Свет
Црвен исип на раката е честа реакција на вакцината на „Модерна“
Црвен исип на раката, односно на местото на убодот, или таканаречената „ковид-рака“ е сè почеста реакција на вакцината на „Модерна“.
„Њу Ингланд џурнал оф медицин“ објави бројни фотографии за тоа како изгледаат различни случаи на исип. Сепак, лекарите потенцираа дека стравот од осип не е причина за некое лице да не се вакцинира.
Д-р Шерли Чи, дерматолог, забележа исип кај нејзините пациенти.
„Сите реакции беа на Модерна, а експертите не се сигурни зошто оваа вакцина предизвикува ваква реакција“, рече Чи.
Таа тврди дека реакцијата е нормална и дека нема причина некој да се откаже од вакцинацијата поради страв од исип.
Д-р Чи истакна дека ако некој забележи сличен исип на рацете, само треба да го контактира својот лекар што е можно поскоро.
Во некои случаи, исипот се појавува дури по осум до 10 дена од приемот на дозата.
„Неколкумина мои пациенти имаа ваков тип на одложено реагирање. На едниот од нив му се појави оток и исип на местото на убодот само десет дена по вакцинацијата“, рече Чи.
Таа вели дека црвенилото едноставно се третира со антихистаминици или понекогаш со стероидни антиинфламаторни лекови. Главната работа е да се јавите на лекар на време.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Свет
Националната гарда на Флорида се подготвува за најголемата спасувачка операција во историјата
Националната гарда на Флорида се подготвува за операции за пребарување и спасување откако ураганот Милтон ќе помине над државата, изјави денеска гувернерот на Флорида, Рон Де Сантис.
„Ова е најголемата мобилизација на Националната гарда на Флорида за операција за пребарување и спасување во историјата на државата Флорида“, додаде тој.
ДеСантис рече дека има околу 9.000 гардисти на теренот, од кои една третина доаѓаат надвор од државата. Дваесет и шест тимови за пребарување и спасување се подготвени, рече гувернерот.
„Тие во моментов се позиционирани на местата на потенцијален удар долж западниот брег за да започнат итни спасувачки операции веднаш штом ќе помине бурата“, рече ДеСантис.
Регион
Земјотрес во регионот на Параќин
Републичкиот сеизмолошки завод денеска регистрираше земјотрес со јачина од 3,6 степени според Рихтеровата скала во регионот на Параќин.
Според веб-страницата на Сеизмолошкиот завод, земјотресот е регистриран во 15:38 часот.
„Теоретскиот интензитет во епицентарот беше проценет на ниво V од Меркалиевата скала. Земјотреси со ваков интензитет може да предизвикаат многу мали оштетувања на објекти во епицентралното подрачје“, наведуваат од Републичкиот сеизмолошки завод.
Медиумите објавија дека потресите се почувствувале во Крушевац, Крагуевац и Сврљиг.
Свет
Пилот починал за време на лет, авионот принудно слетал на аеродромот во Њујорк
Авионот на „Туркиш ерлајнс“ синоќа полетал од Сиетл во САД и принудно слетал во Њујорк поради смртта на пилотот која се случила за време на летот.
Пилотот пред смртта се обидел принудно да го приземји авионот кој летал за Истанбул, но трагедијата се случила пред да успеат да слетаат, пренесуваат медиумите во регионот.
„Пилотот на нашиот Ербас 350… летот ТК204 од Сиетл за Истанбул почина за време на летот“, изјави портпаролот на авиокомпанијата.
Веднаш му била укажана прва помош од персоналот, но и покрај тоа човекот ја загубил битката со животот, пишува Метро.
„По неуспешниот обид да се пружи прва помош, копилотот и копилотот решија да го преземат леталото и принудно да слетаат во Њујорк“, додаваат од авиокомпанијата.