Свет
Австралија и Британија потпишаа договор за одбранбена соработка
Австралија и Велика Британија потпишаа нов договор за одбрана и безбедност за да си ја олеснат соработката меѓусебно, а Австралија ја избра BAE Systems за да помогне во изградбата на нови подморници.
Британскиот министер за надворешни работи Дејвид Камерон и министерот за одбрана Грант Шапс беа во петокот во Австралија на годишни разговори со нивните колеги во Аделаида.
Потпишаниот договор бара двете земји да се консултираат меѓусебно доколку се најдат во опасност, изјави Шапс за новинарите во Канбера.
„Потребата за колективна акција никогаш не била поитна како денес“, рече Шапс.
Според договорот AUKUS, безбедносен сојуз меѓу Австралија, Велика Британија и Соединетите Држави, почнат во 2021 година, Австралија исто така ја назначи BAE, најголемата британска одбранбена компанија, да гради нуклеарни подморници во партнерство со австралиската поморска компанија ASC.
Шапс рече дека зголемената соработка меѓу земјите го одразува преминот од повоениот свет кон предвоениот свет.
„Не затоа што утре одиме во војна, се надевам, туку затоа што треба да бидеме поподготвени од кога било досега. Нашиот став мора да се промени“, рече тој посочувајќи на конфликтот во Украина како релевантен за Индо-пацифичкиот Регион.
Австралискиот министер за одбрана Ричард Марлс рече дека договорот додаде стратешка димензија на едно од најстарите партнерства на Австралија истакнувајќи дека Велика Британија долго време немала толку големо присуство во Индо-пацифичкиот Регион и дека ќе испрати ударна група носачи во регионот в година.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Свет
Трамп за апсењето на Ендрју: „Мислам дека тоа е срамота, многу е тажно“
Американскиот претседател Доналд Трамп го коментираше апсењето на Ендрју Маунтбатен-Виндзор, оценувајќи дека станува збор за срамота за британското кралско семејство.
„Мислам дека тоа е срамота. Многу е тажно. Тоа е толку лошо за кралското семејство. Навистина ми е многу, многу тажно“, изјави Трамп.
Тој изрази жалење и за последиците што случајот може да ги има врз кралот Чарлс III, за кого рече дека е фантастичен човек и дека наскоро треба да ги посети САД.
На прашање дали слични апсења може да се случат и во САД, Трамп избегна директен одговор и повтори дека е целосно ослободен од каква било вина поврзана со случајот на Џефри Епстин.
„Јас сум на некој начин експерт за тоа бидејќи сум целосно ослободен од обвиненијата“, рече Трамп, додавајќи дека аферата била искористена за да му се нанесе политичка штета.
Свет
Поранешниот принц, Ендрју, пуштен од полициски притвор, но и натаму под истрага
Ендрју Маунтбатен-Виндзор е ослободен од полициски притвор по неговото апсење под сомнение за злоупотреба на јавната функција.
Поранешниот принц беше приведен од полицајците за време на рација во 8 часот наутро во неговиот нов дом во Вуд Фарм, на имотот Сандрингем, објави „Дејли Меил“.
Полицијата појасни дека истрагата против Ендрју е во тек, иако тој е ослободен.
Поранешниот војвода од Јорк беше уапсен во врска со наводите дека му пренел чувствителни информации на осудениот финансиер и педофил, Џефри Епстин додека дејствувал како трговски претставник на британската влада.
Братот на Ендрју, кралот Чарлс III, не бил однапред предупреден за апсењето, се дозна денес. Тој изјави дека „законот мора да се почитува“ и повика на „фер судење“.
Свет
(Видео) Трамп за претседателот на Парагвај: Млад и згоден, но јас сакам жени
Денеска беше одржан првиот состанок на Одборот за мир на Доналд Трамп, на кој говореше и американскиот претседател. Покрај заканите упатени до Иран и планот за Газа, тој го коментираше и физичкиот изглед на 47-годишниот претседател на Парагвај, Сантијаго Пења.
„Млад, згоден човек. Секогаш е убаво да се биде млад и згоден. Тоа не значи дека мора да го сакаме. Не сакам млади, згодни мажи. Сакам жени. Мажите воопшто не ме интересираат“, рече Трамп.
Trump: Young, handsome guy. Always nice to be young and handsome. Doesn’t mean we have to like you. I don’t like young, handsome men. Women I like. Men I don’t have any interest. pic.twitter.com/E7P1qhExyp
— Acyn (@Acyn) February 19, 2026
За време на основачкиот состанок во Вашингтон, Трамп испрати и порака до Иран дека мора да постигне „суштински договор“ за запирање на својата нуклеарна програма или, како што рече, „ќе се случат лоши работи“.
Тој додаде дека други земји веќе придонеле со повеќе од седум милијарди долари за помош за Газа во рамки на иницијативата на Одборот за мир.

