Свет
Ѓоковиќ пристигна во Австралијa, но не доби дозвола за влез
Светскиот рекет број еден, Новак Ѓоковиќ, пристигна во Австралија, но му е одбиена визата за престој во земјата.
Регионалната влада на државата Викторија го одбила повикот на граничните власти да ја поддржи издадената виза за најдобриот светски тенисер.
Како што се наведува, властите посочуваат дека тимот на Ѓоковиќ испратил погрешен формулар за издавање виза. Ѓоковиќ има виза со која не може да влезе како невакциниран и покрај медицинското ослободување од обврската.
Наводно граничните служби ја повикале владата на Викторија да го одобри влезот на Ѓоковиќ, но од таму одбиле.
Тој пристигнал на аеродромот околу 13.30 часот по наше време и засега не може да влезе во земјата, па чека да се разреши ситуацијата со формуларот.
Во Австралија сега е полноќ и е прашање колку српскиот тенисер ќе треба да чека за да се разреши целата ситуација.
Претходно, австралискиот премиер Скот Морисон најави дека тенисерот при влезот ќе мора да докаже дека има медицинско оправдување поради кое не е вакциниран против коронавирусот, што го добил автентично, или ќе биде испратен дома со првиот авион.
Вчера, една од најважните вести во светот на спортот беше дека Ѓоковиќ ќе ја брани титулата во Мелбурн бидејќи добил медицинска дозвола од австралиските власти невакциниран да настапи на Австралија опен.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Свет
Ирак: Соборен дрон кај меѓународниот аеродром во Багдад
Ирачките власти соопштија дека дрон бил соборен во близина на меѓународниот аеродром во Багдад, без жртви или материјална штета, јави Анадолу.
Во соопштение пренесено од Ирачката новинска агенција (ИНА) се наведува дека леталото било пресретнато на надворешниот периметар на аеродромот.
Генерал-потполковник Саад Маан изјавил дека станува збор за мало беспилотно летело и потврдил дека нема човечки или материјални загуби.
Овој развој на настаните доаѓа откако претходно во Ербил, на северот на Ирак, се слушнале експлозии по напад со дрон насочен кон американскиот конзулат и градскиот аеродром, каде биле активирани системите за противвоздушна одбрана. Дроновите биле пресретнати, но нема потврда за нивниот точен број.
Свет
(Видео) Нови снимки од Бејрут: Хотел тешко оштетен во израелски напад
Нови снимки од либанската престолнина Бејрут покажуваат сериозни оштетувања на хотел во населбата Хазмие, источно од центарот на градот, додека израелските напади продолжуваат.
На снимките се гледа тешко оштетена фасада на хотелската зграда по нападот.
Hazmieh now pic.twitter.com/Q1lN9MoKlC
— Pheebs (@galpalpheebs) March 4, 2026
Фото: ЕПА
Свет
Мерц: Трамп ме увери дека американската војска ќе остане во Германија
Американскиот претседател Доналд Трамп потврдил дека САД планираат да ја задржат својата воена присутност во Германија, изјави германскиот канцелар Фридрих Мерц по средбата со него во Белата куќа.
„Трамп уште еднаш ме увери дека САД имаат намера да ја задржат својата воена присутност во Германија“, изјави Мерц во Вашингтон, додавајќи дека тоа се добри вести.
Во последните месеци се шпекулираше дека, поради критичкиот став на Трамп кон Европа, би можело да дојде до повлекување на американските трупи од Германија.
Мерц рече дека со Трамп разговарале и за подобра организација на заедничкото одвраќање пред самитот на НАТО во Анкара во јули.
Тој додаде дека Трамп признал дека Германија презела водечка улога во зајакнувањето на европскиот столб на НАТО и дека САД го почитуваат германското вложување во војската.

