Свет
Цивилен товарен брод и руска воена фрегата се судриле во теснец меѓу Данска и Шведска
Теснец меѓу данскиот остров Зеланд и Шведска, кој го поврзува Категат со Балтикот, стана место на инцидент со судир на бродови, пренесува шведскиот радиодифузер СВТ.
Данската армија извести дека цивилниот товарен брод „Ледена роза“ и руска воена фрегата се судриле во теснецот Оресунд меѓу Данска и Шведска.
„Инцидентот не предизвикал никакво загадување и ниеден од бродовите не е евакуиран“, рече Лисбет Јоргенсен, дежурен офицер во Оперативниот центар на Данските вооружени сили.
Цивилниот брод, наводно, е товарен брод со контејнери.
Russian Navy frigate collided with Swiss reefer in Oresund, Denmark https://t.co/nq3xLgLWkG pic.twitter.com/XW3U1byJfJ
— TheEazyCadet (@EazyCadet) September 23, 2020
Причина за судирот наводно било магливото време во областа. Бидејќи несреќата се случи на данската страна на теснецот, Данска ја води истрагата. Земјата, исто така, наводно побарала од Шведска помош, па поморската спасувачка служба и крајбрежната стража испратиле неколку единици и на местото на судирот.
Конфликтните извештаи сугерираат дека и двата брода биле во движење кога руската воена фрега се судрила со данскиот брод со контејнери. Од ударот се отворила дупка на данскиот брод, но немало истекување на нафта.
Det civile handelsskib ICE ROSE og en russisk fregat er kollideret i den sydlige del af Øresund. @forsvaretdk er til stede med et patruljefartøj sammen med svenske fartøjer. Forsvaret tilbageholder ICE ROSE, til der er sikkerhed for skibets sødygtighed #værdatkæmpefor #dkforsvar
— Forsvaret (@forsvaretdk) September 23, 2020
„Ледената роза“ се следи за да се осигура дека може безбедно да остане на површина. Според податоците од мониторингот на морнарицата, бродот пловел од Санкт Петербург до Гетеборг.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Свет
Се бараат оставки поради трагедијата во Домот за пензионери
Голем број граѓани на Тузла денеска излегоа на улиците на градот и одржаа протест, изразувајќи го своето незадоволство поради трагедиите и скандалите што го погодија Тузланскиот кантон.
Пожарот што избувна во вторникот во Домот за пензионери во Тузла однесе 13 животи, а 12 пациенти сè уште се наоѓаат во болница. Како што беше утврдено, жртвите починале од труење со јаглерод моноксид.
Една седмица претходно, Тузланскиот кантон го потресе случајот со подведување малолетнички, за што се осомничени полициски службеник и еден професор. Нивното подведување траело неколку месеци во текот на минатата и оваа година.
Присутните граѓани од Тузла, но и оние кои допатуваа од други градови на Босна и Херцеговина, денеска побараа оставки од надлежните.
Свет
Три девојки планирале терористички напад во Париз
Девојки на возраст од 18, 19 и 21 година, беа уапсени и обвинети за терористичка завера и планирање напад во Париз, соопштија денеска истражните органи.
Како што е наведено, тие неколку недели планирале насилен терористички напад врз кафуле или концертна сала во Париз, јави РТЛ.
Апсењето и обвинението против трите жени е резултат на истрагата на Националното обвинителство за борба против тероризмот, која беше успешно завршена пред 10-годишнината од смртоносниот терористички напад на 13 ноември 2015 година во Париз.
Свет
Се запали магацин за парфеми во Турција, загинаа шест лица
Најмалку шест лица загинаа, а две се повредени во пожар што утрово избувна во магацин за парфеми во градот Диловаси, во северозападниот дел на Турција.
Според снимките што ги емитуваше турскиот канал НТВ, изгореле два ката од зградата во која се наоѓале магацинот и работилницата за производство на парфеми.
Засега нема информации за тоа што го предизвикало пожарот.

