Свет
Австралија го укинува данокот на тампони
Австралија ќе го укине контроверзниот данок на промет на женските хигиенски производи, рече благајникот Џош Фрајденберг, најавувајќи го потегот за кој се смета дека е обид на владата од десниот центар да го привлече женскиот дел од гласачите пред изборите во мај.
Производите како што се кондоми и средства за заштита од сонце се ослободени 10 отсто од данокот на стоки и услуги со кој се опфатени сите други производи што се продаваат во Австралија во текот на изминатите 20 години, вклучувајќи ги и производите за хигиена на жените.
Фрајденберг рече дека данокот ќе биде укинат на 1 јануари 2019 година, по одобрувањето на австралиските државни и локални законодавни тела.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Регион
Мицотакис: Грција се соочува со опасно лето поради пожари, суша и ветрови
Грчкиот премиер Киријакос Мицотакис предупреди дека Грција ја чека опасно лето поради шумските пожари, продолжената суша и невообичаено силните ветрови кои придонесуваат за ширење на пожарот.
„Имавме исклучително тежок јуни во однос на временските услови, со силна суша и невообичаено силен ветер за овој период од годината. Сакам да им се заблагодарам на сите што направија одлична работа во последните неколку дена, но и да ни го свртам вниманието назад кон летото за кое се предвидува дека ќе биде особено опасно“, рече Микотакис, пренесува Катимерини.
Шумските пожари се вообичаени во Грција, а топлото, суво и ветровито време кое научниците го припишуваат на ефектите од климатските промени ја зголеми нивната фреквенција и интензитет.
Свет
Полска: Укината е поддршката за домаќинствата кои обезбедуваат помош за украинските бегалци
Полските власти најавија дека од денеска ќе стапат на сила измените на законот за помош на граѓаните на Украина, а во рамките на новите регулативи полските домаќинства кои обезбедуваат засолниште за бегалците повеќе нема да добиваат финансиска поддршка од полската влада.
Досега Полјаците кои беа домаќини на Украинците добиваа по 40 злоти дневно за секој кој престојуваше во нивното сместување, пренесува Полското радио.
Заменик министерот за внатрешни работи и државна администрација Мачеј Душчик рече дека системот се укинува поради големите злоупотреби.
Свет
Невработеноста во Австрија во јуни падна на 6,2 отсто, што е најниско ниво во последните девет месеци
Стапката на невработеност во Австрија падна во јуни од 6,4 отсто во мај на 6,2 отсто и сега е најниска во последните девет месеци, објави денеска австриската јавна служба за вработување (АМС).
Бројот на регистрирани невработени во Австрија се зголемил за 24.700 на годишно ниво, се наведува на веб-страницата на АМС.
Невработеноста во Австрија е во согласност со трендовите во еврозоната.