Свет
Авганистанците бесни по уредбата на Бајден за поделба на нивните замрзнати средства

Одлуката на американскиот претседател Џо Бајден да подели 7 милијарди долари замрзнати авганистански средства како надоместок за жртвите од терористичкиот напад на 11 септември и за хуманитарна помош, предизвика бес кај Авганистанците.
Бајден вчера потпиша извршна уредба, отворајќи го патот за распределба на авганистанските средства складирани во САД за хуманитарна помош за таа земја и за компензација на американските жртви од нападите од 11 септември.
Талибанците: Ова е најниско ниво на морална изопаченост
Авганистанските групи, вклучително и поранешни политичари, академици и талибанците, изразија бес поради одлуката на Бајден.
„Американската кражба и запленувањето на замрзнатите пари на авганистанскиот народ е најниско ниво на човечка и морална дезинтеграција на земјата и народот“, напиша на Твитер високиот портпарол на талибанците Мохамед Наим Вардак.
Многу Авганистанци напишаа на социјалните мрежи дека Бајден краде пари од многу заслужни Авганистанци кои немаат никаква врска со тероризмот во САД.
Меѓу терористите немаше Авганистанци
Ниту еден Авганистанец не беше меѓу терористите вклучени во нападот на Светскиот трговски центар во Њујорк во 2001. Осама бин Ладен, лидерот на Ал Каеда, подоцна беше убиен во Пакистан.
Експертите велат дека распределбата на замрзнатите средства како што е наведено во декретот на Бајден ќе биде непоправлив удар за авганистанската економија.
„Ова во суштина им ги враќа на Авганистанците нивните сопствени пари како хуманитарна помош, а во исто време ја задушува економијата“, напиша на Твитер авганистанскиот политички аналитичар и истражувач Мохсин Амин.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Регион
(Видео) Факели и емоции: „Цесарица“ одекнуваше на фериботот кон Корчула

Три и пол часа по тргнувањето од Сплит, атмосферата на фериботот кон Корчула не стивнуваше. Следеа хитовите на Оливер, а кога бендот ја отпеа „Цесарица“, беа запалени и факели, објави Индекс.хр.
Погледнете ја атмосферата и запалените факели за време на настапот со „Цесарица“:
Регион
Грција бара помош за справување со големите пожари

За активните пожари на неколку различни локации низ целата земја, Грција побара помош од Европскиот механизам за цивилна заштита, со цел да се испратат шест авиони.
Од попладнево, грчките пожарникари водат битка во источниот дел на областа Атика, поширокиот регион на Атина, во северна Грција, на островите Евија и Китира, како и во јужниот дел на Пелопонез, од бројот 112 за итни случаи беа испратени низа пораки за превентивна евакуација до жителите на зафатените области.
Портпаролот на противпожарната служба информираше дека во сите пожари интервенираат голем број пожарникари заедно со копнени и воздушни средства, но и дека во деловите каде што се пожарите е пријавена штета, чија процена ќе се направи кога ќе заврши гаснењето.
– Сите пожари што избувнуваат овие денови, а особено денеска, брзо се шират, стануваат опасни, а се очекува овие услови да преовладуваат и во наредните денови. Поради оваа причина, нашата земја побара помош од Европскиот механизам за цивилна заштита, со цел да ни обезбеди шест авиони, рече Василис Ватракојанис.
Свет
Поради гладување 90.000 жени и деца итно имаат потреба од медицинска интервенција во Газа

Секој трет жител на Појасот Газа со денови не добива храна, предупреди Светската програма за храна (WFP) на Обединетите нации. Во последното соопштение се наведува дека 90.000 жени и деца итно имаат потреба од медицинска интервенција поради тешка неухранетост.
Според Министерството за здравство во Газа, само вчера починале уште девет лица од глад, со што бројот на жртви од неухранетост од почетокот на конфликтот достигна 122.
Израел, кој го контролира влезот на сите залихи во Газа, повторува дека не постои блокада и ја обвинува Хамас за лошата распределба на ресурсите.
Меѓународната заедница, вклучувајќи ги Германија, Франција и Велика Британија, побара итно олеснување на влезот на помошта, а генералниот секретар на ОН Антонио Гутереш остро ја осуди „рамнодушноста и недостигот на човечност“ во глобалниот одговор на кризата.