Свет
Авганистанска политичарка убиена во Кабул
Авганистанската политичарка и поранешна пратеничка Мурсал Набизада (32) и нејзиниот телохранител биле застрелани вчера во нејзиниот дом во Кабул, соопшти полицијата.
Набизада беше една од ретките женски претставнички што останаа во Кабул откога талибанците ја презедоа власта во август 2021 година, пишува Би-би-си.
Брат ѝ и уште еден чувар биле ранети при вчерашниот напад.
Портпаролот на полицијата во Кабул, Калид Задран, изјави дека безбедносните сили почнале сериозна истрага за случајот.
Поранешните колеги на авганистанските политичари ја опишуваат како „бестрашен шампион на Авганистан, кој одби можност да ја напушти земјата“. Кога талибанците се вратија на власт во 2021 година, жените во Авганистан беа отстранети од речиси сите области на јавниот живот.
Поранешната пратеничка Маријам Солејманхил вели дека Набидаза била „силна, отворена жена, која се залагала за она во што верувала, дури и кога се соочувала со опасност“.
„Иако ѝ беше понудена можност да го напушти Авганистан, таа одлучи да остане и да се бори за својот народ“, напиша на „Твитер“.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Свет
Техеран ја потврди смртта на врховниот лидер Али Хамнеи и објави 40 дена жалост
Иранскиот државен радиодифузер ја потврди смртта на врховниот лидер Али Хамнеи, неколку часа откако САД и Израел соопштија дека тој е убиен во вчерашните воздушни напади, објави „Иран интернешнл“.
Кратко по објавата за смртта на лидерот, иранскиот кабинет објави седумдневен државен празник и 40 дена национална жалост.
86-годишниот Али Хамнеи беше на власт речиси четири децении, од 1989 година. Имаше врховна власт, владееше со владата, со војската и со судството во шиитската Исламска Република.
Фото: ЕПА
Свет
Убиени и ќерката, зетот и внукот на ајатолахот Али Хамнеи, јавуваат иранските медиуми
Ќерката, зетот и внукот на врховниот лидер на Иран, Али Хамнеи, се убиени во нападите, соопшти новинската агенција “Фарс“, која е поврзана со Корпусот на Исламската револуционерна гарда, повикувајќи се на „добро информирани извори“ во канцеларијата на врховниот лидер, објави вечерва „Би-Би-Си“.
„Фарс“, исто така, соопшти дека „една од снаите на ајатолахот Хамнеи е исто така убиена во нападите“.
Извештаите за смртта на снаата и зетот на Хамнеи претходно циркулираа, но подоцна беа демантирани.
Иранските власти сè уште официјално не ја потврдија смртта на самиот врховен лидер на Иран.
Фото: ЕПА
Свет
(Видео) На улиците на Техеран, Иран, се слави убиството на Али Хамнеи
Со музика и танцување вечерва жителите на многу ирански градови слават за убиството на лидерот на Исламската Република, ајатолахот Али Хамнеи, објави на социјалните мрежи „Иран интернешнл“.
Видео од Техеран покажува насмеани луѓе излезени на улица откога ја добиле веста дека Али Хамнеи е убиен.
Во Караџ голем број граѓани танцуваат на улица, а жителите пак на Бандар Абас се излезени на улиците со автомобили и слават со сирените.
86-годишниот Али Хамнеи беше на власт речиси четири децении, од 1989 година. Имаше врховна власт, владееше со владата, со војската и со судството во шиитската Исламска Република.

