Свет
Јапонската влада сака да ја зголеми возраста за пензионирање на 70 години

Владата на Јапонија има намера на парламентот да му предложи закони за зголемување на возраста за пензионирање на државните службеници, објави денеска премиерот Јошихиде Суга.
„Потребно е да се зголеми возраста за пензионирање за да се исполнат сè покомплексните административни задачи“, рече тој за време на дебатата во една од комисиите на Долниот дом на парламентот.
„Ние се подготвуваме за брзо воведување на релевантни закони“, додаде тој.
Стареењето и намалувањето на населението е еден од најважните социјални проблеми во Јапонија. Според официјалните податоци на здравствените власти, јапонските мажи се во можност да работат во просек до 71 година, а Јапонките до 74 години. Владата ги смета постарите Јапонци како витална работна сила.
Општо земено, пензиите во Јапонија се добиваат по 65-та година од животот, граѓаните имаат право да работат подолго, но имаат право на пензија во секое време на возраст од 60 до 70 години. Пензиите на оние што го прават тоа пред 65-тата година се нешто пониски, а оние кои продолжуваат да работат по 65-тата година имаат прaво нa бонус.
Сега се разгледува зголемување на официјалната возраст за пензија за пет години, со зголемување на соодветните придобивки.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Свет
Норвешка ја одложи одлуката за вакцината на „Астразенека“

На Норвешка ѝ треба повеќе време да процени дали да продолжи да ја користи вакцината на „Астразенека“ или да ја исклучи од програмата за вакцинација, изјави денеска министерот за здравство, Бент Хеј.
Норвешкиот Институт за јавно здравје препорача да се прекине употребата на вакцината на „Астразенека“, но на владата ѝ требаат повеќе информации пред да донесе конечна одлука.
Властите ја прекинаа вакцинацијата со оваа вакцина на 11 март откако мал број вакцинирани млади беа хоспитализирани поради комбинација на згрутчување на крвта, крвавење и ниско ниво на тромбоцити, а некои од нив починаа.
„Владата верува дека нема доволно добра основа да постигнеме конечен заклучок дека вакцината треба да се отстрани од норвешката програма за вакцинирање во овој момент“, рече Хеј.
Тој додаде дека владата ќе назначи комисија за понатамошно анализирање на сите достапни податоци и до 10 мај ќе достави извештај.
Свет
(Видео) Шефицата на Агенцијата за лекови на Данска колабираше на прес-конференција

Шефицата на Агенцијата за лекови на Данска, Тања Ерихсен, се онесвести на прес-конференција на која ја соопшти одлуката дека нејзината земја веќе нема да ја користи вакцината на „Астразенека“.
Ерихсен се струполи на земја одеднаш. Таа била пренесена во болница, а данските медиуми информираа дека сега се чувствува добро.
Данска вчера стана првата европска земја која објави дека веќе нема да ја дава вакцината на „Астразенека“.
Европа
Четири лица починаа по примањето на вакцината на „Астразенека“ во Италија

Четири лица во Италија починаа од ретки тромби, откако беа вакцинирани со вакцината на „Астразенека“, се вели во извештајот на националната фармацевтска агенција АИФА објавен денес.
Според извештајот на АИФА, различни несакани ефекти биле потврдени кај 0,5 проценти од 9 милиони дози инјектирани помеѓу 24 декември и 26 март со употреба на вакцини од три производители – „Фајзер“, „Астразенека“ и „Модерна“.
Тешки несакани ефекти биле потврдени во 0,04 проценти од случаите. Лесните несакани ефекти најчесто биле симптоми на грип, болка на местото на убодот и замор.
Како и многу европски земји и Италија накратко ја прекина вакцинацијата со вакцината на „Астразенека“ во март кога се појави загриженост за појава на тромби. Оттогаш, со оваа вакцина во Италија се вакцинираат само луѓето постари од 60 години, бидејќи европските регулатори заклучија дека придобивките од вакцинацијата се многу поголеми од ризиците.
Во Италија 11 лица развија тромби, откако примија вакцина на „Асразенека“, а четири починаа.
- Свет3 месеци
Поради примање мито во Кина погубен поранешен државен функционер
- Европа2 месеци
Планот за отклучување на Германија протече во медиумите, Меркел: Имаме трет бран
- Економија2 месеци
Сите брендови на Индитекс доаѓаат во „Ист гејт мол“
- Свет1 месец
(Видео) Полиција собори маж на земја пред неговото мало дете зашто немал маска
- Црна хроника2 месеци
Брат и сестра нападнати на Широк сокак
- Економија2 недели
„Оштетени штедачи“: Фирма на Игор Џамбазов зела неповратен кредит од Еуростандард банка
- Регион2 месеци
Вучиќ за ковид-пасошите: Кои сте вие да го ограничите движењето на некој што не сака да се вакцинира?
- Македонија2 недели
Ѓорчев: Мојот татко е во кома откако се вакцинираше во Ниш