Свет
Австралија ќе отпушти најмалку 10 војници за убиството на авганистанските цивили
Австралиските воени власти почнаа постапка за отпуштање најмалку 10 припадници на елитните одреди на специјалните единици вклучени во убиството на 39 авганистански цивили, пренесува „Ројтерс“.
Како што наведуваат локалните медиуми, припадниците на специјалните сили, кои учествувале во воените злосторства во Авганистан како сведоци или како директни учесници во злосторствата, примиле известување за откажување на договорот во Министерството за одбрана.
„Министерството за одбрана може да потврди дека почнало правна постапка против одреден број припадници на австралиските одбранбени сили во согласност со законот и нашата одбранбена политика“, се наведува во соопштението.
Минатата недела австралиските власти ги објавија деталите за истрагата за најмалку 39 инциденти и убиства од страна на 19 поранеши и актуелни припадници на нивните специјални единици во Авганистан, чиј идентитет не е обелоденет.
Извештајот за Бретон, нарачан од генералниот инспектор на австралиските одбранбени сили, откри веродостојни информации дека австралиските војници убиле цивили и затвореници во Авганистан.
Во извештајот се вели дека 25 члена на сегашниот или поранешниот персонал биле вклучени во сериозни кривични дела или извршувале прекршоци или биле вмешани во инцидентите.
Минатата недела шефот на австралиските одбранбени сили, генерал Ангус Кембел, побара прошка од Авганистанците, при што ги сподели застрашувачките детали од истрагата.
„На народот во Авганистан, во име на австралиските одбранбени сили, искрено и безрезервно им се извинувам за какво било злосторство од страна на австралиските војници. Разговарав директно со мојот авганистански колега, генерал Јасин Зија, за да му ја пренесам оваа порака“, рече тој.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Свет
Техеран ја потврди смртта на врховниот лидер Али Хамнеи и објави 40 дена жалост
Иранскиот државен радиодифузер ја потврди смртта на врховниот лидер Али Хамнеи, неколку часа откако САД и Израел соопштија дека тој е убиен во вчерашните воздушни напади, објави „Иран интернешнл“.
Кратко по објавата за смртта на лидерот, иранскиот кабинет објави седумдневен државен празник и 40 дена национална жалост.
86-годишниот Али Хамнеи беше на власт речиси четири децении, од 1989 година. Имаше врховна власт, владееше со владата, со војската и со судството во шиитската Исламска Република.
Фото: ЕПА
Свет
Убиени и ќерката, зетот и внукот на ајатолахот Али Хамнеи, јавуваат иранските медиуми
Ќерката, зетот и внукот на врховниот лидер на Иран, Али Хамнеи, се убиени во нападите, соопшти новинската агенција “Фарс“, која е поврзана со Корпусот на Исламската револуционерна гарда, повикувајќи се на „добро информирани извори“ во канцеларијата на врховниот лидер, објави вечерва „Би-Би-Си“.
„Фарс“, исто така, соопшти дека „една од снаите на ајатолахот Хамнеи е исто така убиена во нападите“.
Извештаите за смртта на снаата и зетот на Хамнеи претходно циркулираа, но подоцна беа демантирани.
Иранските власти сè уште официјално не ја потврдија смртта на самиот врховен лидер на Иран.
Фото: ЕПА
Свет
(Видео) На улиците на Техеран, Иран, се слави убиството на Али Хамнеи
Со музика и танцување вечерва жителите на многу ирански градови слават за убиството на лидерот на Исламската Република, ајатолахот Али Хамнеи, објави на социјалните мрежи „Иран интернешнл“.
Видео од Техеран покажува насмеани луѓе излезени на улица откога ја добиле веста дека Али Хамнеи е убиен.
Во Караџ голем број граѓани танцуваат на улица, а жителите пак на Бандар Абас се излезени на улиците со автомобили и слават со сирените.
86-годишниот Али Хамнеи беше на власт речиси четири децении, од 1989 година. Имаше врховна власт, владееше со владата, со војската и со судството во шиитската Исламска Република.

