Свет
Шега во шведско сатирично шоу предизвика дипломатска криза со Кина
Епизода од една шведска емисија, во која им се потсмевале на кинеските туристи и ги советувале да не ‘какаат’ на јавни места, го налути Пекинг. По бесната изјава на Кина, од шоуто рекоа дека можеби предизвикале дипломатска криза, пренесува „Раша тудеј“.
Шоуто „Свенска нихетер“, емитувано минатата недела на шведскиот национален телевизиски оператор ЦБТ, ја погоди директно во нерв Кина бидејќи во емисијата беше прикажан водич за прифатливи и неприфатливи работи за кинеските посетители. На листата со неприфатливи работи е, на пример, советот да не какаат пред историските локации и да не мислат дека кучиња се на менито за ручек. Во шоуто дури бил исмеан и неодамнешниот драматичен инцидент во кој шведската полиција ги извлече кинеските туристи од еден хотел.
Контроверзната епизода не помина незабележана од кинеската амбасада во Шведска, која побара итно извинување од ТВ-каналот и од шоуто и се закани дека ќе преземе понатамошни дејства. Амбасадата ги обвини шоуто и водителот Јеспер Рондал за ширење и застапување расизам и ксенофобија, како и за поттикнување омраза.
Дипломатската мисија беше бесна и поради погрешната карта на Кина прикажана во шоуто на која Тајван и дел од регионот Тибет не биле вклучени на територијата на Кина. Водителот на шоуто очигледно ужива во вниманието што го привлече епизодата.
„Изгледа дека предивикавме дипломатска криза со суперсила“, објави Рондал во саботата.
Самиот ТВ-канал не гледа ништо навредливо во она што било емитувано инсистирајќи на тоа дека шоуто е хумористично. Програмскиот менаџер Томас Хол рече дека нема да се извини или да го избрише шоуто бидејќи верува дека не направиле ништо лошо.
Но, Кинезите не се согласуваат. Хаштагот „Шведско ТВ-шоу ја навреди Кина“ имаше повеќе од 33 милиони прегледи во понеделникот, а некои од Кинезите побрзаа да го коментираат клипот од шоуто објавен на „Јутјуб“.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Свет
Едно лице загина, а 32 се повредени во Кувајт
Министерството за здравство на Кувајт соопшти дека едно лице е убиено, а 32 се ранети „поради актуелните случувања во регионот“.
Повредените се лекуваат во болницата Ал-Адан, соопшти Министерството.
Свет
Масовно пукање во Америка, најмалку тројца мртви
Најмалку три лица се убиени, а 14 повредени во масовно пукање што се случи денеска во бар во Остин, Тексас, соопшти полицијата. Сите 14 повредени се однесени во болница, а тројца се во критична состојба.
Полицијата потврди дека осомничениот за нападот е убиен на местото на настанот во размена на оган со полицајците.
Властите сè уште не го објавија идентитетот на напаѓачот ниту коментираа за можен мотив за нападот.
Свет
Кина остро го осуди убиството на Хамнеи, повика на прекин на воените дејствија
Кина соопшти дека „остро го осудува“ убиството на иранскиот врховен лидер ајатолахот Али Хамнеи од страна на САД и Израел и повторно повика на прекин на воените дејствија, пренесува „Гардијан“.
Министерството за надворешни работи во Пекинг наведе дека станува збор за „тешко кршење на суверенитетот и безбедноста на Иран, како и на целите и принципите на Повелбата на ОН и основните норми на меѓународните односи“.
„Кина решително се спротивставува и остро го осудува тоа“, се додава во соопштението, со повик за „итен прекин на воените операции“.
Осудата следеше по телефонски разговор меѓу кинескиот министер за надворешни работи Ванг Ји и рускиот министер Сергеј Лавров, за кој кинеските државни медиуми јавија дека бил инициран од руската страна. Ванг изјавил дека „дрското убиство на суверен лидер и поттикнувањето на промена на режим“ од страна на САД и Израел е „неприфатливо“.
Фото: depositphotos

