Контакт

Свет

Авганистан: Најмалку 35 лица загинаа во експлозија во верско училиште

Објавено пред

Најмалку 35 лица загинаа, а 23 се повредени денеска во експлозија во верско училиште во провинцијата Саманган, на северот на Авганистан.

dobivaj vesti na viber

Според локални извори, повеќето од жртвите се студенти, пренесе ТАСС. Не е познато кој стои зад смртоносната експлозија, објави Ројтерс.

Агенцијата потсетува дека талибанците рекоа дека се фокусирани на безбедноста откако ја презедоа власта минатата година, но дека во последните месеци имаше напади и дека терористичката Исламска држава ја презеде одговорноста за некои од нив.



©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Свет

Нетанјаху доби предупредување од комисијата што го истражува купувањето на подморници од страна на владата

Објавено пред

Израелската комисија, која спроведе истрага за сомневањата дека имало злоупотреби при владината набавка на подморници и ракетни бродови од Германија, денеска упати предупредување до израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху дека ја искористил својата позиција за да ја одобри набавката без да ја следи пропишанота постапка.

dobivaj vesti na viber

Комисијата го информираше Нетанјаху дека, врз основа на собраните докази досега, утврдила дека тој ја искористил својата позиција како премиер помеѓу 2009 и 2016 година за да добие „зелено светло“ за купување без да следи соодветна процедура, објави Ројтерс.

Израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху денеска изјави дека набавката на подморници од Германија е клучно прашање за безбедноста на Израел со цел да се одбрани од Иран, кој, како што наведе, се обидува да ја уништи еврејската држава.

Прикажи повеќе...

Регион

Во Грција од почетокот на месецот шест туристи загинаа поради големи горештини

Објавено пред

Поради високите температури, кои достигнуваат и до 40 Целзиусови степени, од почетокот на месецот во Грција загинаа шест туристи, а неколкумина се водат за исчезнати.

dobivaj vesti na viber

Последната жртва е 67-годишен Германец, кој е пронајден мртов на островот Крит, соопшти денеска полицијата. Туристот во неделата сам излегол на прошетка во кањонот, а по неколку часа ѝ се јавил на сопругата и рекол дека не се чувствува добро.

„Операцијата за пребарување и спасување почна веднаш и специјална единица за спасување со дронови забележа тело на маж во кањонот Трипити“, изјави полициски претставник за „Ројтерс“.

Спасувачките екипи трагаат и по две Французинки на возраст од 73 и 64 години на островот Сикинос, како и по 59-годишен американски полицаец, кој е на одмор на островот Аморгос. Уште еден Американец беше пронајден мртов на грчкиот остров Матраки во Јонското Море минатата недела, а холандски турист беше пронајден мртов на егејскиот остров Самос претходно овој месец.

Телото на британскиот ТВ-водител Мајкл Мозли беше пронајдено на 9 јуни на Сими, остров во Егејското Море, по четиридневна операција за пребарување со авиони, дронови и чамци. Мозли наводно одел сам на високите температури пред да исчезне.

Прикажи повеќе...

Свет

Европската Унија го усвои 14-тиот пакет-санкции против Русија

Објавено пред

Европската унија го усвои 14-тиот пакет-санкции против Русија поради нејзината војна против Украина, која почна во февруари 2022 година, објави Европскиот совет.

dobivaj vesti na viber

„Денеска, Советот го усвои 14-тиот пакет економски и индивидуални рестриктивни мерки, кои задаваат дополнителен удар на режимот на Владимир Путин и на оние што ја одржуваат неговата незаконска, неиспровоцирана и неоправдана агресивна војна против Украина“, се наведува во соопштението.

Како што се додава, санкциите ќе ги погодат високовредните сектори на руската економија, како што се енергијата, финансиите и трговијата, и ќе го отежнат заобиколувањето на санкциите на ЕУ.

Пакетот вклучува рестриктивни мерки за дополнителни 116 поединци и субјекти „одговорни за дејства што ги поткопуваат или загрозуваат територијалниот интегритет, суверенитетот и независноста на Украина“.

Европската Унија воведе забрана за европските банки надвор од Русија да го користат SPFS (Системот за финансиски пораки), кој е руски еквивалент на SWIFT, за размена на финансиски пораки.

Прикажи повеќе...

Најново

Македонија12 минути

Закани за животот упатени кон судии пријавил претседателот на Уставниот суд во МВР

Претседателот на Уставниот суд, Дарко Костадиновски, денеска поднесе пријава до Министерството за внатрешни работи, за упатени закани по животот и...

Македонија2 часа

Игор Филков ја презеде функцијата министер за правда, ветува враќање на довербата на граѓаните во правосудниот систем

Игор Филков ја презеде функцијата министер за правда. Министерот најави дека во својот мандат ќе преземе реформи во сферата на...

Македонија2 часа

(Видео) Примопредавање во Владата: Мицкоски ја презеде премиерската функција

Во Владата на Република Северна Македонија, досегашниот претседател на Владата, Талат Џафери, му ја предаде премиерската функција на новоизбраниот претседател...

Македонија3 часа

Герапетритис: Флагрантно кршење на договорот од Преспа од страна на раководството на Северна Македонија

Одлуката на државното и политичкото раководство на Северна Македонија да не се користи „уставното име на земјата во јавниот дискурс...

Свет3 часа

Борел: Путин се подготвува за долга војна, конфликтот на Блискиот Исток може да се прошири

Шефот на европската дипломатија, Жосеп Борел, истакна дека рускиот претседател Владимир Путин се подготвува за долга војна и предупреди на...

Свет4 часа

Бројот на загинати за време на годинешниот аџилак се зголеми на повеќе од 1.300

Бројот на починати за време на годинешниот аџилак во Мека се зголеми на 1.301, изјави денеска министерот за здравство на...

Македонија4 часа

Левицата: Уапсени моќници со дрога блиски до Максим и ЗНАМ во Охрид

Во текот на минатата недела, во акција на Охридската полиција, со поголема количина дрога беа уапсени три лица, кои се...

Свет5 часа

Најмалку 15 полицајци и неколку цивили убиени во кординарани терористички напади во Русија

Во терористичките напади во Дербент и Махачкала, во јужната руска република Дагестан, загинаа повеќе од 15 полицајци и неколку цивили,...

Свет5 часа

Екипажот на товарен брод во грчка сопственост полесно повреден од напад на Хути во Црвеното Море

Екипажот на товарен брод, кој пловел под знамето на Либерија и е во сопственост на Грција, полесно е повреден во...

Македонија5 часа

ЦУК: 2.699 повици на 112 во последното деноноќие, невреме во Тетовско и Скопско и 15 пожари на отворено, два сѐ уште активни

Центарот за управување со кризи (ЦУК) информира дека имало вкупно 2 699 повици на Единствениот повикувачки број за итни случаи...

Македонија5 часа

Голем број пријави за поплавени куќи и улици, прекини и во снабдувањето со струја: ЦУК за невремето во Тетово

Како последица на невремето што во попладневните часови го зафати Полошкиот реон проследено со силен дожд и град, на телефонскиот...

Македонија15 часа

Избрана новата Влада на чело со Христијан Мицкоски

Со 77 гласови „за“, 22 гласови „против“ и без воздржани беше изгласана новата Влада. Христијан Мицкоски е 13-ти премиер, а...

Македонија15 часа

Мицкоски: Ќе ја кажам срамната придавка, во моментов сум немоќен

Луѓето што ме знаат, тие знаат дека мојот збор планина тежи. Ќе правам се додека сум жив неправдата да ја...

Македонија17 часа

(Видео) Оградата од мостот во Автокоманда падна врз две возила

Дел од оградата заедно со рекламно пано од железничкиот мост во Автокоманда паднале врз две возила во движење, во екот...

Свет17 часа

Напаѓачи упаднаа во црква и синагога во Русија, убија полицајци, му го пресекоа грлото на попот

Вооружени напаѓачи отвориле оган врз синагога, православна црква и полициска станица во рускиот регион Дагестан, а неколку луѓе биле убиени,...

Македонија17 часа

(Видео) Ограда од надвозник падна во Автокоманда, откорнати се дрвја, поплавени улици, делови од Скопје останаа без струја

Ограда од мост падна кај Автокоманда, колони возила останаа заглавени. Ваква е сликата по невремето што попладнево го зафати Скопје....

Македонија19 часа

Почина 8-месечно бебе на пат од Прилеп кон Скопје, тежело само три килограми

Осуммесечно бебе починало за време на транспорт со возило на Итната медицинска помош од Прилеп до Клиниките во Скопје. Бебето...

Македонија19 часа

ЕВН ќе ја гасне струјата во Тетово поради опасноста од струен удар по силното невреме

ЕВН ќе ја исклучува струјата улица по улица и населба по населба во Тетово поради опасноста од струен удар по...

Македонија21 час

МВР со детали за смртта на пратеникот од СДСМ: паднал од кровот на викендичката на Осогово и загинал

Полицијата објави детали за несреќата во која вчера животот го загуби пратеникот од редовите на СДСМ, Миле Андонов. Според информациите,...

Топ1 ден

Возач со автомобилот удри во 77-годишен мотоциклист во Штип и побегна од местото

Вчера на улицата Гоце Делчев во Штип, автомобил удри во мотоцикл „баотиан’ со штипски регистарски ознаки, управуван од М.Т.(77) од...