Свет
Шкотската премиерка се извини за кршење на мерките: „Не бев во право и жал ми е“
Шкотската премиерка Никол Старџен се извини по прекршувањето на мерките против коронавирусот симнувајќи ја маската по погреб. На фотографијата објавена во шкотскиот „Сон“ се гледа како Старџен разговара со три жени во еден бар држејќи се на дистанца, но без маска.
Во согласност со епидемиолошките мерки во Шкотска, задолжително е носење на маската во затворени простории, освен на маса, а маската мора да се носи додека гостите се во движење. Старџон присуствуваше на погреб на владин службеник, пренесува „Гардијан“.
„Ја тргнав маската некое време. Тоа беше глупава грешка и навистина жалам“, рече премиерката.
Таа додаде дека секој ден размислува за важноста од носење маска и затоа сака да се извини. „Згрешив и жал ми е“, рече Старџен.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Свет
Папата го предупредува Трамп додека тој го крши молчењето за „спиралата на насилство“
Папата го повика Доналд Трамп да ја запре „спиралата на насилство“ на Блискиот Исток „пред да стане непоправлива бездна!“
Папата Лав XIV му испрати силна порака на американскиот претседател додека зборуваше во Ватикан во неделата.
„Со длабока загриженост го следам она што се случува на Блискиот Исток и во Иран во текот на ова бурно време“, истакна Папата во својот говор.
Свет
Едно лице загина, а 32 се повредени во Кувајт
Министерството за здравство на Кувајт соопшти дека едно лице е убиено, а 32 се ранети „поради актуелните случувања во регионот“.
Повредените се лекуваат во болницата Ал-Адан, соопшти Министерството.
Свет
Масовно пукање во Америка, најмалку тројца мртви
Најмалку три лица се убиени, а 14 повредени во масовно пукање што се случи денеска во бар во Остин, Тексас, соопшти полицијата. Сите 14 повредени се однесени во болница, а тројца се во критична состојба.
Полицијата потврди дека осомничениот за нападот е убиен на местото на настанот во размена на оган со полицајците.
Властите сè уште не го објавија идентитетот на напаѓачот ниту коментираа за можен мотив за нападот.

