Свет
Шведската црква изложена на критики кога побара пакети помош за мигрантите
Високи верски водачи во Шведска ја повикаа владата да обезбеди помош за барателите на азил во екот на пандемијата со Ковид-19 предизвикувајќи гнев кај Швеѓаните, кои тврдат дека апелите за христијанско добродетелство не се однесуваат на граѓаните на земјата, пренесува РТ.
Во колумна објавена во весникот „Експресен“, надбискупот Антје Јакелен и другите членови на Христијанскиот совет на Шведска истакнаа дека сите луѓе се создадени од Бога поради што политичарите вовеле мерки за спасување на недокументираните мигранти за кои се тврди дека се особено ранливи на коронавирусот.
Јакелин ги спомена и барателите на азил, мигрантите на привремена работа, мигрантите што чекаат депортација и бездомниците.
Иако Шведска избегна строг режим на движење во целата земја, преземените дејства за да се намали ширењето на коронавирусот создадоа длабока неизвесност за оние што бараат азил во земјата, тврди Советот.
Иако во писмото не се навлегува во детали за помошта, идејата да се обезбедат владини средства за мигрантите предизвика критики кај Швеѓаните. Колумната предизвика реакција на социјалните мрежи, при што луѓето ја повикаа Јскелин наместо мигрантите, да ги заштити старите лица, кои се најтешко погодена категорија.
Некои дури отидоа дотаму што ја нарекоа Антјехрист, игра на зборови со нејзиното име. Други, пак, како што е весникот „Фрија Тидер“, го опишаа апелот како барање пари за корона.
„Црквата на Шведска има големо богатство. Што ја спречува да им подели пакети за поддршка на овие групи?“, праша еден критичар на предлогот.
Друг ирититан критичар рече дека црквата се чини позагрижена за благосостојбата на странските мигранти отколку за родените Швеѓани.
Поддржувачите на идејата рекоа дека Црквата на Шведска ги штити ранливите, без оглед на возраста, националноста или расата“. Фокусот на оваа добротворна акција – и кој ќе плати за тоа – сепак предизвика многу гнев.
Црквата на Шведска се најде во центарот на низа поларизирачки контроверзии. Во декември една црква во Малме го откри новиот олтар на кој беа претставени геј-парови. Црквата дури се залага за родово неутрален јазик кога зборува за Исус.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Свет
(Видео) Нови снимки од Бејрут: Хотел тешко оштетен во израелски напад
Нови снимки од либанската престолнина Бејрут покажуваат сериозни оштетувања на хотел во населбата Хазмие, источно од центарот на градот, додека израелските напади продолжуваат.
На снимките се гледа тешко оштетена фасада на хотелската зграда по нападот.
Hazmieh now pic.twitter.com/Q1lN9MoKlC
— Pheebs (@galpalpheebs) March 4, 2026
Фото: ЕПА
Свет
Мерц: Трамп ме увери дека американската војска ќе остане во Германија
Американскиот претседател Доналд Трамп потврдил дека САД планираат да ја задржат својата воена присутност во Германија, изјави германскиот канцелар Фридрих Мерц по средбата со него во Белата куќа.
„Трамп уште еднаш ме увери дека САД имаат намера да ја задржат својата воена присутност во Германија“, изјави Мерц во Вашингтон, додавајќи дека тоа се добри вести.
Во последните месеци се шпекулираше дека, поради критичкиот став на Трамп кон Европа, би можело да дојде до повлекување на американските трупи од Германија.
Мерц рече дека со Трамп разговарале и за подобра организација на заедничкото одвраќање пред самитот на НАТО во Анкара во јули.
Тој додаде дека Трамп признал дека Германија презела водечка улога во зајакнувањето на европскиот столб на НАТО и дека САД го почитуваат германското вложување во војската.
Свет
Израел погодил станбена зграда во Либан, најмалку четворица загинати
Најмалку четири лица загинале, а шест се ранети во израелски напад врз четирикатна станбена зграда во источниот либански град Баалбек, јави либанската државна агенција ННА.
Спасувачките екипи работат на извлекување луѓе од под урнатините.
Нападот доаѓа по ескалацијата на борбите долж либанско-израелската граница, откако Хезболах испалил дронови и ракети кон Израел. Од тогаш групата продолжила со ракетни напади, а Израел извршил низа воздушни удари низ Либан и испратил војници на југот.
Хезболах соопштил дека неговите борци испалиле голем број ракети кон израелски сили во близина на градот Метулa, како одговор на израелските напади врз десетици либански градови.
Израелската војска во средата ги предупредила жителите на 16 села во Либан да се евакуираат.
Според либанското министерство за здравство, од почетокот на последната ескалација во израелските напади загинале најмалку 50 луѓе, а 335 се ранети.
Фото: ЕПА

