Свет
Четворица ирачки војници повредени во ракетен напад на база
Четворица ирачки војници се повредени во ракетен напад врз нивната база северно од Багдад, каде што до неодамна беа присутни американски инструктори, соопштија ирачките безбедносни претставници.
Нападот бил извршен врз воената база „Балад“ со најмалку шест ракети и нема жртви. Нападот се случува само неколку дена откако Иран испука балистички проектили во две американски бази во Ирак во знак на одмазда поради убиството на висок ирански генерал со беспилотно летало.
Во моментов нема Американци во базата „Балад“, лоцирана на 80 километри северно од Багдад. Во базата претходно беа сместени американски инструктори, советници и група која обезбедуваше услуги за одржување на авиони Ф-16, изјави ирачки воен службеник кој не сакаше да биде именуван во согласност со прописите.
Во нападот се повредени еден ирачки офицер и тројца војници, соопштија ирачките безбедносни службеници. Некои ракети паднале на ресторанот во базата, соопштија официјалните лица. Ниту една група не ја презеде одговорноста за нападот.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Свет
Техеран ја потврди смртта на врховниот лидер Али Хамнеи и објави 40 дена жалост
Иранскиот државен радиодифузер ја потврди смртта на врховниот лидер Али Хамнеи, неколку часа откако САД и Израел соопштија дека тој е убиен во вчерашните воздушни напади, објави „Иран интернешнл“.
Кратко по објавата за смртта на лидерот, иранскиот кабинет објави седумдневен државен празник и 40 дена национална жалост.
86-годишниот Али Хамнеи беше на власт речиси четири децении, од 1989 година. Имаше врховна власт, владееше со владата, со војската и со судството во шиитската Исламска Република.
Фото: ЕПА
Свет
Убиени и ќерката, зетот и внукот на ајатолахот Али Хамнеи, јавуваат иранските медиуми
Ќерката, зетот и внукот на врховниот лидер на Иран, Али Хамнеи, се убиени во нападите, соопшти новинската агенција “Фарс“, која е поврзана со Корпусот на Исламската револуционерна гарда, повикувајќи се на „добро информирани извори“ во канцеларијата на врховниот лидер, објави вечерва „Би-Би-Си“.
„Фарс“, исто така, соопшти дека „една од снаите на ајатолахот Хамнеи е исто така убиена во нападите“.
Извештаите за смртта на снаата и зетот на Хамнеи претходно циркулираа, но подоцна беа демантирани.
Иранските власти сè уште официјално не ја потврдија смртта на самиот врховен лидер на Иран.
Фото: ЕПА
Свет
(Видео) На улиците на Техеран, Иран, се слави убиството на Али Хамнеи
Со музика и танцување вечерва жителите на многу ирански градови слават за убиството на лидерот на Исламската Република, ајатолахот Али Хамнеи, објави на социјалните мрежи „Иран интернешнл“.
Видео од Техеран покажува насмеани луѓе излезени на улица откога ја добиле веста дека Али Хамнеи е убиен.
Во Караџ голем број граѓани танцуваат на улица, а жителите пак на Бандар Абас се излезени на улиците со автомобили и слават со сирените.
86-годишниот Али Хамнеи беше на власт речиси четири децении, од 1989 година. Имаше врховна власт, владееше со владата, со војската и со судството во шиитската Исламска Република.

