Свет
„Џонсон и Џонсон“ почнува втора фаза од тестирањето на вакцината против Ковид-19
Филијалата „Јансен“ на американската фармацевтска компанија „Џонсон и Џонсон“ денес ја почнува втората фаза од тестирањето на вакцината против Ковид-19 во Шпанија, пренесува „Ројтерс“.
Оваа студија е дел од истражувањето што ќе се одржи во следните два месеца, освен во Шпанија, и во Холандија и Германија.
Истражувањето ќе опфати вкупно 550 лица.
Од компанијата во март порачаа дека во производствените капацитети сакаат да направат повеќе од милијарда дози вакцина против Ковид-19. Од седиштето тогаш соопштија дека тестирањето ќе почне од септември, а се очекува производот да биде спремен за употреба на почетокот од следната година.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Свет
Путин со сочувство до Иран, нападите ги нарече цинично кршење на меѓународното право
Рускиот претседател Владимир Путин денеска изрази длабоко сочувство до иранскиот претседател Масуд Пезешкијан по повод убиството на врховниот лидер Али Хамнеи и членовите на неговото семејство, соопшти Кремљ.
„Ве молам примете го моето најдлабоко сочувство по повод атентатот врз врховниот лидер на Исламската Република Иран, Сејед Али Хамнеи, и членовите на неговото семејство, извршен во цинично кршење на сите норми на човечкиот морал и меѓународното право“, се наведува во соопштението, пренесува агенцијата РИА Новости.
Хамнеи беше убиен во саботата наутро во нападите што ги извршија Израел и Соединетите Американски Држави, потврди утрово иранската влада, а пренесоа иранските државни медиуми.
Во саботата САД и Израел започнаа серија удари врз ирански цели, вклучително и во Техеран, при што беше предизвикана материјална штета и цивилни жртви. Потоа Иран возврати со ракетни напади врз израелска територија и врз американски воени објекти на Блискиот Исток.
Свет
Иран се закани со напади врз САД и Израел: „Ќе удриме со сила каква што не доживеале“, Трамп одговори
Началникот на иранската служба за безбедност, Ари Ларјани, изјави дека Иран ќе ги нападне САД и Израел „со сила каква што никогаш претходно не доживеале“.
„Вчера Иран испали ракети кон САД и Израел и тие нанесоа штета. Денес ќе ги удриме со сила каква што никогаш досега не доживеале“, објави Ларијани на социјалната мрежа Икс.
YESTERDAY IRAN FIRED MISSILES AT THE UNITED STATES AND ISRAEL, AND THEY DID HURT. TODAY WE WILL HIT THEM WITH A FORCE THAT THEY HAVE NEVER EXPERIENCED BEFORE.
— Ali Larijani | علی لاریجانی (@alilarijani_ir) March 1, 2026
Американскиот претседател Доналд Трамп одговори со предупредување преку социјалните мрежи, наведувајќи дека ако Иран нападне посилно од кога било, САД ќе возвратат „со сила каква што никогаш не виделе“.
Откако претходно објави дека во американско-израелските напади бил убиен врховниот верски лидер на Иран, ајатолахот Али Хамнеи, Трамп оцени дека тоа претставува правда и порача дека Иран има најголема шанса да си ја врати земјата.
Тој додаде дека, според негови информации, дел од припадниците на Иранската револуционерна гарда и безбедносните структури не сакаат повеќе да се борат и побараа имунитет, предупредувајќи дека во спротивно ќе се соочат со смрт.
Регион
Оштетена амбасадата на Србија во Техеран во утринските напади
Во утринското бомбардирање на Техеран е оштетена зградата на Амбасадата на Србија во Иран, дознава српски „Телеграф“.
Според информациите на медиумот, била гаѓана блиската база на Басиж, а од силата на ударот е предизвикана материјална штета и на објектот во кој се наоѓа српската дипломатска мисија.
Во нападот нема повредени меѓу персоналот на амбасадата.
Во тек е нов бран напади на Израел и САД врз воени објекти во Иран, особено во Техеран.

