Свет
Австриската крајна десница го покани Орбан да формирaат заеднички блок во ЕП
Лидерот на крајнодесничарската партија во Австрија во понеделникот ја зголеми изгледите за формирање заеднички блок во Европскиот парламент со партијата на националистичкиот унгарски премиер Виктор Орбан, пренесува „Локал“.
„Со задоволство ги канам унгарскиот премиер Виктор Орбан и неговата партија Фидеш во иднина да работиме заедно во заеднички блок во ЕУ“, напиша на „Фејсбук“ вицепремиерот Хајнц-Кристијан Штрачх, лидерот на крајнодесничарската Слободарска партија на Австрија (ФПО).
Штрахе и другите во ФПО често ја имитираа строгата антимигрантска реторика на Орбан, но моментно ФПО седи со други крајнодесничарски партии во групата – Европа на нациите и на слободата (ЕНФ). Коментарите на Штрахе доаѓаат по говорот што Орбан ќе го упати до Европскиот парламент во одбрана на својата влада против извештајот во кој се наведуваат серија проблеми во врска со владеењето на правото и човековите права во Унгарија.
Подоцна неделава европратениците ќе гласаат за тоа дали да побараат т.н. постапка по членот 7 против Унгарија, со која на крајот би можеле да ѝ ги укинат правата за гласање во ЕУ – постапка што почна само еднаш против Полска минатиот декември. Загриженоста за проблемите со владеењето на правото и со третманот на мигрантите доведе и до повици Фидеш да биде протерана од централизираната десничарска група Европската народна партија (ЕПП).
Колегата на Штрахе во австриската влада, канцеларот Себастијан Курц, чија Народна партија (ОВП) на десниот центар е во ЕПП, во понеделникот го критикува Орбан велејќи дека европратениците од ОВП ќе гласаат за почнувањето на постапката од членот 7 и ќе ја поддржат суспензијата на членството на Фидеш во ЕПП.
„Нема компромис за владеењето на правото и демократијата. Основните вредности мора да бидат заштитени“, изјави Курц.
Претседателот на ЕПП, Германецот Манфред Вебер, претходно се спротивстави на исклучувањети на Фидеш, но рече дека партијата нема да добие поволен третман ако успее да го замени Жан-Клод Јункер како шеф на Европската комисија в година.
„Кога станува збор за основни права и вредности, никој во ЕПП не добива поволен третман вклучувајќи ја и Фидеш“, рече Вебер минатата недела.
Иако потезите на Орбан предизвикаа отпор, тие беа поздравени од популистите во ЕУ. Новиот крајнодесничарски министер за внатрешни работи на Италија, Матео Салвини, изрази восхит кон Орбан, а минатиот месец двајцата се појавија зна промовирањето антимигрантски манифест за европските парламентарни избори в година. Салвини минатата недела се сретна и со поранешниот советник на американскиот претседател Доналд Трамп, Стив Банон, кој тврди дека разговарал со Орбан за формирањето паневропско десничарско движење пред изборите во 2019 година.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Свет
(Видео) Поранешниот принц Ендру се исели од резиденцијата во Виндзор
Под товарот на новите откритија во случајот со осудениот педофил Џефри Епстин, поранешниот принц Ендру го напушти својот луксузен дом во Виндзор и се пресели во кралскиот имот Сандрингам во источна Англија, објави Би-би-си.
Поранешниот принц наводно вчера ја напуштил кралската резиденција „Ројал Лоџ“, објави Би-би-си, додека АФП објави дека Бакингемската палата одбила да ја потврди информацијата.
Би-би-си објави дека Ендру привремено престојува во објект на имотот Сандрингам додека се реновира неговиот нов дом.
На братот на кралот Чарлс III му беше наредено да ја напушти луксузната вила каде што живеел повеќе од две децении со неговата поранешна сопруга Сара Фергусон во октомври, откако му беа одземени кралските титули поради пријателството со Џефри Епстин.
Притисокот врз Ендру Маунтбатен-Виндзор се засили во последните денови откако се појави во нови документи за Епстин објавени од Министерството за правда на САД во петокот.
Меѓу новите компромитирачки документи се и фотографии од него како клечи над жена, како и е-пошта со која Епстин е поканет во Бакингемската палата на „приватен“ состанок.
Британскиот премиер Кир Стармер реагираше на откритијата, велејќи дека поранешниот принц треба да сведочи пред американскиот Конгрес за злосторствата на покојниот педофил.
Вирџинија Џуфре, жртва на Епстин, тврдеше дека била принудена да има сексуални односи со Ендру три пати. Тој ѝ платил мултимилионска отштета во 2022 година, но не се изјаснил за виновен.
Друга жртва на Џефри Епстин преку својот адвокат изјави дека американскиот педофил ја испратил во Велика Британија во 2010 година за да има сексуални односи со Ендру во неговата резиденција „Ројал Лоџ“, во близина на замокот Виндзор.
Портпаролот на британската локална полиција во вторник вечерта изјави дека тие „ќе ги истражат овие информации“, но дека ниту жената ниту нејзиниот адвокат не контактирале со полицијата.
Свет
Амбасадата на САД во Куба со предупредување до своите граѓани: Подгответе се за протести и недостиг на електрична енергија
Амбасадата на Соединетите Американски Држави во Куба ги предупреди своите граѓани во таа земја да се подготват за можни антиамерикански протести спонзорирани од кубанската влада, како и за значителни прекини предизвикани од прекини на електричната енергија и недостиг на гориво.
Во соопштението се наведува дека на некои американски граѓани им е забранет влез по пристигнувањето и дека оние кои се или планираат патување во Куба треба да преземат мерки на претпазливост, штедејќи гориво, вода, храна и батерии за мобилни телефони, бидејќи прекините на електричната енергија се секојдневна појава поради нестабилната национална електрична мрежа, објавува Ројтерс.
Предупредувањето дојде откако САД ги блокираа пратките на нафта за Куба, вклучително и оние од Венецуела, што доведе до зголемување на цените на храната и транспортот и сериозен недостиг на гориво.
Заменик-министерот за надворешни работи на Куба изјави дека Куба и САД комуницираат, но дека размените сè уште не се формализирани како дијалог, објавува Танјуг.
Свет
САД: И вративме на Венецуела 500 милиони долари од продажба на нафта
САД и ги вратија на венецуелската влада сите 500 милиони долари од првичната продажба на нафта што беше дел од договорот постигнат меѓу Каракас и Вашингтон минатиот месец, изјави американски функционер.
Последните 200 милиони долари од продажбата се испратени во Венецуела, изјави функционерот, зборувајќи под услов да остане анонимен.
Договорот дојде откако венецуелскиот претседател Николас Мадуро беше заробен во американска воена операција на 3 јануари.
„Венецуела официјално ги прими сите 500 милиони долари од првичната продажба на венецуелска нафта“, рече функционерот.
Парите „се исплаќаат на венецуелскиот народ, во согласност со одлуката на американската влада“, рече функционерот.
Минатата недела, за време на сведочењето на Капитол Хил, државниот секретар Марко Рубио рече дека американското учество во продажбата на венецуелска нафта е краткорочен напор насочен кон стабилизирање на земјата, одржување на владата на површина и помагање на народот.

