Свет
Австралискиот сенатoр не се повлекува откако ги обвини муслиманите за нападот во Нов Зеланд
Австралискиот сенатор кој имплицираше дека муслиманите се виновни за нападите врз џамиите во Нов Зеланд стои зад своите забелешки, обвинувајќи ја владата за хипокризија. Повеќе од еден милион луѓе потпишаа петиција за негова оставка, пренесува РТ.
Сенаторот од Квинсленд, Фрејзер Анинг, со пркос ја истрпи лавината од критики и повици за негова оставка поради неговата контроверзна забелешка за масакрот во Крајстчрч. Во изјавата објавена истиот ден кога 50 луѓе беа застрелани од Брентон Тарант, Анинг сугерираше дека трагедијата го истакнала растечкиот страв поради зголеменото присуство на муслиманите во Нов Зеланд.
Иако Анинг го осуди масакрот во својата првична изјава, тоа не го спаси од гневот на поголемиот дел од светот, вклучувајќи го и австралискиот премиер Скот Морисон и политичарите од сите провиниенции.
Масивната онлајн и офлајн реакција што тој ја предизвика кулминираше со физички судир со 17-годишен демонстрант во саботата, кој скрши јајце врз главата на Аннинг, кој му возврати со шлаканица.
Инцидентот со тинејџерот Вилијам Коноли, во меѓувреме, се појави во форма на графит во познатата графити уличка „Хозиер лејн“ во центарот на Мелбурн.

Анинг продолжи да го брани својот став во неделата на специјално закажаната прес-конференци нагласувајќи дека додека медиумите ја искривуваат неговата првична изјава, тој не чувствува потреба да се извини.
„Она што луѓето го извадија од контекст е од истото соопштение за печатот во кое реков дека земјите што дозволуваат голема муслиманска миграција потоа секогаш се сведоци на ескалација на криминалот, насилството и на терористички напади”, рече Аннинг во неделата.
„Што се однесува до мене, тоа е само посочување факти со кои, поради некоја причина, сум вознемирил многу луѓе, вклучувајќи го и премиерот Морисон.”
Анинг го обвини премиерот дека е лицеме рбидејќи не посветува толку големо внимание на маките на христијаните кои се соочуваат со муслимански напаѓачи.
„Во последните 30 дена муслиманите изведоа 122 терористички напади врз невини христијани и други цивили во 21 земја, при што загинаа 859 луѓе. Во однос на тоа, молкот од Морисон и од медиумите е громогласен”.
Аннинг тврди дека ако не ѝ стави крај на муслиманската имиграција, Австралија е на пат да ја доживее судбината на европските земји како Франција, Белгија, Велика Британија, Холандија и Германија, кои се изложени на терористички напади инспирирани од радикалниот ислам.
Прашан дали жали за тајмингот на својата изјава, Анинг рече дека не жали за ништо, а се бранеше и поради физичката реакција кон тинејџерот што го нападна.
„Тој доби шлаканица в лице, нешто што мајка му многу одамна требало да го направи поради неговото лошо однесување”, рече Аннинг.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Свет
Макрон: Франција има потреба од систем како „Орешник“
Францускиот претседател Емануел Макрон изјави дека на Франција ѝ е потребен ракетен систем сличен на рускиот хиперсоничен систем „Орешник“, нагласувајќи дека најновото лансирање на ова оружје е „јасен сигнал“ и демонстрација на руската воена моќ.
Во исто време, Макрон свика итен состанок на кабинетот за да разговара за влошувањето на безбедносната состојба во врска со Гренланд и Иран.
Зборувајќи пред припадниците на француските вооружени сили во воздухопловната база во Истра, Макрон, според BFMTV, нагласи дека Франција мора брзо да развие и да набави оружје „кое може да направи разлика“.
„Исто така, треба да добиеме оружје што може да направи разлика на краток рок“, рече Макрон.
Францускиот претседател оцени дека второто лансирање на ракетата „Орешник“ на украинска територија е јасна порака од Москва, што укажува дека Франција е исто така во дострел на ова оружје.
„По втор пат сме сведоци дека Русија лансираше ракета со ултра долг дострел „Орешник“ на украинска територија. Ова лансирање е јасен сигнал за земја која поседува моќ, но одлучила да ја демонстрира. Пораката е кристално јасна“, нагласи Макрон, истовремено повикувајќи ја француската армија да развие поголема огнева моќ за длабинска акција.
Во светлината на овие изјави и растечките глобални тензии, Макрон свика итен состанок на кабинетот за одбрана во Париз, како што објави Ројтерс. На седницата се дискутираше за ситуацијата со Гренланд и Иран, како и најавените потези на Вашингтон.
Макрон претходно објави дека Франција ќе им се придружи на другите европски земји во заеднички воени вежби во Гренланд оваа недела, во време кога од Вашингтон доаѓаат остри пораки за можна анексија на тој остров.
Началникот на Генералштабот на француските вооружени сили, генерал Фабиен Мандон, потврди дека Франција веќе испратила свои војници во Гренланд за да учествуваат во овие вежби, што медиумите во Париз го толкуваат како дел од поширок одговор на предизвиците што истовремено се отвораат на северот од Европа и на Блискиот Исток.
Свет
Пожар во болница во Милано, пациентите евакуирани
Утрово околу 10 часот, избувна пожар во павилјонот 16 од болницата Сако во Милано.
За неколку минути, пламенот зафати дел од дијагностичката архива и се прошири на областите каде што медицинскиот персонал во тој момент прегледуваше десетици пациенти, пишува Ил Месаџеро.
Благодарение на заедничката интервенција на пожарникарите и болничкиот персонал, никој не е повреден.
Сите пациенти се евакуирани, а триесет пожарникари кои излегоа на терен вршат санација на подрачјето.
Свет
Европски војници пристигнаа на Гренланд
Европски војници од неколку земји пристигнаа на Гренланд за заеднички воени вежби, во време кога американскиот претседател Доналд Трамп повторно изрази интерес островот да биде под контрола на САД. Во главниот град Нуук слета француски контингент, а се приклучуваат и сили од Германија, Шведска, Норвешка, Холандија и Обединетото Кралство, јавува Би-Би-Си.
Распоредувањето следи по состанок во Вашингтон меѓу министрите за надворешни работи на Данска и Гренланд со американскиот потпретседател Џеј Ди Ванс. Данскиот министер Ларс Локе Расмусен оцени дека разговорите биле конструктивни, но дека останало „темелно несогласување“.
Трамп изјави дека на САД му треба Гренланд за националната безбедност и не ја исклучи употребата на сила. Францускиот претседател Емануел Макрон најави проширување на мисијата, додека полскиот премиер Доналд Туск предупреди дека евентуална американска интервенција би била „политичка катастрофа“.
Русија изрази загриженост поради засилувањето на присуството на НАТО на Арктикот. Од кабинетот на британскиот премиер Кир Стармер соопштија дека распоредувањето има цел да ја одврати руската и кинеската активност.
Германија испрати транспортен авион со 13 војници во рамки на данските вежби „Операција Арктичка издржливост“. Данска најави ротациона и потрајна сојузничка присутност. Премиерката Мете Фредериксен рече дека одбраната на Гренланд е заедничка грижа на Алијансата.
Премиерот на Гренланд Јенс-Фредерик Нилсен порача дека Гренланд не сака да биде дел од САД и, ако мора да избира, би ја избрал Данска.

