Свет
Австралија инвестира во војската, се подготвува за помалку стабилен свет
Австралиската влада најави големи инвестиции во одбраната и националната безбедност во време на влошување на односите со Кина. Владата планира да потроши 270 милијарди австралиски долари (212 милијарди американски долари) во текот на следната деценија за подобрување на одбраната, со цел промовирање на отворен и мирен Индопацифички Регион“, се наведува во документите од Министерството за финансии.
Тоа вклучува 747 милиони австралиски долари за подобрување четири полигони за воена обука на Северната Територија, каде што американската морнарица има привремена база. Австралиската влада во март објави дека ќе почне со производство на водни ракети во соработка со САД. Со овој проект од една милијарда австралиски долари (784 американски долари) Австралија ќе ја направи првата домашна ракета, која не постои од 1960 година.
Владата планира да потроши 1,3 милијарда американски долари (1,03 милијарда американски долари) во текот на следната деценија за да ја зајакне Австралиската организација за разузнавање и безбедност, нејзината главна разузнавачка служба, со цел да се соочи со закани за националната безбедност.
„Ние мора да бидеме подготвени за свет што е помалку стабилен и повеќе оспоруван“, рече министерот за финансии, Џош Фрајденберт, пред парламентот додека го истакна својот економски план за фискалната година што почнува на 1 јули.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Свет
Во Брисел се дискутира можноста за воведување царини на американски производи, јавува „Фајненшл тајмс“
Во Брисел во тек е итен состанок на европските амбасадори на кој се дискутира за можниот одговор на американските царини што ги воведе Доналд Трамп, пишува „Фајненшл тајмс“.
Една од главните опции што се разгледуваат е воведување царини на американски производи во вредност од 93 милијарди евра. Според изворите запознаени со состојбата, овој пакет на контрамерки бил ставен на чекање минатиот август откако Европската унија постигнала трговски договор со САД. Таа шестмесечна суспензија истекува следниот месец, освен ако Европската комисија не одлучи да ја продолжи.
Како друга можност се спомнува и ограничување на пристапот на американските компании на пазарот на ЕУ. Се очекува францускиот претседател Емануел Макрон да побара активирање на Инструментот против присила на ЕУ, механизам што им овозможува на членките да возвратат трговски мерки против земји што вршат економски притисок.
Досега најавите од состанокот не се објавени, бидејќи дискусијата сè уште е во тек.
Свет
Руте: Разговарав со Трамп за Гренланд
Генералниот секретар на НАТО, Марк Руте, изјави дека разговарал со американскиот претседател Доналд Трамп за безбедносната состојба на Гренланд и Арктикот. Разговорот се одржал телефонски, но Руте не наведе детали за содржината.
Тој најави дека ќе се сретне со Трамп следната недела на Светскиот економски форум во Давос, каде се очекува присуство на политичката и бизнис елита.
Контекстуално, разговорот доаѓа во време кога Трамп бара целосно сопствеништво над Гренланд, кој е автономна територија на Данска. Претходно, тој се закани со зголемени царини за осум земји што одлучија да испратат војници како поддршка на НАТО-вежбата на Гренланд.
Свет
Данска се обидува да го одврати Трамп од идејата дека мора да биде сопственик на Гренланд
Данскиот министер за надворешни работи, Ларс Леке Расмусен, изјави дека Копенхаген се обидува да го разубеди американскиот претседател Доналд Трамп од идејата дека мора да го поседува Гренланд.
Расмусен го изјави ова на прес-конференција во Осло, по средбата со својот норвешки колега. Тој нагласи дека вниманието кон Гренланд не треба да го засени фактот дека во Украина сè уште се води војна и дека е во критична фаза.
И покрај заканите од Вашингтон, Данска, според Расмусен, сака да продолжи со дипломатски пристап. По средбите во Вашингтон со потпретседателот на САД, Џеј Ди Ванс, и со државниот секретар Марко Рубио, решено е да се формира работна група на високо ниво која ќе разгледа дали постои заедничко решение. Првата средба се очекува во наредните недели.

