Свет
Шпанската полиција со масовна рација затвораше хероински дувла

Полицијата во Барселона соопшти дека во центарот на градот е во тек масовна рација во диво вселени станови што се користат за трговија со луѓе и конзумирање на хероин и други наркотични средства, пренесува Брејтбарт.
Најмалку 700 полициски агенти учествуваат во операцијата против трговијата со дрога во понеделникот, која следува по двегодишната истрага за криминалните гругови кои управуваат со становите, соопшти регионалната полиција на Каталонија во серија твитови.
Портпаролката на полицијата одби да го обелодени бројот на уапсени во акцијата.
Судот во Барселона одобри 40 претреси на станови, исто така познати како „наркодувла”, во централните населби Равал и Готик.
Жителите на Барселона се жалат дека зголемениот број нелегално вселени станови што се користат како центри за дистрибуција и потрошувачка на дрога, главно хероин, ја зголемил несигурноста во последниве години.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Свет
Русија: НАТО не знае географија, рано се радуваат

Не требаше долго време за да стигнат серија одговори од Русија за зајакнувањето на трупите на НАТО, како што најави генералниот секретар Столтенберг.
„ Со тоа што вели дека со влезот на Финска и Шведска во НАТО ќе има повеќе северноатлантски сојузи на руските граници, генералниот секретар на организацијата покажува дека на училиште не учел географија“, пренесува „Спутник“.
„ Рано се радува. Не учел географија на училиште. Во случај Финска и Шведска да влезат во НАТО, ќе има повеќе Русија на нејзините граници“, му одговори Володин на Столтенберг на неговиот Телеграм.
Претходно генералниот секретар на НАТО Јенс Столтенберг изјави дека го поддржува приемот на Финска и Шведска во НАТО. Според него, во тој случај Русија „ќе добие повеќе НАТО на своите граници“.
Регион
Туристка од Англија паднала од осум метри висина додека правела селфи во Црна Гора

Туристка од Англија е тешко повредена откако паднала од осум метри висина додека правела селфи во туристичкото место Бар, во Црна Гора.
Несреќата се случила на Паштровачка гора, на кривината од Вирпазар кон Петровац, јавува порталот „Приморски“.
Повредената жена од провалија ја извадиле припадници на Службата за заштита и спасување од Бар. Службата за заштита и спасување соопшти дека жената имала среќа, со оглед дека теренот бил карпест и стрмен, а таа паднала од висина од околу осум метри.
На жената и била укажана итна медицинска помош на лице место, по што била пренесена во Клиничкиот центар на Црна Гора.
Не е познато колку тешко е повредена Англичанката.
Регион
Силен земјотрес ја потресе Херцеговина, се почувствува и во Хрватска

Силен земјотрес го потресе подрачјето на Босна и Херцеговина. Според првите информации, магнитудата била 4,8 степени, пишува EMSC.
Епицентарот бил на 24 километри од Мостар и 10 километри од Широки Брег.
„ Се почувствува и кај нас“ јавуваат од Далмација за хрватските медиуми.
Засега нема информации за евентуални штети или повредени.