Свет
Њу Делхи се задуши во загаден воздух – училиштата затворени
Властите во Њу Делхи наредија училиштата и колеџите да бидат затворени на неодредено време откако Врховниот суд ја критикува одлуката на градската администрација за отворање на образовните институции иако воздухот е со многу слаб квалитет.
Администрацијата на главниот град на Индија минатата недела одлучи да ги отвори училиштата и факултетите откако тие институции беа затворени поради зголеменото загадување на воздухот.
Врховниот суд, кој доби јавна претставка за неможноста на градските власти да го спречат загадувањето на воздухот, изрази негодување поради повторното отворање на училиштата и факултетите.
Забраната за градежни работи и влез во градот за камиони со дизел-мотори што превезуваат несуштинска стока ќе остане во сила, изјави Гопал Раи, градски министер за животна средина, шуми и развој на дивиот свет.
Раи ги повика граѓаните да користат јавен превоз. Властите во Њу Делхи изнајмија дополнителни 700 автобуси на природен гас за да ги поттикнат луѓето да го користат системот за јавен превоз.
Функционерот додаде дека ќе се интензивира примената на мерките за намалување на количеството прашина, како прскање вода од противпожарни возила.
Сè повеќе деца во Њу Делхи завршуваат во болници поради отежнато дишење, што ја зголемува загриженоста кај родителите.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Свет
(Видео) Рубио: Нема повредени во иранскиот напад со дрон врз конзулатот во Дубаи
Американскиот државен секретар Марко Рубио изјави дека сите вработени се безбедни по иранскиот напад со дрон врз комплексот на американскиот конзулат во Дубаи.
Според него, дронот погодил паркинг покрај зградата на конзулатот, а голем број вработени го напуштиле објектот пред почетокот на американско-израелската акција против Иран, пренесе Си-Ен-Ен.
Just got a new angle of the Burjuman Dubai US Embassy Explosion pic.twitter.com/0WM65HOGW2
— Deon Menezes (@DeonMen) March 3, 2026
Претставник на Обединетите Арапски Емирати изјавил дека конзулатот бил затворен во моментот на нападот.
Во безбедносно предупредување е наведено дека Амбасадата на САД во Абу Даби и Конзулатот во Дубаи ги откажале сите термини за визи, услуги за американски државјани и нотарски услуги најмалку до 4 март.
На американскиот персонал во Обединетите Арапски Емирати му било наредено да остане на безбедно и да не доаѓа во дипломатските претставништва.
Канцеларијата за медиуми на Дубаи соопшти дека пожарот предизвикан од инцидентот со дронот е изгаснат и дека нема повредени. Видео снимки на Си-Ен-Ен покажуваат густ црн чад кој се издига над зградата на конзулатот.
Свет
Ирак: Соборен дрон кај меѓународниот аеродром во Багдад
Ирачките власти соопштија дека дрон бил соборен во близина на меѓународниот аеродром во Багдад, без жртви или материјална штета, јави Анадолу.
Во соопштение пренесено од Ирачката новинска агенција (ИНА) се наведува дека леталото било пресретнато на надворешниот периметар на аеродромот.
Генерал-потполковник Саад Маан изјавил дека станува збор за мало беспилотно летело и потврдил дека нема човечки или материјални загуби.
Овој развој на настаните доаѓа откако претходно во Ербил, на северот на Ирак, се слушнале експлозии по напад со дрон насочен кон американскиот конзулат и градскиот аеродром, каде биле активирани системите за противвоздушна одбрана. Дроновите биле пресретнати, но нема потврда за нивниот точен број.
Свет
(Видео) Нови снимки од Бејрут: Хотел тешко оштетен во израелски напад
Нови снимки од либанската престолнина Бејрут покажуваат сериозни оштетувања на хотел во населбата Хазмие, источно од центарот на градот, додека израелските напади продолжуваат.
На снимките се гледа тешко оштетена фасада на хотелската зграда по нападот.
Hazmieh now pic.twitter.com/Q1lN9MoKlC
— Pheebs (@galpalpheebs) March 4, 2026
Фото: ЕПА

