Свет
Швајцарија може да го преиспита договорот со „Астра Зенека”
Швајцарија може да се откаже од нарачаната вакцина Астра Зенека, пишува весникот NZZ am Sontag.
Раскинувањето на договорот со таа британско-шведска компанија во моментот не е опција, но се напоменува дека можно е да се разгледа и тоа.
Претходно, Швајцарија побара повеќе податоци за ефикасноста и квалитетот пред да ја одобри вакцината, која веќе доби зелено светло во ЕУ.
Повикувајќи се на Федералната канцеларија за јавно здравје, весникот пишува дека локалните власти шпекулираат оти владата сака да ја откаже својата нарачка, ако анализата покаже дека вакцината не е доволно ефикасна.
Швајцарија, која нарача 5,3 милиони дози вакцина АстраЗенека, ги чека резултатите од тестовите во Северна и Јужна Америка. Франција, Белгија и Германија ја препорачуваат вакцината на лица под 65 години.
Компанијата е критикувана дека вклучила мал број на стари лица во клиничките испитувања.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Свет
Техеран ја потврди смртта на врховниот лидер Али Хамнеи и објави 40 дена жалост
Иранскиот државен радиодифузер ја потврди смртта на врховниот лидер Али Хамнеи, неколку часа откако САД и Израел соопштија дека тој е убиен во вчерашните воздушни напади, објави „Иран интернешнл“.
Кратко по објавата за смртта на лидерот, иранскиот кабинет објави седумдневен државен празник и 40 дена национална жалост.
86-годишниот Али Хамнеи беше на власт речиси четири децении, од 1989 година. Имаше врховна власт, владееше со владата, со војската и со судството во шиитската Исламска Република.
Фото: ЕПА
Свет
Убиени и ќерката, зетот и внукот на ајатолахот Али Хамнеи, јавуваат иранските медиуми
Ќерката, зетот и внукот на врховниот лидер на Иран, Али Хамнеи, се убиени во нападите, соопшти новинската агенција “Фарс“, која е поврзана со Корпусот на Исламската револуционерна гарда, повикувајќи се на „добро информирани извори“ во канцеларијата на врховниот лидер, објави вечерва „Би-Би-Си“.
„Фарс“, исто така, соопшти дека „една од снаите на ајатолахот Хамнеи е исто така убиена во нападите“.
Извештаите за смртта на снаата и зетот на Хамнеи претходно циркулираа, но подоцна беа демантирани.
Иранските власти сè уште официјално не ја потврдија смртта на самиот врховен лидер на Иран.
Фото: ЕПА
Свет
(Видео) На улиците на Техеран, Иран, се слави убиството на Али Хамнеи
Со музика и танцување вечерва жителите на многу ирански градови слават за убиството на лидерот на Исламската Република, ајатолахот Али Хамнеи, објави на социјалните мрежи „Иран интернешнл“.
Видео од Техеран покажува насмеани луѓе излезени на улица откога ја добиле веста дека Али Хамнеи е убиен.
Во Караџ голем број граѓани танцуваат на улица, а жителите пак на Бандар Абас се излезени на улиците со автомобили и слават со сирените.
86-годишниот Али Хамнеи беше на власт речиси четири децении, од 1989 година. Имаше врховна власт, владееше со владата, со војската и со судството во шиитската Исламска Република.

