Свет
Јапонија утре ќе се обиде да слета на Месечината: „Не чекаат 20 минути ужас“
Јапонија утре околу 16 часот ќе се обиде да изврши тежок вселенски маневар и да слета на површината на Месечината за прв пат. Досега во тоа успеале само четири земји: САД, Кина, поранешниот Советски Сојуз и Индија. Тоа е многу ризичен потфат. Во август минатата година, Индија стана четвртата земја која успешно изврши меко или контролирано слетување на Месечината, откако Русија не успеа да го стори тоа во истиот месец.
Минатата недела вселенското летало Перегрин (соработка помеѓу приватна американска компанија и НАСА) се откажа од оваа идеја. Ако успееше, тоа ќе беше првата американска мисија што ќе слеташе на Месечината од 1972 година, односно од ерата на програмата Аполо. Лани на Месечината се урна и лунарниот лендер Хакуто-Р на јапонската компанија Испејс.
Значи, ако јапонскиот лендер СЛИМ успешно слета на површината на нашиот природен сателит, тоа ќе биде третата земја која постигнала таков успех во 21 век, а петта што извршила таканаречено меко слетување на Месечината во историјата на човештвото.
Кога кинеското вселенско летало слета на Месечината во 2013 година, тоа беше првото меко слетување на нашиот природен сателит по советското летало Луна 24 во 1976 година. Мекото слетување на Месечината значи контролирано спуштање на вселенско летало на површината без значително оштетување на леталото и/или неговите научни инструменти.
Тврдото слетување се однесува на спуштање на земја што резултира со значителна штета на леталото, а често и до губење на контакт. Овој тип на слетување може да биде намерно или планирано, но може да биде и неуспешен обид за меко слетување.
„Мислам дека ни претстои 20 минути ужас, а во периодот од забавување до слетување на површината на Месечината, ќе заборавиме да дишеме“, рече Кенџи Кушики од проектот СЛИМ, како што пренесува Си-ен-ен.
Малиот истражувачки лендер е дизајниран да демонстрира високопрецизно слетување на сонди кои се евтини и лесни. Јапонската вселенска агенција (JAXA) се надева дека оваа нова технологија ќе овозможи слетување на опасен, карпест терен.
СЛИМ ќе се обиде да слета во област која се протега само на 100 метри. За споредба, зоната за слетување на Перегрин се протегала неколку километри. Доколку СЛИМ ја пропушти својата шанса да ја „допре“ Месечината утре, ќе се обиде повторно на 16 февруари.
Во случај на успешно слетување, СЛИМ ќе ја проучува површината јужно од Морето на тишината за краток период. Неговата цел е локација во близина на мал ударен кратер во рамнината позната како Море на нектар, за која се верува дека е формирана од древна вулканска активност. Таму ќе го истражат составот на карпите, што би можело да ни помогне подобро да го разбереме формирањето и развојот на Месечината.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Свет
Израелската војска: Од понеделникот погодени повеќе од 250 цели на Хезболах во Либан
Израелската војска соопшти дека почнала нов бран воздушни напади врз инфраструктура на Хезболах во либанската престолнина Бејрут.
Израелските одбранбени сили (ИДФ) најавија дека дополнителни детали за нападите ќе бидат објавени подоцна. Пред ударите биле издадени предупредувања за евакуација на две згради во Бејрут.
Според ИДФ, од понеделникот, кога Хезболах се вклучил во конфликтот, израелските сили погодиле повеќе од 250 цели во Либан, од кои околу 100 во последните 24 часа.
Меѓу целите, како што тврди израелската војска, биле оперативци на милитантни групи, ракетни лансери, складишта за оружје и командни центри на Хезболах.
Во јужен Либан, според израелските процени, околу 300.000 цивили ги напуштиле своите села по наредбите за евакуација издадени од ИДФ. Во текот на ноќта биле издадени и нови предупредувања за евакуација за повеќе од десет населени места.
Фото: Depositphotos
Регион
(Видео) Српска инфлуенсерка од Дубаи: Се слушаат удари, некои луѓе не сфаќаат што се случува
Српските инфлуенсерки Сара и Ања Дамњановиќ се наоѓаат во Дубаи, каде, како што велат, изминатите денови се слушаат експлозии по нападите во регионот.
Сара во видео објава раскажа дека тие биле евакуирани од стан и се преселиле во хотел на понизок кат поради безбедност, пренесе „Б92“.
View this post on Instagram
„Последниот силен удар го слушнав вчера наутро и ме разбуди. Кога бевме на 24. кат, зградата се тресеше и се слушаше силен звук“, изјави таа.
Додава дека ситуацијата е различна во зависност од делот на градот – додека некаде се активираат аларми и има евакуации, на други места луѓето седат во кафулиња и сè изгледа нормално.
Инфлуенсерката вели дека лично не паничи, но е загрижена поради големиот број информации и лажни видеа што се шират на социјалните мрежи.
Таа опиша и момент кога, трчајќи кон гаража, видела што се случува на небото и дека хотел на околу два километри од нив бил погоден. И покрај тензијата, вели дека градот функционира релативно нормално, иако понекогаш сообраќајот кратко се прекинува по нападите.
Фото: Depositphotos
Свет
Франција испрати борбени авиони „Рафал“ во своите бази на Емиратите
Франција распореди борбени авиони „Рафал“ во своите воени бази во Обединетите Арапски Емирати со задача да го обезбедуваат воздушниот простор над базите, изјави францускиот министер за надворешни работи Жан-Ноел Баро.
Тој за телевизијата „БФМТВ“ изјави дека авионите спровеле операции за обезбедување на воздушниот простор, но не изнесе дополнителни детали за мисијата.
Распоредувањето доаѓа во време на ескалација на конфликтот на Блискиот Исток.

