Свет
Шефот на канцеларијата на Трамп: Претседателот ќе потпише одредби за пониски цени на лековите

Претседателот на САД, Доналд Трамп, ќе потпише три извршни одредби за намалување на цените на лековите на рецепт, објави шефот на неговата канцеларија, Марк Медоус.
„Претседателот ќе потпише три извршни одредби, кои во голема мера ќе гарантираат дека просечниот Американец ќе плати помалку за своите лекови на рецепт“, рече Мејдоус во интервјуто за „Фокс бизнис-нетворк“.
Тој не даде детали кога ќе бидат потпишани одредбите.
Медоус изјави за „Фокс њуз“ дека Белата куќа сакала да стори нешто за цената на лековите што се издаваат на рецепт бидејќи Конгресот не презел конкретни мерки.
Истиот ден Претставничкиот дом усвои предлог-закон за здравство, кој вклучува одредби за намалување на цените на лековите на рецепт. Претставничкиот дом го контролираат демократите, а законот се очекува да биде блокиран од Сенатот, кој е контролиран од републиканците, забележува „Ројтерс“.
Трамп заостанува зад претседателскиот кандидат на демократите, Џо Бајден, во анкетите пред претседателските избори на 3 ноември, а трошоците за здравствена заштита се централно прашање во кампањата, потсетува агенцијата.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Регион
Пијана Србинка истепала маж во автобус во Минхен, зашто и` рекол да стави маска

Жена со српско потекло ги шутирала патниците во јавниот превоз во Минхен, кои од неа барале да ги почитува мерките за носење маска.
Бидејќи не носела маска, еден маж и пришол на 22-годишната жена барајќи од неа да ја стави, како што е пропишано. Потоа следела вербална расправија која се претворила во тепачка.
Според полицијата, жената го шутнала мажот во стомакот, а за време на тепачката, тој добил неколку гребаници на раката. Покрај тоа, таа му откинала ланецот и му го оштетила мобилниот телефон. Германската полиција, која била предупредена поради тепачка во јавниот превоз, ги раздвоила двајцата патници.
При утврдувањето на причината за ситуацијата, жената ги навредувала чуварите, и неколкупати ги клоцала. Патем, таа била во алкохолизирана состојба, како што подоцна било утврдено, во крвта имала 2,66 промили алкохол.
Полицијата започна истрага за нанесување телесни повреди, навреди, како и нанесување штета. Исто така, поднесена е пријава за непочитување на мерките за корона, за што ќе биде казнета со 250 евра.
Европа
Нови правила за влез во Германија

За земјите со особено голем број инфекции, меѓу кои е и нашата, или со опасни мутации – од недела важат построги правила за влез во Германија. Контролата се спроведува на германските граници и аеродроми.
За да ја заштити Германија од увоз на нови случаи со корона, сојузната влада класифицираше значително повеќе земји во области со висок ризик отколку порано, пренесува ДВ. Новина е списокот на земји во кои т.н. седумдневна инциденцијаа е повеќе од 200 новозаразени на 100.000 жители неделно (Германија во моментов: 111).
Сите патници кои доаѓаат или се враќаат во Германија, потребно е да се регистрираат преку интернет на Einreiseanmeldung.de – пред да влезат во земјата.
Патниците од ризични области, земји или региони со инциденција над 50 мора да се тестираат на короната не подоцна од 48 часа – по влегувањето во Германија.
Според германското Министерство за внатрешни работи, тестовите систематски се проверуваат на аеродромите и пристаништата. Особено, летовите од таканаречените области со висок ризик се „доследно проверувани“ – проверени директно во авионот и пред пасошка контрола. Покрај тестовите, се контролира и дали патниците ги пополниле формуларите за апликација.
Во пограничните области со другите земји на ЕУ и Швајцарија, патниците се проверуваат по случаен избор. Според федералната полиција, дополнителните мерки служат за идентификување на патници кои мора веднаш да бидат испратени во карантин.
Во принцип, сите патници кои влегуваат или се враќаат во Германија и кои биле во областа на ризик (категории од 1 до 3) во последните десет дена пред влезот, треба да поминат десетдневен карантин. Карантинот може да се скрати само по пет дена, ако се направи друг тест и е негативен.
Правилата за карантин се одговорност на сојузните покраини и затоа може да се разликуваат. Деловните патувања генерално се ослободени од карантин.
Европа
Новиот вид коронавирус ќе стане доминантен во Германија

Новиот британски вид коронавирус ќе стане доминантен во Германија, истакна шефот на канцеларијата на германската канцеларка Ангела Меркел, Хелге Браун.
„Во моментов гледаме дека веќе сега имаме работа со новиот вид коронавирус во неколку болници. Ова значи дека новиот вид влегол во земјата и дека, како и во другите земји, ќе го потисне стариот и ќе ни создаде проблеми“, изјави Браун за јавниот сервис АРД.
Затоа, посочува тој, сега е важно да се задржи курсот, да се намали бројот на новозаболени што е можно повеќе.
- Книги1 месец
Македонски лекар ја објави последната исповед на Јосип Броз Тито
- Македонија3 месеци
Излезе од затвор Панче Ангелов, напаѓачот на Шекеринска од 27 април
- Македонија2 месеци
МЖСПП: Мечкиното грозје важен ресурс, кој треба грижливо да го собираме
- Црна хроника2 месеци
Млада девојка од Штип пронајдена мртва во нејзиниот дом
- Економија3 месеци
(Видео) Младите од Струмичко порачуваат – ако не проработи рударскиот комплекс, ќе се иселиме сите
- Македонија2 месеци
(Видео) Отстранети два нелегално изградени објекта во општина Центар
- Спорт3 месеци
Гетџи: По мечот со Хабиб, мојата мајка конечно ќе може да се пензионира
- Македонија1 месец
Возачот на „бентлито“ што „влета“ на плоштад казнет со 45 евра, објавена фотографија од записникот