Свет
Јужнокорејски дипломат: Ким е во кома и неговата сестра ја презеде контролата

Медиумите „Дејли мејл“, „Мирор“ и „Њујорк пост“ ја пренесоа изјавата на јужнокорејскиот дипломат, кој тврди дека Ким Џонг-ун е во кома и дека неговата сестра ја презела контролата врз Северна Кореја.
Чанг Сонг-мин, поранешен помошник на починатиот претседател на Јужна Кореја, Ким Дае Јунг, тврди дека се крие вистината за влошената здравствена состојба на владетелот на Северна Кореја и дека, колку што разбира, тој е во кома.
Шпекулациите за вистинското здравје на Ким растат како резултат на неговото отсуство на јавни настапи оваа година.
Говорејќи за локалните медиуми, Чанг Сонг-мин рече: „Јас проценувам дека тој е во кома, но тој е жив“, пренесуваат медиумите.
Тој додаде дека сестрата на Ким Џонг-ун, Ким Jо-џонг (33) е во позиција да ги преземе некои од овластувањата на свпјот брат.
Минатата недела медиумите објавија дека Ким Џонг-ун ѝ дал поголеми овластувања на својата сестра и дека сега таа е одговорна за севернокорејската политика кон САД и Јужна Кореја.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Свет
Медведев за Фон дер Лајен: Се чини дека злобната старица – гинеколог им здосади на сите

Претседателката на Европската комисија, Урсула фон дер Лајен, најверојатно ќе остане на функцијата, иако непријатен впечаток остави приказната за набавката на вакцината „Фајзер“ за време на пандемијата, според заменик-претседателот на Советот за безбедност на Русија, Дмитриј Медведев.
„Се чини дека злобната старица – гинеколог им здосади на сите. Покрај тоа, беше откриено дека си ги извалкала рацете и учествувала во манипулации со набавката на вакцините на „Фајзер“ за време на пандемијата“, изјави Медведев.
„Не е познато што, и во какви количини добила, секако остави непријатен впечаток. Ова започна непријатен процес за неа. Уште оваа недела, за судбината на Урсула ќе одлучува бесмислениот и немилосрден Европски парламент. Ситуацијата е нејасна. Многу е веројатно дека оваа токсична жена сепак ќе ја задржи својата позиција“, напиша тој на својот Телеграм канал.
Во понеделникот, Европскиот парламент на својата седница во Стразбур ќе разгледа гласање за недоверба на претседателката на Европската комисија поради сериозни неправилности во набавката на вакцини за време на пандемијата на коронавирусот, пренесуваат медиумите.
Регион
Силен земјотрес во близина на Крит: ги вознемири жителите на островот

Силен земјотрес денес го погоди подрачјето во близина на брегот на Крит.
Епицентарот на земјотресот се наоѓа 31 километар источно-североисточно од Закрос на овој остров, објавува грчкиот „Прототема“.
Земјотресот се случил во 20:46 часот по грчко време, а сеизмичкиот потрес имал јачина од 5 степени според Рихтеровата скала, според Геодинамичкиот институт.
Длабочината на која се наоѓал епицентарот на земјотресот била 7,8 километри, објавуваат медиумите.
Свет
Трамп: Во август ќе воведеме царини од 25 проценти за Јапонија и Јужна Кореја

Американскиот претседател Доналд Трамп објави дека, почнувајќи од 1 август, ќе бидат воведени царини од 25 проценти за стоки од Јапонија и Јужна Кореја, објави денес Блумберг.
Царините за Јапонија и Јужна Кореја, објавени на Твитер платформата на Трамп, се во голема мера во согласност со она што тој претходно го најави за воведувањето царини за тие две земји, анализираат медиумите.
По 90-дневно одложување на таканаречените реципрочни царини, кои првично ја погодија Јапонија со стапка од 24 проценти и Јужна Кореја со стапка од 25 проценти, Трамп ги намали тие царини на десет проценти, за да се овозможи време за преговори.
Во своите писма, Трамп ги предупреди земјите против воведувањето реципрочни мерки, велејќи дека во тој случај САД ќе одговорат со воведување нови царини.
„Ако од која било причина одлучите да ги зголемите царинските давачки, тогаш бројот за кој ќе ги зголемите ќе се додаде на 25-те проценти што ги наплаќаме“, рече Трамп, според Танјуг.