Свет
Шефот на рускиот преговарачки тим: Очекувањата не се исполнети

По речиси тричасовни преговори, заврши третата рунда преговори меѓу Русија и Украина.
„Не се исполнија очекувањата на руската страна од преговорите со Украина во регионот Брест“, изјави шефот на руската преговарачка делегација и помошник на претседателот на Русија, Владимир Медински.
Украинскиот преговарачки тим, по завршувањето на преговорите, полета со хеликоптер.
Специјалната операција на руските вооружени сили во Украина трае веќе 12 дена.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Европа
Русите нападнаа повеќе од 40 градови во Донбас

Најмалку пет цивили загинаа, а 12 се ранети во напад на руските сили на повеќе од 40 градови во Донбас, тврди украинската армија.
– Окупаторите гранатираа повеќе од 40 градови во регионите Доњецк и Луганск и уништија или оштетија 47 цивилни згради, меѓу кои 38 куќи и едно училиште. Во гранатирањето загинаа пет цивили, а 12 се ранети – објавија на Фејсбук украинските вооружени сили.
Во соопштението се наведува дека се одбиени 10 напади, а уништени се четири тенкови и четири дронови.
Исто така, се тврди дека загинале 62 непријателски војници.
Украинското Министерство за одбрана соопшти дека руските сили спроведуваат интензивна офанзива врз клучниот град Лиман во областа Доњецк.
Лиман е важен железнички центар и ако Русите успеат да ја преземат контролата таму, блискиот град Славјанск станува поранлив на напади, а украинските војници југоисточно од градот стануваат поизложени на опасностите од опсада, пренесуваат мадиумите.
Свет
Зеленски со остри критики кон Хенри Кисинџер

Украинскиот претседател Володимир Зеленски остро го критикуваше поранешниот американски државен секретар Хенри Кисинџер, кој посочи дека мировните преговори треба да бидат насочени кон создавање граници долж „линијата на поделба“ во Донбас, која постоеше пред рускиот напад врз Украина.
Кисинџер зборуваше преку видео врска на Светскиот форум во Давос, објави Си-Ен-Ен.
Зеленски во средата одговори дека „што и да прави руската држава, некој секогаш ќе дојде и ќе рече: „да ги земеме предвид нивните интереси“.
„Оваа година во Давос го слушнав повторно, и покрај илјадниците руски проектили што ја погодија Украина. И покрај десетици илјади убиени Украинци. И покрај масовните убиства во Буча и Мариупол. И покрај уништените градови. И покрај „логорите за чистење Тоа ги прави руската држава, каде убиваат, мачат, силуваат и понижуваат како на подвижна лента“, рече Зеленски.
Тој додаде дека Русија и го направила тоа „на цела Европа“.
„Меѓутоа, во Давос, на пример, господинот Кисинџер излегува од длабокото минато и вели дека дел од Украина треба да и се даде на Русија“, рече Зеленски.
Кисинџер претходно изјави дека преговорите треба да почнат во следните два месеци, пред конфликтот да создаде такви пресврти и тензии кои нема да бидат лесно да се надминат.
„Идеално, линијата на поделба треба да се врати на статус кво пред конфликтот“, рече Кисинџер, очигледно сугерирајќи дека Украина треба да се согласи да се откаже од поголемиот дел од Донбас и од целиот Крим.
Зеленски ги спореди ставовите на Кисинџер со оние на нацистичка Германија во 1938 година.
Се чини дека календарот на Кисинџер не е 2022 година, туку 1938 година, а тој мислеше дека зборува со публика во Минхен, а не во Давос. Патем, во 1938 година, кога семејството на Кисинџер бегаше од германските нацисти, тој имаше 15 години. “, додаде Зеленски, пренесуваат медиумите.
Свет
11 бебиња загинаа во пожар во болница во Сенегал

Сенегалскиот претседател Меки Сал изјави дека 11 новороденчиња загинале во пожар во регионалната болница во Тивауан.
Сал изјавил дека се се случило на одделот за неонатологија.
– Само што дознав дека 11 новороденчиња загинаа во пожар што се случи во неонатолошкиот оддел на болницата.
– Изразувам најдлабоко сочувство до нивните мајки и нивните семејства – додаде Сал, кој моментално е во државна посета на Ангола.
Градоначалникот на Тивауан рече дека полицијата и противпожарната служба сè уште работат. Сенегалскиот министер за здравство Абдулаје Диуф Сар изјави за приватната сенегалска телевизија ТФМ дека според прелиминарната истрага пожарот настанал по краток спој, пренесува Ројтерс.
#BREAKING 11 babies killed in Senegal hospital fire: president pic.twitter.com/LxAVxS2m46
— AFP News Agency (@AFP) May 26, 2022