Свет
Администрацијата на Трамп го поддржа предлогот наставниците да носат оружје

Белата куќа во неделата вечерта изнесе план со кој ги поддржува ригорозната обука на дел од училишниот персонал за ракување со оружје и зајакнатата контрола врз купувачите на оружје во САД, објавија американските медиуми.
Во планот не е изразена поддршка за зголемување на старосната граница за купување оружје, која претходно претседателот Доналд Трамп изјави дека ќе ја поддржи.
Предлогот на администрацијата на американскиот претседател, кој беше презентиран по повеќе од три недели по масакрот во училиштето на Флорида, вклучува план за формирање комисија на чело со министерот за образование, Бетси Девос. Комисијата ќе предложува финансирање програми за спречување насилство во училиштата и нема специфичен рок за објавување на резултатите од својата работа, иако официјалнен службеник рече дека рокот ќе изнесува 12 месеци.
„Планот што ние ќе го подготвиме ќе биде прагматичен и во насока на зголемување на безбедноста во училиштата“, изјави Девос.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Свет
Макрон беше нападнат дека претерува со Русија, тој одговори: „Дали овие луѓе следат вести?“

Францускиот претседател Емануел Макрон денеска зборуваше за безбедносните предизвици со кои се соочува Франција за време на посетата на идното седиште на Генералниот директорат за внатрешна безбедност.
Според „Монд“, Макрон одговорил на критиките од оние кои тврдат дека ја преувеличува заканата од Русија, велејќи дека „овие луѓе очигледно не ги следат вестите за Украина“.
Во полемика со лидерката на екстремната десница Марин Ле Пен, која го обвини дека го одвлекува вниманието од вистинскиот проблем – тероризмот, Макрон истакна дека фокусот не треба да биде на тоа која закана е поголема, туку како да се одговори на нив.
„Во време кога се менува светскиот баланс, кога она што го сметавме за сигурно исчезнува и она што се чинеше невозможно станува реалност, ние мора да ги браниме непоколебливите вредности на нашата република“, рече Макрон.
Во меѓувреме, Макрон се среќава со повеќе од 30 воени команданти од Европа и светот за да разговараат за создавање меѓународни сили за да се одврати идната руска агресија во случај на прекин на огнот во Украина.
Свет
Трамп: Ги удвојувам царините за Канада, еден ден ќе биде дел од САД

Американскиот претседател Доналд Трамп најави дека ќе ги удвои планираните царини за канадскиот челик и алуминиум од 25 на 50 отсто, што ја ескалира трговската војна со северниот сосед на САД.
Трамп вели дека зголемувањето на тарифите што ќе стапи на сила во среда е одговор на зголемувањето на тарифите наметнато од провинциската влада на Онтарио за електричната енергија продадена на Соединетите држави.
„Му наложив на мојот секретар за трговија да додаде дополнителни царини од 25 на 50 отсто, за целиот челик и алуминиум што доаѓаат во САД од Канада, една од нациите со највисоки тарифи во светот“, објави Трамп на својата мрежа Truth Social.
„Единственото нешто што би имало смисла е Канада да стане нашата сакана 51-та држава. Тоа целосно ќе ги елиминира сите царини и сè друго. На Канаѓаните би им бидат значително намалени даноците, би биле побезбедни од кога било досега, нема да има повеќе проблеми на северната граница, а најголемата и најмоќната нација во светот би била поголема, подобра и посилна од кога било“, напиша Трамп.
„Вештачката линија на поделба нацртана пред толку многу години конечно ќе исчезне, а ние ќе ја имаме најбезбедната и најубавата нација насекаде во светот – и вашата брилијантна химна, „О Канада“, ќе продолжи да свири, но ќе претставува голеема и моќна федерална држава во најдобрата нација што светот некогаш ја видел!“ напиша Трамп.
Премиерот на Онтарио, Даг Форд рече дека покраината нема да отстапи откако американскиот претседател Доналд Трамп најави удвојување на тарифите како одговор на извозниот данок на електрична енергија од Онтарио од 25 отсто.
Тој потврди дека може целосно да ја прекине струјата што доаѓа од таа канадска провинција во САД.
Свет
Русиja: Бројот на загинати во украинскиот напад се искачи на пет лица

Бројот на загинати во украинскиот напад во руската област Курск се искачи на пет, изјави денеска локалниот гувернер.
Александар Хинштајн претходно објави дека три лица се убиени, а девет се ранети по удар во трговски центар во селото Белаја.
Претходно, руското Министерство за одбрана објави дека нејзината противвоздушна одбрана соборила 337 украински беспилотни летала, што се смета за најголем напад со украински беспилотни летала врз Русија во последните три години.
Најмногу беспилотни летала, 126, биле соборени над областа Курск, додека 91 биле соборени во регионот на Москва.