Свет
Азија со милијарда огномети ја дочека годината на свињата
Азија ја дочека лунарната година на свињата со посети на храмовите, семејни банкети и најголемото патување во светот. Прославите се одржаа низ целиот регион, од Пекинг и Сеул до Ханој и Сингапур.
Улиците во Пекинг и другите големи кинески градови беа тивки и празни откако милиони луѓе заминаа за да ги посетат своите роднини или да патуваат во странство за време на најголемиот годишен одмор на семејството.
Семејствата се собраа дома на повеќегенерациски банкети. Компаниите, продавниците и владините канцеларии се затворени за официјални празници, кои траат од два дена во Јужна Кореја до една недела во Кина. Кинеското Министерство за железници предвидува дека патниците на копно ќе остварат 413 милиони патувања во тринеделниот период околу празниците.

Верниците со часови стоеја во ред во хонгконшкиот храм Вонг Таи Син за да ја пречекаат новата година со осветување со темјан.
Лана Вонг, истакната актерка од Хонгконг, носеше костим на свиња за настанот.
„Мојата прва желба е за светски мир”, рече Вонг. „Секој има храна за јадење, вработување и куќи за живеење. Старите лица исто така се надеваат дека владата подобро ќе се грижи за нив”.
Во Пекинг изведувачите во традиционални носии на династијата Кинг на изгрејсонце изведуваа жртвен обред во храмскиот парк на кинескиот главен град .
Исто така настапија и акробати и тапанари. Продавачите продаваа играчки со британскиот цртан лик Пепа Пиг, кој ужива голема популарност за годината на свињата.
Кинезите ја прославија новата година со милијарда огномети. Во вторникот, во експлозија во нелегална продавница за огномет во јужна Кина загинаа пет лица. Инспекторите велат дека била предизвикана од огнометот кој го започнал продавачот пред продавницата.

Во Бангкок луѓето палеаа мирисни стапчиња и гореа хартиени пари и други симболични понуди за починатите роднини, и покрај тоа што властите апелираа да не го прават тоа поради смогот.Во главниот град на Северна Кореја, Пјонгјанг, посетителите оставија букети цвеќе на статуите на поранешните лидери Ким Ил-сунг и неговиот син, Ким Џонг-ил.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Свет
(Видео) Иран се подготвува за војна
Додека Соединетите Американски Држави продолжуваат со значително засилување на военото присуство на Блискиот Исток, Иран презема чекори за да ја демонстрира својата подготвеност за можен конфликт, вклучително со зајакнување на нуклеарните постројки и обновување на фабриките за ракети.
Иранските и американските преговарачи во вторник одржаа индиректни разговори во Женева, кои траеја три и пол часа, но не резултираа со конкретно решение. Иранскиот преговарач Абас Арагчи изјави дека е постигнат договор за „водечките принципи“, додека американскиот потпретседател Џ. Д. Венс рече дека Иран не ги разбира „црвените линии“ поставени од претседателот Доналд Трамп.
Сателитските снимки покажуваат дека Иран активно ги зајакнува своите воени бази и нуклеарни објекти. Во текот на последните месеци беа обновени клучни ракетни објекти, воздухопловни бази и фабрики за цврсто гориво, а повеќе нуклеарни постројки се покриваат со бетон и земја за да бидат заштитени од евентуални воздушни напади.
Satellite images show Iran building concrete shields over a sensitive military site, fortifying entrances at a location reportedly bombed by Israel in 2024 near Natanz amid tensions with the US.
Read more: https://t.co/XTuPAmV7CI pic.twitter.com/hGlv7rCEeC
— Al Arabiya English (@AlArabiya_Eng) February 18, 2026
Иран, исто така, го зајакна управувањето со воената структура, формирајќи нов Комитет за одбрана и назначувајќи воени ветерани на важни позиции, додека внатрешните протести беа брутално задушени.
Во меѓувреме, земјата одржа поморски воени вежби и демонстрации на моќ, вклучувајќи затворање делови од Ормутскиот теснец и заеднички операции со Русија, испраќајќи порака дека евентуална војна со САД би била тешка и скапа.
Експертите предупредуваат дека Иран брзо ги обновува своите ракетни и нуклеарни програми и дека конфликтот би бил комплициран и со висок ризик за сите страни.
Регион
По протестот на опозицијата во Тирана, 17 лица се уапсени, а 35 под истрага
17 лица се уапсени, а против 35 се води истрага на слобода, по протестот на албанската опозиција во Тирана кој ескалираше во тензии и судири со безбедносните сили, јави RTSH.
Инцидентите започнале кога дел од демонстрантите се судриле со полицијата во близина на кабинетот на премиерот Еди Рама. Според информациите, кон зградата биле фрлани молотови коктели.
Полицијата интервенирала со солзавец за да ја растера толпата. Подоцна протестот се префрлил кон зградата на парламентот, каде што биле регистрирани нови инциденти и фрлање запаливи средства, по што следувала нова полициска интервенција.
Во судирите се повредени повеќе лица, кои се пренесени во болница.
Од полицијата информираат дека протестот не бил претходно одобрен, наведувајќи дека имало информации за можни насилства, имајќи ги предвид претходните инциденти.
Демонстрантите побараа оставка од владата по обвинувањата за корупција против вицепремиерката Белинда Балуку.
Свет
Фицо ѝ се закани на Украина: Ако не добиеме нафта до понеделник, ќе ви ја исклучиме струјата
Словачкиот премиер, Роберт Фицо, упати ултиматум до Киев, со кој најавува дека Словачка ќе ги прекине итните испораки електрична енергија за Украина ако до понеделник не се обнови транзитот на нафта кон земјата. Со ова се дополнително заоструваат веќе напнатите односи меѓу двете држави.
„Ако украинскиот претседател до понеделник не го обнови снабдувањето со нафта за Словачка, истиот ден ќе побарам од надлежните словачки компании да ги запрат итните испораки електрична енергија за Украина“, изјави Фицо.
Тој го обвини украинскиот претседател Володимир Зеленски дека се однесува злонамерно кон Братислава и дека не го цени мировниот пристап на Словачка. Фицо истакна дека Украина најпрво ја запрела испораката на гас, што, според него, предизвикало штета од 500 милиони евра годишно, а потоа и испораката на нафта, создавајќи дополнителни економски и логистички проблеми.
Премиерот нагласи дека Словачка од почетокот на војната ѝ помага на Украина, прифаќајќи околу 180.000 украински државјани, обезбедувајќи хуманитарна помош и организирајќи заеднички состаноци на владите.
„Словачка прави многу повеќе од некои други земји“, рече Фицо.
Тој додаде дека односите не можат да бидат еднострана улица и дека Словачка како суверена и горда држава не може да прифати однос од кој единствено Украина има корист.

