Свет
Австралија не ја славеше 250-годишнината од пристигнувањето на капетанот Кук поради коронавирусот
Големата 250-годишнина од контроверзното пристигнување на капетанот Џејмс Кук во Австралија помина речиси незабележано поради пандемијата на коронавирусот поради што беа откажани свечените прослави.
Капетанот Кук пристигнал во заливот Ботани, недалеку од Сиднеј, на 29 април 1770 година, следен од погледите на Абориџините од брегот.
Премиерот Скот Морисон рече дека капетанот Кук бил исклучителна личност.
„Денот кога Кук и локалната домородна заедница првпат се сретнаа пред 250 години засекогаш ја промени историјата на нашата територија“, истакна тој.
„Тоа е моментот кога тргнавме на заедничко патување, кое е конкретизирано со начинот на кој живееме денес“.
Поради пандемијата на коронавирусот, австралиската влада мораше да ги откаже сите настани што беа планирани за одбележување на овој голем јубилеј.
На пример, планирано е крстарење околу Австралија со реплика на бродот на Кук, „Ендевор“.
Првите контакти помеѓу британскиот морепловец и Абориџините означуваат почеток на колонизација на континентот за време на која Абориџините беа лишени од својата земја.
За време на експедицијата, капетанот Кук ја прогласи Австралија за ничија земја и потоа за британска територија и покрај тоа што Абориџините живеат во таа област можеби 60.000 години.
За претседателот на Фондацијата „Гујаг“, Реј Ингри, 250-годишнината од пристигнувањето на капетанот Кук е важен настан за сите Австралијци, дури и ако домородниот аспект на приказната е одамна заборавен или искривен.
„Тоа беше првиот насилен чин што Британците го извршија против нашиот народ, но тоа е наше заедничко минато, ја делиме сегашноста и затоа е логично дека имаме и заедничка иднина“, рече тој.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Свет
Сали и Бегај разговараа за политичката состојба и европската интеграција на двете земји
Првиот заменик‑претседател на Владата, Беким Сали, оствари официјална средба со Претседателот на Република Албанија, Бајрам Бегај, на која се дискутираше за актуелната политичка ситуација и за соработката помеѓу двете земји.
За време на средбата, двете страни разменуваа мислења за политичките случувања и за продлабочувањето на институционалната соработка помеѓу Северна Македонија и Албанија.
Првиот заменик‑претседател на Владата, Сали, истакна дека Албанците во Северна Македонија се претставени на најдобар можен начин, играјќи активна и конструктивна улога во државните институции, придонесувајќи во донесувањето одлуки и во клучните процеси кои се поврзани со стабилноста, демократскиот развој и европската перспектива на земјата.
На средбата беше нагласено дека Република Северна Македонија и Република Албанија, покрај тоа што се соседни и пријателски земји, имаат и заеднички аспирации во процесот на европска интеграција.
Свет
Две жртви во трамвајската несреќа во Милано, истрагата насочена кон возачот
Во тешка несреќа во Милано загинаа две лица, а 39 се повредени откако трамвај излета од шините и удри во зграда на улицата „Виале Виторио Венето“, во близина на „Порта Венеција“.
Една од жртвите е 60-годишен пешак кој останал приклештен под возилото, додека вториот загинат е патник кој починал во болница од здобиените повреди.
Истрагата е насочена кон возачот, кој наводно изјавил дека му се слошило непосредно пред несреќата. Се проверува можноста за ненадејна здравствена состојба, особено затоа што трамвајот ја прескокнал последната станица пред свиокот. Првичните проверки не покажале технички дефект.
Градоначалникот на Милано, Џузепе Сала, изјави дека најверојатно причината не е механички проблем и дека станува збор за ново возило управувано од искусен возач. Отворена е истрага.
Несреќата предизвика реакции од италијанските власти, кои изразија сочувство и најавија целосно утврдување на околностите.
(Видео) Трамвај излета од шините во Милано: загина пешак, речиси 40 повредени
Свет
Бил Клинтон сведочеше за Епстин: Ништо не видов и не направив ништо погрешно
Поранешниот американски претседател Бил Клинтон сведочеше пред Одборот за надзор на Претставничкиот дом во рамки на истрагата за починатиот финансиер и осуден сексуален престапник Џефри Епстин.
Во воведното обраќање, Клинтон изјави дека ништо не видел и дека не направил ништо погрешно, нагласувајќи дека неговото познанство со Епштајн било кратко и завршило години пред злосторствата да станат јавни.
„Знам што видов и, уште поважно, што не видов. Знам што направив и, уште поважно, што не направив. Не видов ништо и не направив ништо погрешно“, рече Клинтон. Тој најави дека на дел од прашањата веројатно ќе одговори со „не се сеќавам“, бидејќи од неговите контакти со Епстин поминале повеќе од 20 години.
Сведочењето се одржува зад затворени врати во Њујорк, но се снима и најавено е објавување на снимката. Претходно сведочеше и неговата сопруга Хилари Клинтон, при што расправата меѓу демократите и републиканците доби и политичка димензија.
Демократите побараа и актуелниот претседател Доналд Трамп да сведочи, тврдејќи дека неговото име често се појавува во документите поврзани со случајот. Трамп негира каква било поврзаност со злосторствата на Епштајн.
Фото: Depositphotos

