Свет
Шефот на СЗО: Треба повторно да се истражи тезата дека вирусот потекнува од лабораторија

Шефот на Светската здравствена организација (СЗО), Тедрос Гебрејсус, побара нова истрага од специјализирани експерти во врска со наводното протекло на коронавирусот од лабораторија во Кина и предупреди дека меѓународните експерти немале непречен пристап до податоците.
Иако експертите кои го истражуваа потеклото на вирусот во јануари и февруари во Кина, ја наведоа хипотезата дека вирусот потекнува од лабораторија како најмалку веројатна, „потребно е дополнително истражување, во нови мисии, со специјализирани експерти, кои сум подготвен да ги распоредам“, посочи челникот на СЗО на брифинг со земјите членки, во врска со извештајот кој беше официјално објавен.
Претпоставката дека вирусот кој ја предизвика пандемијата од Ковид-19 потекнува од лабораторијата беше силно поддржана од американската администрација под претседателство на Доналд Трамп, за која тврдеа дека се заснова на информации од нивните разузнавачки служби.
Кина од почеткот категорично ја отфрла ваквата можност.
Шефот на СЗО исто така нагласи дека меѓународните експерти посочиле оти имале потешкотии во пристапот до податоците за време на престојот во Кина.
„Се надевам дека новите заеднички истраги ќе се базираат на поширока и побрза дистрибуција на податоци“, додаде Гебрејсус.
Во меѓувреме, САД и уште 13 други земји изразија загриженост дека извештајот на Светската здравствена организација за потеклото на Ковид-19 доцни и дека не е заснован на целосни податоци.
„Подеднакво е важно да ја изразиме нашата заедничка загриженост дека меѓународната експертска студија за изворот на вирусот САРС-Ков-2 значително доцнеше и дека не е заснована врз целосни, оригинални податоци и примероци“, се вели во заедничкото соопштение, кое го пренесе агенцијата „Ројтерс“.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Свет
Убиецот на Кирк го признал злосторството пред својот татко, но не сакал да се предаде

Откако американските власти ги објавиле фотографиите од лицето кое било барано за убиството на политичкиот активист, Чарли Кирк, таткото на Тајлер Робинсон го препознал својот син и се соочил со него, пренесува „Си-би-ес њуз“ повикувајќи се на извори од федералните полициски агенции.
Според истите извори, Робинсон пред својот татко признал дека тој е лицето од фотографиите. Таткото го убедувал да се предаде, но младиот човек одбил, заканувајќи се дека попрво би си го одзел животот одошто да заврши зад решетки.
Во драматичната ситуација, таткото побарал помош од семеен пријател – свештеник за млади, кој воедно е и судски службеник за обезбедување. Свештеникот на крај ја повикал американската полиција, која го привела Робинсон и го држела на безбедно до пристигнувањето на агентите на ФБИ. Младиот човек потоа бил предаден во притвор.
Свет
(Видео) Трамп: Ја решив војната меѓу Албанија и Азербејџан

Американскиот претседател Доналд Трамп, во гостување на „Фокс њуз“, изјави дека успеал да реши војна меѓу Албанија и Азербејџан – конфликт што никогаш не постоел.
Очигледно, тој ја помешал Албанија со Ерменија.
Трамп раскажа дека, наводно, ги довел лидерите на „двете држави“ во својот кабинет и ги натерал да се прегрнат и помират.
„22 години се борев, убивав негови луѓе“, наводно рекол едниот; „Седум години убивав нивни луѓе“, додал другиот.
„Јас им реков: ’Ајде да се прегрнете’. И го решивме проблемот“, изјави Трамп.
Trump confused Armenia with Albania during a Friday interview on Fox News.
“I ended wars that were thought to be unsolvable. Azerbaijan and Albania. It went on for many, many years,” he said. pic.twitter.com/86KJvi17Rm
— NEXTA (@nexta_tv) September 12, 2025
Свет
Осомничениот за убиството на Чарли Кирк се брани со молчење

Тајлер Робинсон, осомничениот за убиството на Чарли Кирк, престанал да комуницира со истражителите откако ангажирал адвокат. Деталите од неговиот прв разговор со полицијата се непознати.
„Тајлер Робинсон, човекот осомничен за пукањето и убиството на Чарли Кирк во среда, не разговара со истражителите“, потврдија за „Си-ен-ен“ два извори запознаени со случајот.
Еден од изворите рече дека Робинсон првично комуницирал со полицијата, но набрзо замолчил откако утрово ангажирал адвокат. Засега не е познато што разговарал со истражителите пред да одлучи да молчи.