Свет
Четвртиот бран на коронавирус во Хонгконг ќе биде потежок од претходниот

Властите во Хонгконг предупредија дека четвртиот бран на вирусот Ковид-19 во Хонгконг може да биде потежок од претходниот, откако беше идентификувана група заразени лица во три ресторани во тој град, поради што се размислува за заострување на мерките.
Повеќе од 10 вработени и гости во три ресторани се заразени со Ковид-19, поради што луѓето што ги посетиле тие угостителски објекти по 15 ноември ќе треба да бидат тестирани за корона, а доколку не го сторат тоа, ќе се соочат со парична казна, па дури и затвор.
Лидерката на Хонгконг, Кери Лам, рече дека владата размислува за заострување на мерките за социјално дистанцирање бидејќи бројот на новозаболени за еден ден надмина сто за првпат од 1 август.
Хонгконг се бори со новиот кластер на вирусот Ковид-19, најголемиот досега во градот, што се појави на една од забавите во градот на која присуствувале невработени жени на богати бизнисмени, претежно постари жени, кои често ангажираат инструктори за танц.
Медиумите во Хонгконг ги нарекуваат „таи таи“, наведувајќи дека станува збор за специјална заедница со премногу пари и премногу време на располагање.
Училиштата во Хонгконг ќе бидат затворени од 2 декември, со цел да се спречи ширењето на вирусот Ковид-19, а баровите, ноќните клубови и просториите за забава ќе бидат затворени од 26 ноември, најмалку седум дена.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Европа
Вакцината на „Џонсон и Џонсон“ пристигнува во ЕУ, одобрувањето се очекува до 11 март

Европската агенција за лекови треба да ја одобри употребата на вакцината против коронавирус на компанијата „Џонсон и Џонсон“ на 11 март, пренесуваат „Ројтерс“ и „Блумберг“.
Американската фармацевтска компанија на почетокот на месецов поднела барање за условно одобрување на вакцината до Европската агенција за лекови (ЕМА). Минатата недела ЕМА соопшти дека ќе го објави своето мислење до средината на март.
ЕУ досега ги одобри вакцините произведени од „Фајзер/ Бионтек“, „Модерна“ и „Астразенека“.
Свет
Коронавирус откриен на два американски воени брода

Коронавирусот се појави на два американски воени брода на Блискиот Исток, соопшти Петтата флота, чијашто база е во Бахреин.
Повеќе од 10 члена на екипажот на десантниот брод „Сан Диего“ се заразени со коронавирус и бродот веќе е во Бахреин, додека постои сомневање дека неколку лица биле заразени на ракетниот крстосувач „Филипинско Море“.
На „Сан Диего“ има речиси 600 луѓе, додека на „Филипинско Море“ има околу 380 членови на екипажот, јавува АП.
Американскиот носач на авиони „Теодор Рузвелт“ минатата година мораше да помине речиси два месеца во Гуам, откако беа заразени повеќе од 1.000 морнари, а еден почина.
Европа
Oсновачите на „Бионтек“ ќе бидат одликувани со највисок орден во Германија

Германската држава одлучи да им додели највисок орден на основачите на фармацевтската компанија „Бионтек“, која прва разви и лансираше вакцина против коронавирус на пазарот.
Како што беше соопштено од кабинетот на претседателот на Германија, шефот на германската држава, Франк Валтер Штајнмаер, на 19 март ќе го предаде „Крстот за заслуги со ѕвезда“ на брачната двојка научници Oзлем Туречи и Угур Шахин.
Тоа ќе му биде прво лично врачување на ордени на Штајмер оваа година, а ќе се одржи во палатата Белви во Берлин.
- Книги2 месеци
Македонски лекар ја објави последната исповед на Јосип Броз Тито
- Македонија3 месеци
МЖСПП: Мечкиното грозје важен ресурс, кој треба грижливо да го собираме
- Црна хроника3 месеци
Млада девојка од Штип пронајдена мртва во нејзиниот дом
- Македонија3 месеци
(Видео) Отстранети два нелегално изградени објекта во општина Центар
- Македонија2 месеци
Возачот на „бентлито“ што „влета“ на плоштад казнет со 45 евра, објавена фотографија од записникот
- Регион2 месеци
(Видео) Прекината прес-конференција на градоначалникот на Бања Лука: „Луѓе ова е сериозен земјотрес“
- Регион2 месеци
(Видео) Снимен моментот на потресот во Петриња – луѓе не можат да се задржат на земјата
- Свет4 недели
Поради примање мито во Кина погубен поранешен државен функционер