Свет
Шведската премиерка поднесе оставка само неколку часа по именувањето

Првата шведска премиерка, Магдалена Андерсон, поднесе оставка само неколку часа по нејзиното назначување, јавува Би-би-си.
Андерсон утрово беше избрана во парламентот, а неколку часа подоцна поднесе оставка бидејќи нејзиниот предлог-буџет не доби поддршка, а центристичката партија која беше коалициски партнер ја напушти владата.
Наместо предлогот на премиерката, шведскиот парламент го прифати предлог-буџетот што дојде од десничарската опозиција.
Андерсон пред новинарите изјави дека го информирала претседателот на парламентот дека сака да поднесе оставка, но и дека ќе се обиде повторно да стане премиер.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Свет
(Видео) Маж од САД држел во шупа и силувал 13-годишно девојче, го намамил преку интернет

Исчезнaто 13-годишно девојче од Далас било пронајдено заклучено во барака оддалечена повеќе од 1.500 километри во Северна Каролина, откако била киднапирана и силувана од маж што го запознала на социјалните мрежи.
Девојчето е пронајдено во Лексингтон, на околу еден час возење североисточно од Шарлот, се вели во соопштението на шерифот на округот Дејвидсон, пренесе Си-Ен-Ен.
Канцеларијата на шерифот соопшти дека во петокот вечерта биле контактирани од специјален агент на ФБИ во Тексас за случајот. ФБИ во соработка со полицијата во Далас утврдиле дека возрасен маж разговарал со детето преку Интернет. Содржината на тие разговори била конзистентна со намамување за средба, соопшти канцеларијата на шерифот.
Камерите во близина на домот на тинејџерката снимиле возило регистрирано на човек од округот Дејвидсон.
Девојчето бил затворено во надворешен објект, во сопственост на осомничениот – се вели во соопштението на шерифот.
Инспекторите ја отвориле бараката и го пронашле детето. Таа била однесена во болница за да биде прегледана, а подоцна се вратила дома во Тексас. Осомничениот, 34-годишниот Хорхе Иван Сантос Камачо, е уапсен и се соочува со осум точки од обвинението, меѓу кои и киднапирање и силување на дете. Тој е задржан во притвор во округот Дејвидсон.
Свет
Маж во Хамбург уби човек со огнено оружје, а потоа се самоуби

Двајца мажи се убиени во престрелка доцна вчера во германскиот град Хамбург, соопшти денеска јавното обвинителство. Еден од загинатите е осомничен за пукањето, се додава.
– Се чини дека мажот испукал неколку истрели, убивајќи друг маж, а потоа се застрелал, изјави портпаролката на јавното обвинителство во Хамбург.
Полицијата ја продолжува истрагата.
Свет
Нови гробови на историските гробишта во Украина: Победата е наша, но оваа е цената

Сместени во југоисточниот дел на Лавов, гробиштата Личакив се едни од најстарите во Европа и често се споредуваат со историскиот Пер Лашез во Париз, каде што се погребани десетици познати личности. На Личаковского почиваат истакнати личности како поетот Иван Франко и илјадници војници загинати во Првата и Втората светска војна.
Од рускиот напад на Украина пред повеќе од една година, се појавија редови нови гробници. Препознатливи се по морето од сино-жолти украински знамиња и црвено-црни националистички транспаренти.
Ожалостените оставаат полнети играчки, цигари и шолји кафе на гробовите на своите најблиски. Поневообичаени изрази на љубов и тага вклучуваат детски цртежи, грамофонски плочи, топчиња за голф и шишиња пиво.
Набргу по почетокот на руската инвазија во февруари 2022 година, властите почнаа да ги закопуваат паднатите војници на тие гробишта. – Но, областа наменета за воени погребувања брзо се наполни, велиградскиот функционер Олег Пидписецки.
Властите потоа почнаа да положуваат украински војници на нова локација, која е веднаш до гробиштата Личакив. Речиси секој ден има погреби на новите гробишта. Се вика Марсова полјана, а веќе има околу 350 гробови.
„Никој не знаеше колку е критична ситуацијата“, изјави Пидписецки за АФП. „Некој мислеше дека војната ќе заврши за еден месец, два, три, шест месеци. За жал, војната само стана поголема“, додаде тој.
Олег, еден од ожалостените, дошол да го посети гробот на својот пријател и загубите ги опишал како „ненадоместливи“.
„Победата ќе биде наша, се разбира, но ова е цената што ја плаќаме. И тоа не е крајот“, вели 55-годишникот. „Овие луѓе ги дадоа своите животи за нас“, рече Олег, кој жали за загубата на својот 45-годишен пријател и имењак.
Тој рече дека неговиот пријател, татко на две деца, доброволно заминал на фронтот. „За жал, сега ништо не може да се направи. Илјадници Руси нема да го заменат мојот Олег“, огорчено вели тој.
Киев не го открива бројот на воените жртви, но западните власти велат дека повеќе од 100.000 Украинци се убиени или ранети.