Контакт

Свет

Шест француски туристи убиени во Нигер

Објавено пред

Шест француски туристи, нивниот возач и водич биле убиени денес во Нигер, изјави гувернерот на провинцијата Тилабери, Тиџани Ибрахим Катиела, јави АФП.

Тој прецизираше дека осум лица се убиени кога напаѓач, кој бил на мотоцикл, пукал во автомобилот во кој биле жртвите.

Официјален претставник од канцеларијата на францускиот претседател Емануел Макрон изјави дека тие засега не можат да ги потврдат тие информации.

Исто така, и „Ројтерс“ објави дека не добиле потврда за тие информации ниту од француското Министерство за надворешни работи, ниту од Владата на Нигер.

Свет

(Видео) Азербејџан објави снимка од нападот – граната ги разнесе непријателските војници

Објавено пред

На социјалните мрежи се појави видео кое наводно му припаѓа на Министерството за одбрана на Азербејџан, на кое се гледа напад со дрон врз ерменски војници.

Според прес-службата на Министерството за одбрана на Азербејџан, резервните сили на ерменската армија биле откриени и уништени со дронот.

„Нашите единици ги открија и уништија резервните сили кои пристигнаа за помош“, соопшти азербејџанското Министерство.

Ситуацијата во Нагорно Карабах ескалираше кон крајот на минатата недела. Баку и Ереван меѓусебно се обвинуваат за започнувањето на борбени дејства.

Во Ерменија е воведена воена состојба, објавена е општа мобилизација, а на мажите на возраст од 18 до 55 години им е забрането да ја напуштат земјата. Во Азербејџан е воведен полициски час.

Прикажи повеќе...

Регион

Во Србија 72 новозаразени со коронавирус, нема починати

Објавено пред

Според последните информации во Србија се потврдени 72 нови случаи на инфекција со коронавирус, а немало смртни случаи.

Во последните 24 часа се тестирале 6.561 лице за коронавирус.

На апарати за дишење се приклучени 21 пациент.

Епидемиологот и член на Кризниот штаб, Предраг Кон, изјави дека училиштата се најголем ризик за пренесување на коронавирусот, како и дека супер преносители на вирусот се средношколците и студентите.

Прикажи повеќе...

Европа

Секретарот на Светата столица: Трамп сака да го искористи папата Франциско

Објавено пред

Државниот секретар за односи со Светата столица и надбискуп, Пол Ричард Галагер, ја обвини администрацијата на американскиот лидер Доналд Трамп дека сака да го искористи папата Франциско.

Според Галагер, администрацијата на Трамп тоа го прави со организирање симпозиум за верска слобода за време на посетата на американскиот државен секретар Мајк Помпео на Рим.

Галагер потврдно одговори на прашањето на „Анса“ дали организирањето симпозиум за верски слободи во американската амбасада во Ватикан претставува експлоатација на папата во последната фаза од американската претседателска кампања.

„Да, токму затоа папата нема да се сретне со американскиот државен секретар Мајк Помпео“, рече Галагер.

За време на посетата, Помпео разговара со италијанскиот премиер Џузепе Конте, а ќе се сретне и со министерот за надворешни работи, Луиџи ди Мајо, и со државниот секретар на Ватикан, Пјетро Паролин, но не и со папата Франциско.

Неименувани извори од Ватикан изјавија дека состанокот со толку висок функционер од администрацијата на Трамп ќе биде несоодветен поради наближувањето на изборите.

Прикажи повеќе...

Најново

Македонија42 минути

Регистрирани 194 новозаразени, починаа 2 лица

Во последните 24 часа се направени 1.697 тестирања, а регистрирани се 194 нови случаи на Ковид-19, и тоа во: Скопје...

Регион3 часа

Грчките свештеници загрижени за барањето до Вартоломеј за автокефалност на македонската црква

Грчките црковни кругови ги коментираа барањата на македонските власти до вселенскиот патријарх Вартоломеј за автокефалноста на македонската црква. Задната врата...

Македонија3 часа

Сојузот на средношколците најави бојкот во ноември ако не се дозволи комбинирана настава

Сојузот на средношколците најави бојкот на наставата од ноември доколу во октомври остане стабилна епидемиолошката состојба, а институциите не дозволат...

Македонија4 часа

Милошоски: Пратеничката група на ВМРО-ДПМНЕ ќе гласа против одлуките за вонредна состојба

Заврши координацијата на пратеничката група на коалицијата „За обнова на Македонија“ по што пратеникот на ВМРО-ДПМНЕ, Антонијо Милошоски, информира дека...

Регион4 часа

Албанија го одложи почетокот на училишната година

Албанија го одложи почетокот на училишната година за ноември откога бројот на заразени од коронавирусот во еден ден се зголеми на...

Топ5 часа

Приведена дилерка на кокаин во Тетово

Полицијата приведе 45-годишна жена од Теотово осомничена за продажба на кокаин. Според информациите од МВР, таа ја криела и ја...

Свет5 часа

Гејтс потпиша договор со 16 фармацевтски компании: го зголемуваме производството на вакцини со невидена брзина

Фондацијата на Бил и Мелинда Гејтс потпиша договор со 16 фармацевтски компании за да соработуваат во производството на вакцина против...

Македонија6 часа

Потрошени 6,7 милиони евра за итни набавки за заштита од Ковид-19, најмногу потрошило МВР

За итни набавки за заштита од коронавирусот, во првите шест месеци од кризата биле потрошени 6,7 милиони евра, покажува извештајот...

Македонија7 часа

Филипче на средба со медицинските сестри кои дадоа отказ од Инфективна – се обидел да ги убеди да останат

Министерот за здравство, Венко Филипче, утрово се сретнал со трите медицински сестри од Инфективната клиника кои дадоа отказ. Според објавата...

Свет8 часа

(Видео) Хаотична прва дебата меѓу Трамп и Бајден

Американскиот претседател Доналд Трамп и неговиот противкандидат, поранешниот потпретседател и сенатор Џо Бајден, синоќа ја имаа првата од трите дебати...

Свет8 часа

Премиерот на Ерменија: За конфликтот во Нагорно-Карабах нема воено решение

Премиерот на Ерменија, Никол Пашињан изјави дека за конфликтот во Нагорно-Карабах нема воено решение. Пашињан за телевизијата Русија 1 рекол...

Свет21 час

Кремљ: Путин планира да се вакцинира со руската вакцина против коронавирус

Рускиот претседател, Владимир Путин, планира да се вакцинира со руската вакцина против коронавирус, рече неговиот портпарол. „Путин планира да се...

Македонија23 часа

Алаѓозовски и Поповски именувани за национални координатори во Владата

Владата на денешната седница ги именува поранешниот министер за култура Роберт Алаѓозовски и поранешниот министер без ресор задолжен за комуникации,...

Македонија23 часа

Игротеките почнуваат со работа

Владата на денешната седница го усвои протоколот за работа на игротеките. „Владата го усвои протоколот за работа на игротеките во...

Македонија23 часа

Владата одобри целоднeвна настава во училиштата

По препорака на Комисијата за заразни болести, Владата на денешната седница одобри целодневна настава во училиштата. „Одобрена е организацијата на...

Македонија1 ден

(Видео) Потпишан етичкиот кодекс, функционерите се обврзаа на транспарентно и одговорно работење

На седница на Владата денеска беше потпишан кодексот за етичко однесување на носителите на јавни функции. По тој повод, заменик-претседателот...

Свет1 ден

(Видео) Војската на Нагорно-Карабах соборила два азербејџански хеликоптера

Војската на Нагорно-Карабах собори два азербејџански хеликоптера користејќи ракети „земја-воздух“ – „игла“, објави прес-секретарот за ерменското Министерство за одбрана, Шушан...

Македонија1 ден

Осум починати и 112 новозаболени од Ковид-19 во земјата

Министерството за здравство информира дека во последните 24 часа се направени 1.372 тестирања, а регистрирани се 112 нови случаи на...

Македонија1 ден

(Видео) Фетаи ќе бара затворски казни за сите обвинети во „Насилство во Центар“

Обвинителката Фатиме Фетаи ќе бара затворска казна за Миле Јанакиески и другите обвинети со жалба во апелација откако Кривичниот суд...

Македонија1 ден

Царовска: Место да ја бојкотираат онлајн-наставата, родителите, градоначалниците и директорите да седнат и да се договорат

Бојкот на онлајн-наставата нема да им донесе ништо добро на децата, рече денес министерката за образование и наука, Мила Царовска....

Досие