Свет
Чавушоглу со критики до Ненси Пелоси поради антитурските коментари

Министерот за надворешни работи на Република Турција, Мевлут Чавушоглу, реагираше на изјавата на Ненси Пелоси, претседателката на Претставничкиот дом на Конгресот на САД, во која таа изрази антитурски чувства, пренесува „Анадолија“.
„Загрижувачки за американската демократија е подемот на Ненси Пелоси, која со своето примарно незнаење се искачи до позицијата спикер на Претставничкиот дом на Конгресот на САД. Ќе научите да ја почитување волјата на турската нација“, напиша Чавушоглу на својот профил на Твитер.
Американскиот претседател Доналд Трамп на прес-конференција, на прашањето дали ќе се обврзе на мирен трансфер на власта, одговори:
„Ќе видиме што ќе се случи’, предизвикувајќи реакции кај многумина, меѓу кои и кај Пелоси.
Пелоси на оваа изјава, реагираше со зборовите:
„Знаеме Трамп на кого му се восхитува. На Путин, Ким Џонг-ун, на Ердоган. Меѓутоа, почитуван претседателе, морам да ве потсетам дека не се наоѓате во Северна Кореја, Русија, Турција или Саудиска Арабија. Се наоѓате во САД, каде што владее демократијата, па зошто за еден момент не се обидете да ја почитувате својата заклетва пред Уставот на САД“.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Свет
(Во живо) Eвропските лидери стигнаа во Вашингтон, наскоро почнува средбата меѓу Трамп и Зеленски

Претседателите на Украина и САД, Володимир Зеленски и Доналд Трамп наскоро повторно ќе се сретнат лице в лице во Вашингтон.
Тоа ќе биде нивна четврта средба во живо оваа година, и секоја од нив досега беше посебна на свој начин.
Претходно челниците на ЕУ и НАТО стигнаа во Белата куќа. Се очекува сите да се состанат по средбата меѓу Трамп и Зеленски.
Во Вашингтон стигнаа претседателката на ЕК, Урсула Фон дер Лајен, првиот човек на НАТО, Марк Руте, претседателот на Фрација, Емануел Макрон, канцеларот на Германија, Фридрих Мерц, британскиот премиер Кир Стамер, како и премиерката на Италија, Џорџа Мелони.
Свет
Хамас го прифати новиот предлог за прекин на огнот во Газа

Хамас го прифати новиот предлог за прекин на огнот во Газа, кој беше презентиран на групата денес во Каиро, објавува Ројтерс.
Досега, напорите на медијаторите на Египет и Катар, заедно со Соединетите Американски Држави, не успеаја да постигнат траен прекин на огнот во војната што предизвика сериозна хуманитарна криза во Појасот Газа повеќе од 22 месеци.
Палестински функционер, кој разговараше со АФП под услов да остане анонимен, рече дека најновиот предлог на медијаторите е „рамковен договор за отворање преговори за траен прекин на огнот“, со почетен 60-дневен прекин на огнот и ослободување на заложниците во две фази.
Извор од Исламски џихад, палестинската вооружена група која учествуваше заедно со Хамас во борбите во Газа, за АФП изјави дека планот вклучува „договор за 60-дневен прекин на огнот, во кој ќе бидат ослободени 10 живи израелски заложници, заедно со одреден број тела“.
Од вкупно 251 заложник земени за време на нападот на Хамас во октомври 2023 година, кој ја предизвика војната, 49 се уште се во Газа, вклучувајќи 27 за кои израелската војска вели дека се мртви.
Според извор од Исламски џихад, преостанатите заложници ќе бидат ослободени во втората фаза, а веднаш ќе следат преговори за поширок договор за траен крај на војната и агресијата со меѓународни гаранции. Изворот додаде дека сите фракции го поддржуваат она што го презентираа египетските и катарските медијатори.
Египетскиот министер за надворешни работи, Бадр Абделати, за време на посетата на граничниот премин Рафах со Газа, денес изјави дека катарскиот премиер, шеикот Мохамед бин Абдулрахман Ал Тани, пристигнал за да ги зајакне нивните постоечки заеднички напори и да изврши максимален притисок врз двете страни за што поскоро постигнување договор.
Зборувајќи за тешките хуманитарни услови за повеќе од два милиони жители на Газа, каде што агенциите на ОН и организациите за помош предупредуваат на глад, Абделати ја нагласи итноста од постигнување договор.
„Актуелната ситуација на терен е незамислива“, рече тој.
Свет
(Видео) Зеленски објави зошто се сретнал со лидерите на ЕУ и шефот на НАТО пред средбата со Трамп

Претседателот на Украина, Володимир Зеленски откри зошто се сретнал со лидерите на европските земји и НАТО во украинската амбасада во Вашингтон пред средбата со Доналд Трамп.
Украинскиот претседател рече дека за време на таа средба „се согласиле за заеднички ставови“.
„Мора да го запреме убивањето и им се заблагодарувам на нашите партнери кои работат на тоа и, на крајот на краиштата, на постигнување сигурен и достоинствен мир“.
Our main goal is a reliable and lasting peace for Ukraine and for the whole of Europe. And it is important that the momentum of all our meetings lead to precisely this result. We understand that we shouldn’t expect Putin to voluntarily abandon aggression and new attempts at… pic.twitter.com/lSlBPJNKZo
— Volodymyr Zelenskyy / Володимир Зеленський (@ZelenskyyUa) August 18, 2025
Заедно со лидерите на Финска, Велика Британија, Италија, Европската комисија и генералниот секретар на НАТО, ги усогласивме нашите ставови пред средбата со претседателот Трамп.
Украина е подготвена за вистински прекин на огнот и воспоставување нова безбедносна архитектура. Ни треба мир“, додаде тој во објава на Телеграм.