Свет
Чешкиот претседател бил предупреден да не пцуе на радио, тој возврати со обвинување за цензура
Чешкиот претседател, Милош Земан, го обвини јавниот чешки радиосервис за цензура.
Реакцијата на Земан следи откако водителот кој му правел интервју му посочил на претседателот да се воздржи од пцости бидејќи програмата тече во живо.
Новинарот го предупредил Земан дека со пцостите ги крши законите, а на радиото му се заканува казна од 400 000 евра.
„Водителот има склосност да цензурира кога не е потребно. Доколку некој употреби вулгарен израз и не го упати конкретно кон никого, тогаш е егзибиционист. Кога ќе го насочи директно кон некого, мораме да се запрашаме дали е упатен кон вистинското лице и дали е оправдан“, рече чешкиот претседател во редовно неделно интервју за приватна телевизија.
Чешкиот совет за радио и телевизија веќе еднаш го казни чешкото радио бидејќи шефот на државата вулгарно пред неколку години во емисија ги навреди руските панкерки.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Свет
Трамп изјави дека 48 ирански лидери се убиени во тековните американско-израелски напади
Американскиот претседател Доналд Трамп изјави дека 48 ирански лидери се убиени во тековните американско-израелски напади врз земјата.
„Никој не може да поверува во успехот што го имаме, 48 лидери исчезнаа одеднаш. И се одвива брзо“, беше цитиран Трамп во интервју за Фокс њуз.
Во посебно интервју за Си-Ен-Би-Си, тој вели дека американската операција во Иран е „пред предвидениот рок“.
Свет
Израелската војска пак го нападна Иран
Израелската војска соопшти дека нејзините сили започнале со спроведување нови воздушни напади врз иранскиот главен град.
„Воздухопловните сили сега започнаа нов бран напади во срцето на Техеран“, се вели во краткото соопштение на „X“.
Свет
Папата го предупредува Трамп додека тој го крши молчењето за „спиралата на насилство“
Папата го повика Доналд Трамп да ја запре „спиралата на насилство“ на Блискиот Исток „пред да стане непоправлива бездна!“
Папата Лав XIV му испрати силна порака на американскиот претседател додека зборуваше во Ватикан во неделата.
„Со длабока загриженост го следам она што се случува на Блискиот Исток и во Иран во текот на ова бурно време“, истакна Папата во својот говор.

