Контакт

Свет

Чешкиот премиер: Нелегалната миграција е закана за европската цивилизација!

Објавено пред

Чешкиот премиер, Андреј Бабиш, го осуди претходниот пристап на Меркеловата Германија и на ЕУ кон нелегалната имиграција што тој ја нарече „закана за европската цивилизација”. Андреј Бабиш, популистичкиот тајкун со словачко потекло што понекогаш го арекуваат чешкиот Трамп, за националната телевизија изјави:

„Не сакаме да живееме тука како во Африка или како на Блискиот Исток. Мора да ја прекинеме миграцијата од овие места“.

Бабиш нагласи дека ако имиграцијата не биде ставена под контрола, ќе се зголемат гневот и разочарувањето кај јавноста, предупредувајќи дека „Хемниц е зад аголот”, референца за големите протести против германската политика за мигрантите по фаталното прободување на локален жител од страна на еден Ирачанец и еден Сириец со дебели полициски досиеја.

„Тука имаме 1,5 милиони нелегални мигранти. Нашата политика за враќање е лоша “, додаде лидерот на АНО, мислејќи на слабиот извештај на ЕУ за вратените лажни баратели на азил, вклучувајќи го и споменатиот Ирачанец од Хемниц.

Меѓу нив се и убијците како Анис Амри, кој воопшто не требаше да биде во Германија кога со украден камион влета во преполниот Божиќен пазар. Амри лажел за својата националност, користел повеќе лажни идентитети и требало да биде депортиран, но не бил уапсен.

Како лидер на една од државите во Вишеградската група од Централна Европа кои се спротивставија на масовната миграција и мултикултурализмот, Бабиш беше жестоко ги нападна оние западноевропски земји кои сé уште ги туркаат политиките за отворени граници.

„Ако сакаат да имаат повеќе приврзаници на Исламската држава во Франција, Холандија или Белгија отколку што имаат сега, тоа е нивен проблем”, рече тој.

Бабиш беше многу јасен дека Чешка, исто како и како Унгарија, Полска и Словачка, ќе продолжи да им се спротивставува на обидите на ЕУ да се редистрибуираат мигрантите кои пристигнуваат во ЕУ под системот за задолжителни квоти.

„Изгубивме четири години во глупави дебати за квотите. Накусо, пораката што се испраќа е дека Европа е отворена и дека ние мора да се грижиме за сите што доаѓаат нелегално и ќе ги распределиме меѓу нас”, објасни тој во одделното интервју, обвинувајќи ги мигрантите за купување на азилот.

Свет

Пет Американци уапсени во протестите во Хаити

Објавено пред

Министерот за надворешни работи на Хаити, Бочит Едмонд, во понеделникот потврди дека петмина Американци на островот биле уапсени.

Тројца други лица, исто така, биле уапсени, додаде тој. Идентитетите на притворените лицата не беа откриени.

Шефот на полицијата на Хаити, Мишел-Анже Гедеон, изјави дека осумте лица биле уапсени за поседување нелегално оружје вклучувајќи пиштоли и автоматско оружје, како и дронови. Претходно, локалните власти изјавија дека Американците се во притвор под обвиненија за заговор.

Во главниот град на државата, Порт-о-Пренс, владеат смртоносните протести од 7 февруари. Жителите се на улиците, каде што палат автомобили барајќи од претседателот Џовенел Моис и премиерот да поднесат оставка.

Администрацијата на Моис се најде на остра критика поради високата инфлација и обвиненијата за корупција.

Во неделата премиерот Жан-Хенри Сеант ѝ се обрати на јавноста, повикувајќи на мир и ветувајќи дека ќе стави крај на корупцијата, која многумина сметаат дека е коренот на проблемите во земјата.

Американскиот Стејт департмент во својата изјава во понеделникот потврди дека петмина американски граѓани биле уапсени во протестите. Претходно, тие издадоа предупредување до своите граѓани да не патуваат во Хаити наведувајќи го „криминалот и граѓанските немири“, како и „широко распространетите, насилни и непредвидливи протести во Порт-о-Пренс и на други места во Хаити“.

Прикажи повеќе...

Свет

Берни Сандерс повторно кандидат за претседател на САД

Објавено пред

Сенаторот од Вермонт, Берни Сандерс, рече дека ќе се кандидира за претседател на САД на изборите закажани за 2020 година.

Седумдесет и седумгодишниот Сандерс, кој себе се нарекува демократски социјалист, изјави за локално радио дека повторно ќе се бори за демократска номинација бидејќи претходниот пат загубил од Хилари Клинтон.

Тој ја трансформираше политиката на Демократската партија и се здоби со лојални следбеници кај страстните залагачи на либералните предлози какви што се бесплатното високо образование и здравствената заштита.

 

Прикажи повеќе...

Регион

Маж се разнесе со бомба на Копаоник

Објавено пред

Маж на возраст од 49 години изврши самоубиство во вилата „Рај“ на Копаоник, објавија белградските медиуми.

Како што се наведува, телото на Ј.Л. е пронајдено во магацин, а првичните резултати од истрагата покажуваат дека човекот рачно ја активирал бомбата.

Мотивот за самоубиството ќе го утврди истрагата.

Прикажи повеќе...

Најново

Македонија50 минути

(Видео) Мајката на Костадинов ќе се повлече од работното место

Портпаролот на СДСМ и пратеник, Костадин Костадинов, изјави дека неговата мајка се повлекува од работното место. Тој вели дека нејзиното...

Македонија1 час

Заев на средби со Гаши и Тачи, ќе бараат заеднички кандидат за претседател

Претседателот на СДСМ, Зоран Заев, во име на коалицијата, ги продолжува разговорите и консултациите со партиите околу можностите да се...

Македонија2 часа

Самка Ибраимовски: На претседателските избори одиме сами

Самка Ибраимовски од Партијата за целосна еманципација на Ромите изјави дека на претстојните претседателски избори ќе настапат сами. Ибраимовски на...

Македонија2 часа

Адвокатот на Тачи и Ибраими се повика на аболицијата на Иванов и мислењето на Врховниот суд

Адвокатот на обвинетите Мендух Тачи и Бедредин Ибраими, Елвер Исени, во завршниот збор за предметот „Титаник 2“ на СЈО побара...

Крвав четврток3 часа

Ченто: Ми понудија да бидам заштитен сведок за 27 април и лажно да сведочам

Јане Ченто, обвинет за случувањата во Собранието на Република Македонија од 27 април, во своите завршни зборови рече дека од...

Крвав четврток3 часа

Пепиќ: Во Собранието бев како разузнавач, а не да напаѓам пратеници

Разузнавачот Мунир Пепиќ обвинет за насилниот упад во Собранието, односно вршење насилство врз пратеникот Зијадин Села, во завршните зборови истакна...

Топ3 часа

Почина градежен работник, врз него паднала железна арматура

На објект во изградба на улицата Лондонска во Скопје, кој го гради тетовска фирма сопственост на Г.Х.(54) од село Мала...

Свет4 часа

„Ќе изгубите сѐ“ – Трамп со ултиматум до венецуелската војска

Претседателот на САД, Доналд Трамп, предложи венецуелската војска да ја поддржи опозицијата во земјата, да го пропушти хуманитарниот конвој или...

Македонија4 часа

АВМУ: Сопствениците на медиуми и нивните блиски не смеат да им се закануваат на новинари

Агенцијата за аудио и аудиовизуелни медиумски услуги го осуди однесувањето на синот на сопственикот на „1ТВ“, Бојан Јовановски, кој вербално ѝ...

Свет5 часа

Четири лица убиени во пукање во американската држава Мичиген

Четири лица беа убиени како резултат на пукањето во округот Кент во северната американска држава Мичиген, објави локалната полиција, пренесува „Спутник“....

Свет5 часа

Мадуро: Русија ќе испорача 300 тони хуманитарна помош за Венецуела

Русија ќе достави 300 тони хуманитарна помош за главниот град на Венецуела, Каракас, в среда, рече претседателот на Венецуела, Николас...

Свет7 часа

Бомбаш-самоубиец уби двајца полицајци близу познатиот туристички пазар во Каиро

Бомбаш-самоубиец уби двајца полицајци, а тројца други беа повредени додека го следеле во близина на туристичкиот пазар Кан ел-Калили во...

Свет8 часа

Пожарникарите се борат со стотици подметнати пожари во Северна Шпанија

Регионалните власти во Северна Шпанија во моментов се борат со околу 50 пожари, од кои дел се намерно подметнати, пренесува „Локал“....

Топ17 часа

Се судрија автомобил и трактор, едно лице загина кај Доброште

Eдно лице загина, а едно добило сериозни повреди во сообраќајната несреќа што се случи на патот Тетово-Јажинце, кај селото Доброште. Како...

Македонија18 часа

Силјановска до Заев: Надвор сум од концептот во кој работа има само за децата на вашите функционери

Кандидатката за претседател на ВМРО-ДПМНЕ, Гордана Силјановска, се огласи на својот профил на „Фејсбук“ кога премиерот Зоран Заев изјави дека...

Македонија19 часа

Се бара притвор за девет лица што изработувале и продавале огнено оружје

Надлежниот јавен обвинител до судот ќе достави предлог за определување мерка притвор за учесниците во криминалната група која изразботувала и...

Македонија21 час

„Макфакс“ и Групацијата Клип медија не планираат никаква соработка со Бојан Јовановски

Редакцијата на „Макфакс“ и Групацијата Клип медија целосно застануваат зад својата новинарка Мери Јордановска и како и досега, и во...

Македонија21 час

ССНМ со осуда за заканите на Бојан Јовановски кон новинарката Мери Јордановска

Самостојниот синдикат на новинарите и на медиумските работници (ССНМ) најостро го осудува односот на де факто сопственикот на „1ТВ“, Бојан...

Македонија22 часа

Ванковска: Јавноста не го разбра зборот иронија, сега ми се закануваат со линч

Професорката Билјана Ванковска смета дека не направила недолична корелација со масакарот кај Карпалак од 2001 година и автобуската несреќа кај...

Македонија23 часа

(Видео) Заев: Силјановска е спротивност на концептот едно општество за сите

Претседателскиот кандидат на ВМРО-ДПМНЕ, Гордана Силјановска, е надвор од секој можен концепт на актуелната власт и не е прифатливо решение...

Досие