Свет
Абас, конечно, му честита на Бајден, побара да се повлече потегот со Амбасадата
Претседателот на Палестинската Самоуправа, Махмуд Абас, вчера го повика самопрогласениот новоизбран претседател Џо Бајден на зајакнување на палестинско-американските односи, а висок извор го цитира тоа како барање за повлекување на одлуката за преместување на Амбасадата на САД.
„Со нетрпение очекувам да соработувам со новоизбраниот претседател Џо Бајден и неговата администрација на зајакнување на палестинско-американските односи и постигнување слобода и независност, правда и достоинство за нашиот народ, како и работа за мир, стабилност и безбедност за сите во нашиот регион и во светот“, вели Абас во изјавата.
Палестинскиот амбасадор во Велика Британија, Хусам Зомлот, кој претходно беше амбасадор во Вашингтон сè додека администрацијата на Трамп не го протера и не ја затвори дипломатската мисија во Вашингтон, ги поздрави историските и инспиративни избори во САД.
„Ја чувствувам возбудата на оние што се стремат кон праведен и траен мир во Палестина. Ангажманот заснован на меѓусебно почитување, слобода, правда и еднаквост мора да биде патот напред“, напиша Зомлот на „Твитер“.
Премиерот на Палестинската Самоуправа, Мохамад Штајех, рече дека Абас е подготвен за непосреден ангажман со САД ако им бидат исполнети условите. Тој подоцна додаде дека се надева оти транзицискиот тим на Бајден ќе ја стави палестинската кауза на својата листа на приоритети.
I congratulate President-elect Joe Biden & Vice President-elect Kamala Harris for winning the elections and the trust of the American people. We look forward to constructive bilateral US-Palestinian relations towards achieving a just and lasting peace (1/2)
— Dr. Mohammad Shtayyeh د. محمد اشتية (@DrShtayyeh) November 8, 2020
within the frame of two states and ending the Israeli occupation. President Mahmoud Abbas is ready for immediate engagement when there is a partner and a serious process with clear terms of reference. (2/2)
— Dr. Mohammad Shtayyeh د. محمد اشتية (@DrShtayyeh) November 8, 2020
„Очекуваме конструктивни билатерални односи меѓу САД и Палестинците кон постигнување праведен и траен мир во рамките на две држави и ставање крај на израелската окупација. Претседателот Махмуд Абас е подготвен за непосреден ангажман кога има партнер и сериозен процес со јасни задачи“, рече Штајех.
Израелскиот дневен весник „Хајом“ цитира неименуван висок функционер од канцеларијата на Абас, кој изразил загриженост дека Бајден ќе биде премногу произраелски настроен.
„Тој е ветеран на Демократската партија и му припаѓа на крилото на Демократската партија што гледа на Израел како на предност, а не како на товар“, изјави изворот за весникот.
Според него, Абас може да биде еден од првите арапски лидери што се сретнал со Бајден и ќе побара тој веднаш да го повлече признавањето на Ерусалим како израелска престолнина од страна на Трамп и последователното преселување на амбасадата таму.
Блискиот помошник на Абас, Набил Шаат, рече дека Палестинската Самоуправа исто така ќе побара од САД повторно да ја отворат дипломатската мисија во Вашингтон, како и да ја обноват американската помош за Палестинците и за агенцијата на ОН за палестинските бегалци и нивните потомци УНРВА, што Трамп ги прекина.
„Немало ништо полошо од ерата на Трамп. Спасението од неа е постигнување“, рече Шаат.
Минатата недела новата потпретседателка Камала Харис за „Араб-Американ њуз“ изјави дека САД под администрација на Џо Бајден ќе работат на враќање на врските со Палестинците, кои беа прекинатиа под администрацијата на Трамп.
Харис рече дека Бајден повторно ќе ја отвори палестинската дипломатска мисија во Вашингтон и ќе ја обнови хуманитарната помош за Палестинците. Таа додаде дека Бајден е посветен на решението за две држави. Бајден, најверојатно, ќе се спротивстави и на чекорите на израелската влада за примена на суверенитетот на Западниот Брег.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Свет
Трамп го предупреди Иран да не возвраќа на нападите извршени од САД и Израел
Американскиот претседател Доналд Трамп денеска го предупреди Иран да не возвраќа на нападите извршени од САД и Израел.
„Иран штотуку изјави дека денеска ќе удри многу силно, посилно отколку што некогаш удриле претходно“, напиша Трамп на Truth Social.
„Подобро да не го прават тоа“, нагласи тој.
Доколку тоа се случи, САД ќе возвратат „со сила што никогаш претходно не е видена!“, додаде американскиот претседател.
Вчерашните напади беа насочени кон клучни локации каде што се состанувало иранското раководство, при што беа убиени највисоки функционери, вклучувајќи го иранскиот врховен водач, ајатолахот Али Хамнеи, министерот за одбрана и шефот на Корпусот на исламската револуционерна гарда, соопшти израелската војска.
Нападите, во кои загинаа повеќе од 200 луѓе според Црвената полумесечина, предизвика одмазднички удари врз Израел и американските воени сили стационирани на Блискиот Исток.
Свет
Гори Блискиот Исток, експлозии и денеска се слушаат во арапските држави во Заливот
Експлозии денеска повторно се слушнаа во арапските држави во Заливот, по убиството на иранскиот врховен водач, ајатолахот Али Хамнеи, во американско-израелските напади.
Очевидци во катарскиот главен греад Доха известија дека утрово слушнале неколку силни детонации. Катарскиот информативен канал „Ал-Џезира“ објави за најмалку 11 експлозии во Доха.
Експлозии беа пријавени и во Манама, главниот град на Бахреин. Очевидци известија дека слушнале најмалку четири силни детонации. Во овој контекст, на социјалните мрежи беа споделени слики од погоден и оштетен хотел во Манама. Тие првично не можеа да бидат независно проверени, нагласува ДПА.
Техеран ги нападна американските воени бази во регионот повеќепати по почетокот на вчерашните американско-израелски напади врз Иран.
Во арапските заливски држави има илјадници американски војници.
Свет
Техеран ја потврди смртта на врховниот лидер Али Хамнеи и објави 40 дена жалост
Иранскиот државен радиодифузер ја потврди смртта на врховниот лидер Али Хамнеи, неколку часа откако САД и Израел соопштија дека тој е убиен во вчерашните воздушни напади, објави „Иран интернешнл“.
Кратко по објавата за смртта на лидерот, иранскиот кабинет објави седумдневен државен празник и 40 дена национална жалост.
86-годишниот Али Хамнеи беше на власт речиси четири децении, од 1989 година. Имаше врховна власт, владееше со владата, со војската и со судството во шиитската Исламска Република.
Фото: ЕПА

