри мерки до мировниот договор

Американскиот претседател Доналд Трамп изјави дека размислува за воведување нови санкции и царини против Русија по новите руски напади врз Украина во текот на ноќта.
„Со оглед на фактот дека Русија во моментов буквално ја „толчи“ Украина на бојното поле, сериозно размислувам за широки банкарски санкции и царини против Русија додека не се постигне прекин на огнот и конечен мировен договор“, напиша Трамп.
Во пораката тој ги повика двете страни да преговараат.
„До Русија и Украина – седнете на маса сега, пред да биде предоцна. Ви благодариме!!!“, рече Трамп.
По средбата меѓу Трамп и Зеленски во Белата куќа кон крајот на февруари, која заврши со расправија, односите драстично се влошија. Не беше потпишан договор според кој САД ќе преземат 50 отсто од правата на украинските ретки минерали како компензација за помошта дадена за време на војната, а Трамп набрзо ја суспендираше американската воена помош за Украина. Пред неколку дена престана да испраќа разузнавачки информации во Украина.
Во таква ситуација Зеленски јавно објави дека е подготвен за мировни преговори, но набргу потоа Русија изврши нови масовни напади врз украинската инфраструктура. Трамп сега, по бранот критики и руските офанзиви, и се заканува на Москва со големи санкции и царини доколку не се постигне прекин на огнот и конечен мировен договор.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Свет
Трамп бара имиња на странските студенти кои студираат на „Харвард“: Сакаме да знаеме од каде се

Американскиот претседател, Доналд Трамп, изјави дека неговата администрација сака имиња и земји на сите странци кои студираат на Харвард, сугерирајќи дека странските земји, особено оние кои се непријателски настроени кон САД, треба да придонесат за финансирање на образованието на нивните студенти.
„Зошто Харвард не соопшти дека речиси 31 отсто од нивните студенти се од странски земји, и додека некои од нив воопшто не се пријателски расположени кон Соединетите држави, тие не плаќаат ништо за образованието на своите студенти, ниту пак имаат намера да го направат тоа“, напиша Трамп на „Тру соушал“.
Тој истакна дека неговата администрација сака да знае кои се и од каде се странските студенти и додаде дека Харвард „не е многу отворен“.
„Ги сакаме тие имиња и земји“, рече Трамп.
Според податоците на Харвард, во оваа учебна година 27 отсто од студентите доаѓаат од странство, а најмногу се од Кина, Канада, Индија, Јужна Кореја и Велика Британија.
Во учебната 2024-2025 година на Харвард беа запишани 6.793 студенти на додипломски и магистерски студии од 147 земји.
Странските студенти немаат право на какво било федерално финансирање, според делот за финансиска помош на веб-страницата на Харвард, додавајќи дека колеџот има свои пари за стипендии, кои се достапни за странски студенти.
Свет
Малта ќе ја признае Палестина следниот месец

Премиерот на Малта, Роберт Абела, денеска најави дека Малта ќе ја признае државата Палестина следниот месец.
Соопштението дојде за време на политички настан на кој Абела ги покрена локалните и глобалните прашања, со посебен фокус на хуманитарната криза во Газа, пренесува „Малта тудеј“.
„Не можеме да ги затвориме очите пред оваа човечка трагедија која секој ден се влошува“, весникот го цитираше малтешкиот премиер Абела осврнувајќи се на израелското бомбардирање на Газа, во кое загинаа речиси 54.000 Палестинци.
Абела рече дека овој потег е морална одговорност и дека Палестина ќе биде признаена по конференцијата на 20 јуни.
Регион
Дванаесет лица се полесно повредени во судирот помеѓу двата автобуси во Хрватска

Дванаесет лица се полесно повредени во судирот на два автобуси попладнево на А1 кај излезот Вучевица кај Сплит.
Тројца претежно имале скршеници и како превентивна мерка се задржани во болница на опсервација, пишува „Индекс“.
Сообраќајната несреќа во која учествувале два автобуси се случила околу 13 часот и 45 минути на А1 во правец кон Загреб.
На местото на несреќата веднаш биле испратени служби за итна медицинска помош, полиција и пожарникари.
Во текот на попладневните часови беше извршен увид на местото на инцидентот.
Неофицијално се дознава дека сите повредени се полнолетни хрватски државјани кои се враќале од поклоничко патување.